Дали го одобруваме штрајкот организиран од СОНК?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Денес утрово пред 20минути забележав кола од Локалната Самоуправа - Прилеп кај поаѓа кон Електро Машинскиот Училишен Центар да го изврши пред финалниот притисок т.е. оние кои штрајкуваат да се запишат уште еднаш по име и презиме па да се изврши нивна замена.

Тој вели дека некаде за притисоци се користат и вработени во локалната администрација, а состојбата е екстремно наелектризирана во Прилеп, каде што се подготвува фингиран протест пред општината за незадоволството на родителите да биде насочено кон организаторите на штрајкот. Првиот човек на СОНК не верува дека штрајкот ќе може да се скрши политички. Карикирано, тој забележа дека веднаш ќе го завршат штрајкот ако ги добијат платите во висина што за манипулативни цели пред јавноста ги пласира власта.
 
Го подржувам штрајкот на просветарите затоа што мислам дека не е во ред да не им се даде она што им беше загарантирано. Не може никој да им е крив на владата за штрајкот ,затоа што самата наседна на своите рекламирања за висок буџет и покачување на платите на административците.
 
Гледам дека на некои луге некои работи не им се јасни...
Поточно јасни им се ама се праат на Тошо..
Значи штрајкот е за да им се даде она што е претходно договорено !!!
Што сега се мешаат други работи и се дисквалификуваат тие луге како незналици ,паразити, пијаници .. ВТФ !? Мислам стварно се претерува..
Малце ли е што ги слушам Латас,Јанко и Миленко како перат мозок па сега и тука ли да глеам некој да ми кажува нешто што нема врска со причините за штрајкот..
Алооо доста веке со перење мозок..:helou:
 
voopshto ne go opravduvam sega radi niv nie uchenicive ke stradame ke ojme na shkola sabota mislam deka trebit i nie kontrashtrajk da napravime z's nas ke ni kratet od rapustot i od vikendite :tapp:
 
voopshto ne go opravduvam sega radi niv nie uchenicive ke stradame ke ojme na shkola sabota mislam deka trebit i nie kontrashtrajk da napravime z's nas ke ni kratet od rapustot i od vikendite :tapp:

Ќе ви го кратет ко немет владана во главата.Шчо мислеа кога ветувет на предвремените избори а сега дојде дел од фактурата за плаќање. :tv:
 
Главен извисен излезе Дојчин Цветановски кој ДПМНЕ го фалеше на последните избори а по него сите работници и работнички права.

Преродбата продолжува :helou:

Главен извисен си остана само во сдсм врхушката ..оти и овојпат ја „утнаа„ , со предизвикување немири во државата..за да се доберат (по секоја цена) до изгубената им власт..а без која се ...како риба на суво (грло) ..хехехехе..
:toe:
 
лав...не е СДСМ на тапет не е СДСМ на власт не е Дојчин Цветановски човек од СДСМ...него од ДПМНЕ...забораваш во кого се крстевте пред изборите и со кого ДПМНЕ се фалеше? Знаеш и сам само немаш газ да признаеш дека ДПМНЕ маестрално издрибла нивен човек.И колку за твоја информација не ја утнале СДСМ него ДПМНЕ и згора на се 11 училишта под притисок работеле а другите 2 дена во Штрајк!
 
Главен извисен си остана само во сдсм врхушката ..оти и овојпат ја „утнаа„ , со предизвикување немири во државата..за да се доберат (по секоја цена) до изгубената им власт..а без која се ...како риба на суво (грло) ..хехехехе..
:toe:

Штрајкот е загарантирано право со член 38 во Уставот на Република Македонија.

Штрајкот значи демократско изразување на незадоволство....а НЕ НЕМИРИ:nesvest:
 
Комуњарска работа,абе ти реален ништо не разбираш...сега ќе ти кажам за што се работи :

СДСМ ја кодоши владата
СДСМ му става сопки на Грујо
СДСМ им го пере мозокот на граѓаните заедно со Фрчковски
СДСМ го поткупи Дојчин Цветановски со парите украдени од Б.Ц.
СДСМ ги уценува градоначалниците на ДПМНЕ
СДСМ им се заканува на професорите и директорите преку СОНК
и конечно СДСМ ја блокира работата на преродбата со сите овие допирни точки се со цел да го направи Грујо неспособен.
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]80 илјади евра дневно за плашење на учителите[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Владата не кажува колку чини објавувањето на соопштението со кое сака да го задуши штрајкот во образованието, иако за тоа се трошат буџетски пари, а телевизиите, освен Сител кој објавува гратис, одговараат дека цената е деловна тајна[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Од неделата Владата откупува рекламен простор на трите национални телевизии А1, Сител и Канал 5 и кај неколку дневни весници за да ги информира граѓаните зошто е неоправдан штрајкот во образованието, науката и културата. Владата соопштува дека штрајкот се одвива во услови на најголема економска криза во светот, дека платите во образованието за три години пораснале за 44,6 отсто и дека училиштата кои нема да изведуваат настава ќе бидат казнети со 3000 евра, а против наставниците и директорите кои неоправдано ќе штрајкуваат ќе се поведат дисциплински постапки.
"Вест" вчера побара информација од портпаролот на Владата, од кабинетот на потпретседателот на Владата Зоран Ставрески, како и од Министерството за образование и Министерството за финансии колку пари се потребни за исполнување на барањата на просветарите и колку пари дневно чини закупувањето на рекламниот простор за соопштението.
Само Министерството за финансии одговори дека "за барањето на СОНК во Буџетотот за 2009 би требало да се издвојат 20 милиони евра". За тоа колку пари чини објавувањето на соопштението на Владата, Финансии не преупати да побараме одговор во Владата. Од таму немаше одговор. Како од ниту една од другите институции.
Соопштението на Владата се емитува пред ударните вести на телевизиите. Во Канал 5 телевизија велат дека во неделата прв пат се емитувало соопштението, во траење од 6 минути. Имало две објави дневно, и според медиа планот, бил закупен простор за емитување заклучно со денеска. Според официјалниот ценовник на Канал 5, една секунда рекламен простор пред вестите во 17 часот чини 100 евра, а пред вестите во 19,30 часот - 95 евра. Ако има по две емитувања дневно, за 360 секунди тоа се 70.200 евра по редовен ценовник. За среда биле договорени три емитувања. Од телевизијата велат дека е деловна тајна по која цена било договорено конкретното огласување, но "далеку од тоа дека станува збор за голем попуст".
Во А1 телевизија велат дека соопштението на Владата не оди по редовната цена што ја има во ценовникот за рекламирање, туку поради должината на соопштението, тоа оди по цена за комерцијални презентации и репортажи, или 1.700 денари по минута. Пресметано, тоа е околу 300 евра дневно. Инаку, редовната цена за огласување пред вестите во 19 часот на А1 телевизија изнесува 100 евра по секунда.
Во Сител телевизија одговорија: "Соопштението на Владата го емитуваме гратис". Оваа телевизија нема јавно објавен ценовник за рекламниот простор.
Во печатените медиуми една страница рекламен простор чини од 500 до 600 евра. Соопштението на Владата оди во неколку дневни весници.
А.Салтировска

***

Не тужете, кажете ја сумата

Бидејќи Владата се почесто се заканува со тужби, "Вест" и вчера како и за сите претходи текстови, инсистираше од сите релевантни институции да добие прецизен одговор колку чини комерцијалниот оглас со кој Владата објаснува зошто просветарите не треба да штрајкуваат. Одговор не добивме.
Бидејќи не се знае на која сума се фактурите за плаќање на рекламниот простор, не се знае ниту колку ДДВ по оваа основа треба да платат телевизиите.
Кога министерот за финансии Трајко Славески го презентираше Буџетот за 2009 година, новинарите во два наврати го прашаа колку пари од него се одвоени за рекламирање. И во двата наврати Славески одговори дека "ни должи одговор".

***
СОНК ќе бара оставка од министерот Перо Стојановски

Вонредна седница вчера вечерта беше закажана на Советот на СОНК. Според првичните информации, синдикалците ќе бараат оставка на министерот за образование Перо Стојановски.
"Ние мора соодветно да реагираме. Министерот Стојановски не може со закани да го крои образованието", рече Дојчин Цветановски, претседател на СОНК. Штрајкот на СОНК продолжува се до исполнување на барањата. Синдикатот бара потпишување на колективни договори, дефинирање на надоместокот за хранарина и превоз и трансформација на работниот однос на наставниците од определено на неопределено време.

Извор -ВЕСТ

[/FONT]
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Владата соопштува дека штрајкот се одвива во услови на најголема економска криза во светот[/FONT]

Интересно...вака ли нема да се одрази економската криза кај нас?Е не е ли сега да го акне Груевски некој со нешто по тоа карикатурата од сурат?
 
Ух веќе пишав на другата тема за штрајкот, али ај и тука
Го поддржувам штрајкот (ваму кај нас на факултет се учи) затоа што овие на телевизија зборат глупости дека им ја зголемиле платата за 40 и кусур проценти, а нема врска, само 10% кои не се ни осеќаат, а сега сакаат да им ги укинат храната и патните на професориве. Безвеза
 
Не го поддржувам штрајкот кратко и јасно.
 
Ух веќе пишав на другата тема за штрајкот, али ај и тука
Го поддржувам штрајкот (ваму кај нас на факултет се учи) затоа што овие на телевизија зборат глупости дека им ја зголемиле платата за 40 и кусур проценти, а нема врска, само 10% кои не се ни осеќаат, а сега сакаат да им ги укинат храната и патните на професориве. Безвеза

Полн погодок постов.Значи како што потенцирав претходно, не се работи за поголеми плати и слично него за доприносите и поради примањата што министерството ги зема од хранарината и превозот, наместо тие пари да се исплатат на оние кои им треба храна и патни трошоци владата ги собира и троши парите на популистички кампањи од типот на "I bebinjata ke rabotat kako Gruevski".
 
си бараат луѓето правата. Дозволено им е . кој што смета поинаку е штрајкбрејкер и недемократ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom