Брат не е ферски - и јас сум работел како келнер, и мој другар работи како келнер, и со скоро сите келнери во мојот град сум пријател...
Знам колку пари се земаат и во Скопје и секаде.
Имам и пријатели професори од друга страна - некои вработени, некои невработени. И тие знам горе-долу колку земаат.
Немам ништо против келнерите

Да се разбереме.
Ги земав случајно за пример поради тоа што знам колку пари се зема од келнерство
И сега јас сум се мачел 5 години (1 квадрат) за да завршам некој факултет кој знае каде, моите дома вложиле во тоа многу многу пари и каде што:
- сум се нервирал,
- сум гладувал,
- сум се шверцувал по автобуси и сум бегал од контролори, понекогаш ме факале па сум се расправал... мислам дека немам платено
-
сум немал кај да спијам и поради тоа сум пренокувал во
интернет кафеа, (ај за секунда престани да читаш и замисли како изгледа да немаш кај да преспиеш)
- сум поминал цел декември месец без винтијага поради тоа што ми ја украле, па сум се тресел на граница саат време надвор како пингвин, поради тоа што целиот автобус беше претресуван детално поради закана за бомбашки напади во Турција (а студирав во Бугарија).
- ми украдоа исто и мобилен и
уште една винтијага
- сум имал неколку расправии со глупави таксисти - пирати (оние што сакаат да те ограбат)
- сум трпел наркомани и слични гнаси
- и други работи....
...и на крајот да земам иста плата со некој што си ги оптегал дома нозете пред телевизорот за целото тоа време. Значи тоа е фер.
Некој од вас има ли морални вредности, или барем малку свест?
Немојте да ми зборувате сега за малку да капе, многу да тече или слично.
Како што кажав.
Поради ОВА младите образовани кадри ја напуштаат државата.