Дали Господ казнува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
А како ги казнува?
 
Казната Божја нетреба да се разбере како Божја одмазда кон грешникот. Бог ги уредува работите така, да она кое се чини како сурова казна кон грешникот, со тек од време се пренасочува во добар завршеток за истиот (за грешникот). Така, казната го насочува поединецот кон преумување и кон самоосознавање на своите грешки и пренасочување на однесувањето од грешникот кон поправање на своето (неговото) однесување.
Божјата „казна„ може да се изрази во распон од најслабата до најсилната, односно од стек од околности кои на грешникот/верникот не му дозоволуваат да реализира одредена намера (која тој самиот можеби ја смета за добра) па се до допуштање на тешки болести, кои во рпавославието се нарекуваат „Божја посета„. Преку болеста, грешнкот самиот ја осознава својата немоќ во изнаоѓањето лек за болеста па откако ќе ги испроба сите достапни лекари и лекарства, (за гатачите и бајачите да не зборувам) не му преостанува друго туку да се обрати и до својот Творец. За жал, многу чести се случаите кога Творецот, како лек за болеста, го бараме откако се друго сме испробале и дошле до заклучок дека таму не е чарето за болеста.
„Казната„ може да се состои и од допуштање на помали или поголеми бељи кон грешникот, кои го спречуваат да направи уште поголемо зло или кон сам себе или кон другите и околината.
Конечниот суд Христов за дел од родот човечки навистина ќе биде и казна, но праведна, оти Бог не суди неправедно туку според верата и делата кои ги чиниме во текот од својот живот, а не според тоа дали на Творецот му се допаѓаме или не.
 
Мики1,кажи ми како Христијанството го третира гревот и дали Хитлер ќе биде казнет што наредил да се погубат неколку милиони луѓе,а од друга страна се покајал за сторениот грев.Значи ќе има или ќе нема казна за него?
 
Хитлер ќе биде суден без порота, без кауција и можност за намалување т.е ублажување на казната ќе гори во пеколот.... евентуално.
 
Ај вака.
Поимот „грев„ значи „промашуање„ т.е. погазување на некоја од Божјите заповеди. А промашена е целта затоа што не е исполнета волјата Божја туку оној кој греши, ја исполнува СВОЈАТА волја и намера, која е спротивна на Божјата.
За Хитлер и за слични на него, многу е дискутирано во православието. Не е познато дека Хитлер се покајал, барем колку ми е мене познато. А не се покајал ни Сталин ни Нерон ни Диоклецијан ни Домцијан, кои ги касапеа првите христијани. Ако е точно, Хитлер се самоубил па сам на себе си си додал уше еден грев:убиството т.е. самоубиството. Во православието, самоубиството е опасенгрев оти после смртта која сам си ја нанесол, самоубиецто НЕМА ВРЕМЕ за покајание. Неговото лоично време ИСТЕКЛО.Убицетот пак, може да се покае, но тоа да не биде формално туку искрено.
Да се вратам на Хитлер. На Хитлер и на нему сличните, а и на сите нас, ќе ни суди Бог. Само Бог казнува и милува.
Според мене, Хитлер и поседно и непосрдно има напрваено невидени гревови против родот човечи па сигурно е дека ќе биде казнет. Но да причекаме Богда одреди а не јас.

П.С: Моето размислување е следното: што и како може да го „испере„ оној кој ја фрли атомската бомба во Хирошима? Што треба да направи, како и коклу да се покае бомбашот за да мже да најде милост пред лицето Божјо? Јас НЕЗНАМ!
П.П.С. Еден од Светите се молел кај Бога и за Хилтер и за Сталин...
 
Многу убаво размислуваш нема што.Но,мене поентата мие како Христијанството гледа на оние криминалци,убијци,итн.,кои направиле страотни грозоморни нешта,а пред нивната смрт се покајале за тоа,дали се измиле од гревовите или не?

П.С. Овој пат ќе те замолам со Библиски цитати.Нема потреба од слободна интерпретација.
 
Ај еве и цитати:
„..Ако си Бог, спаси се и себеси и нас..„ му вели распнатиот разбојник на распнатиот Христос. А другиот распнат разбојник, распнат лево од Христа, му вели на распнатиот Христос: „..сети се на мене Господи кога ќе влезеш во своето Царство...„ А распнатиот Христос му вели на вториов разбојник:„ Вистина ти велам, уште денес заедно се Мене ќе бидеш во Рајот...„
Ова Божјо проштевање на гревот од разбојникот може да биде и во контекст на твоето претходно прашање.
А криминалците и убијците, ако не се покајат, ако не се поправат и ако не ги покријат своите беззаконија со голема „количина„ добри дела, казната не им гине. А гневот Божји е неподнослив.
 
Достоевски рекол дека пеколот е вечно соочување не со нашите дела туку со болката и последиците кои што тие ги имале врз другите.
Врз основа на ова изгледа дека нема да се спасат само оние кои не сакаат да се спасат. Искреното покајание носи мир и кроткост во душата. Кој ќе им објасни на егоистите кои упорно се држат до своите ставови дека тоа е нешто добро...
 
Па, Бог казнувал уште од самиот почеток на човештвото. На сите тие пати се покајувал и му давал втора шанса, надевајќи се во добрината и љубовта на луѓето. (Ноа)
Зошто паѓаме? - За да научиме да станиме.
 
ако некој усере ќе има последици незнам зашто би го мешале бога во ова. а ако зборуваме за пеколот како казна, па неверувам никој не се вратил да ни каже не прајте лошо its hot in here!
 
:vozbud:Ај малку да влезам во филмот на верниците....
Од кај знаете дека пеколот е лошо место, можда ве лажат.
Па нели се спрема епската битка на небото помеѓу "доброто и лошото", за таа битка требаат војници, секоја страна си регрутира свои.
Зар мислите дека едната страна ќе ги измачува своите поданици, не, ќе им ги пружи сите задоволства, за битка треба мотивирана војска.
:vozbud:Ова...само влегов во филм...:vozbud:
 
Не не казнува ние тоа сами си го правиме...не прави им го тоа што не сакаш да ти го прават..нормално нема шанси ние да не сме направиле нешто лошо и едноставно тоа ни се враќа значи Господ не не казнува тоа ни се само последици од нашите постапки...
 
Не прави го на други она што несакаш тие да ти го прават..
Значи, ако господ казнува, тогаш сака да биде казнет...нели?
 
Не прави го на други она што несакаш тие да ти го прават..
Значи, ако господ казнува, тогаш сака да биде казнет...нели?

Кажав јасно дека мислам дека Господ не казнува..Дека самите ние си го правиме тоа....
 
Не прави го на други она што несакаш тие да ти го прават..
Значи, ако господ казнува, тогаш сака да биде казнет...нели?

Интересно... па на некој начин да, несвесно но да. Сум размислувал какви глупости сум правел порано, како несвесно но стварно да сум сакал да добијам по муцка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom