Дали Господ казнува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Brat ajde ne zamaraj so takvi gluposti, nemozes ti da go negiras postoenjeto na Boga, a uporno da se rasprasuvas za Nego i Negovite dela.poz. Ima i mnogu drugi povazni prasanja za obrabotka.

Не ми е поентата да ширам атеизам ..:nesvest: Никако да сватете ...

Целта ми е да видам зашо мислеш дека Бог те казнува или наградува , на кој начин , дали го осеќаш тоа , капиш ?
пример , знам луѓе кои велат дека грижата на совест е начинот на кој Бог им збори дека се криви , а знаеме кое чуство е тоа , вината ..И дека нема ништо вонземско во тоа ..

а за другите и поважни прашања , паа ... давајте одговори ...
 
Дожд врне, сонцето грее и за ЗЛИТЕ и за ДОБРИТЕ

прекрасни зборови, Бог на сите ни дал толку многу благослови, и за сите ги дал подеднакво искрени и подеднакво чисти,како мирисот на цвеќето во пролет, нежниот ветер кој искрено ни ја милува душата, чистиот образ на сакан човек, на нас останува тоа колку срцето ќе знае да благодари за секој благослов,и со секој грев човекот се казнува себеси, името на Бог е за љубов, милост и простување:sun:.
 
Па мислим дека не сето тоа е несреќа повеќе дава ...
А КАЗНАТА ДОАЃА ПОСЛЕ СМРТА... (во зависност од ... )
 
Дали Господ казнува?! -кратко и јасно не!
за се сме си виновни самите ние и никој друг. било нешто лошо или добро да ни се случи. тоа е како да се одбиваат на нас сите работи што ние ќе ги сториме -тоа е мое мислење
 
Kaznata ne stiga direktno od Boga, a samo e po negovo dopustanje, Bog nemoze da kaznuva tuku samo da ispiuuva. Covekot sekogas e vinoven za svojata padnata polozba, vo koj se naoga, a vinata ja snosi samiot i nema potreba da obvinuvame nekoj drug koga na nas nesto ne ni e po kef. Bog vrli:
Jas sum patot a vie ne odite po Mene,
Jas sum ucitel, a vie ne Me slusate,
Jas sum lubov a vie ne se lubite,
Jas sum nadez a vie ne se nadevate vo Mene,
Jas sum vistinata, a vie ne veruvate.
No koga vi e tesko ne obvinuvajte me!
 
Која е всушност поентата на казнувањето од Бог ?

На кој начин тој казнува ?

Земи го овој пример. Во раката држиш јајце. Го пушташ и тоа се смачкува на земја. Дали е тоа Божја казна за јацето, никогаш да не се роди живот од него?

Ако ти е познат законот за гравитација, нема да зборуваш за злосторство и казна туку за последица од непочитување на тој закон.

Не само во физиката, туку и во духовното постојат закони кои, кога ќе бидат прекршени, носат последици. Самиот го потврдуваш тоа:

Постојат морални вредности, чувството за морал е вродено.

Основните морални вредности се универзални, неменливи и цврсти до ниво колку што е цврст законот за гравитација. Токму затоа, основата на моралот во сите религии е една иста. Спореди го учењето на Исус од Новиот Завет со Осумкратниот Благороден Пат на будистите. Моралните вредности, етичките закони кои поединец мора да ги почитува за да постигне просветление во будизмот се до влакно истите закони што човек мора да ги почитува за да постигне просветление во христијанството.

Последицата од непочитувањето на овие закони е чувството на внатрешен немир, збунетост, нејасни мисли. Она што во будизмот се нарекува самсара, а што Исус го нарекува “огнената геена“. Последицата од целосно почитување на овие закони е чувството на совршена среќа, она што Буда го нарекува нирвана, а Исус - Царството Божје. Дека овие закони важат за секого, без разлика на која религија и припаѓа, или воопшто не верува, потврдуваш и ти:

Тоа што ние го чуствуваме како вина е емоција , истото важи и за љубовта и за другите емоции . Тие си се природна појава , нешто што е најразвиено кај нас луѓето , за разлика од другите животни ( и они имаат емоции ) ..

Поенатата на сето ова ми е , дека грижата на совест, каењето , чуството на вина , не треба да го тражиме во некоја виша сила , туку во самите себе . барем така е со мене , ако јас згрешам , се чуствувам крив и обратно за добро дело , се чуствувам одлично . Тоа не доаѓа од “горе “...

Тоа не доаѓа од “горе“ - туку однатре, слободно речи така ако сакаш. Со една забелешка: Фројд го нарекува истото “супер-его“, т.е. нешто што е над индивидуата. Различните религии го нарекуваат различно, но она што е битно, е дека, макар да доаѓа “однатре“, тоа сепак доаѓа и однадвор, од вечното, од еден универзален и неменлив закон, поставен од истиот Законодавец кој го поставил и законот за гравитација.
 
Ова дека е поставено од Законодавецот само ме чеша ..:nesum:

Според тебе се е создадено до Бог , според мене се е дело на природата и еволуцијата .. кој знае , можда и двајцата грешиме , можда и е нешто трето ..:toe:


ме интересираше , ако Бог постои , зашо дозволува земјотреси , вулкани , метеори итн, инт .. само немој со претпознатлив одговор : Тоа е неговата воља .. така ништо не правиме ..

Според мене сето тоа е реакција предизвикана од милион други причини и акции , а човекот страда пошто сличајно се нашол на тоа место ..
 
а кој ја создал природата земјотресите се за да се види слабоста наша во верата
 
Ова дека е поставено од Законодавецот само ме чеша ..

Можеш да го наречеш тоа Бог или не; она што е битно е - да си го поставиш прашањето: откаде потекнуваат неменливите закони што владеат во природата, законите кои биле предуслов за да настане Биг Бенг, црните дупки во вслената, двогрбите камили во Сахара и снегот на Попова Шапка.
 
а кој ја создал природата земјотресите се за да се види слабоста наша во верата

леле со овие одговори ...

Земјотрес во турција , 2000 загинати , цунами во индонезија 10.000 загинати .. вака се тестира вера ?

Со тоа што ќе одземаш животи ?
Па одличен Бог имаш ...
 
Можеш да го наречеш тоа Бог или не; она што е битно е - да си го поставиш прашањето: откаде потекнуваат неменливите закони што владеат во природата, законите кои биле предуслов за да настане Биг Бенг, црните дупки во вслената, двогрбите камили во Сахара и снегот на Попова Шапка.


е за ова немам одговор и не верувам дека некој и има ...

можеби и ќе го дознаеме одговорот , али за сега не постои .
Постојат теории : еволуција , Бог , природа и случајност итн... али конечен одговор нема .

Можеме само да шпекулираме од каде идеме , кој не создал , зашо постоеме , која е нашата цел .. али за жал одговор нема да имаме ...
 
братче која религија и каква вера имаат тие дрзави
 
братче која религија и каква вера имаат тие дрзави


Ете , гледаш што мислам кога велем дека имаш затворен ум ...

Во Македонија нема ли земјотреси , во Европа и Америка нема ли ?

Или целта ти е да си ја декларираш твојата религија како единствена , вистинска и супериорна , а всушност таа е иста како и другите ...

не , не оти во тие земји се муслимани , во жртвите има и христијани ... аман сите ли бе имате вакви ставови .. МИКИ1 , ти , Чорбаџија , симеон итн... не за друго , не се однесувате вака како христијани ..
 
добро а ти што си по вера
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom