Дали го одобруваме штрајкот организиран од СОНК?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Напишав и погоре, ама ке објаснам.После завршување на наставата, сите заедно, нека штрајкуваат со масовно одење по улиците, со пароли, со запознавање на јавноста со проблемите, со постојани барања за договор.Нека седат пред Влада, по 12 саата, .

Аха,финиот метод.

И тоа е прекрасно,и тоа е навистина општествено оправдано и тоа е џентлментскиот начин на решавање на проблемот.
Но,клучниот дел допрва доаѓа : тоа е така во теорија.

Да видиме како стојат работите во пракса?
Синдикалците,колку време чекаа пред Влада?
3 месеци?
6 месеци?
9 месеци?


Тоа беше џентлменскиот пристап.
Но за тој да успее,ти треба да имаш и џентлменска опозитна страна (во овој случај Владата и министрите),за они да речат : Еј штрајк,ајде да ги согледаме нивните барања и да постигнеме договор.

А ако тоа се случи,ќе нема ни потреба од штрајк,бидејќи уште од порано они ќе му кажеле на Дојчин,слушај убаво ни викаш ти,дај да седнеме и ко луѓе да збориме и преговараме.
Но,тоа се случи?
Не.
Заклучок?
Владата не е џентлменска

Значи,работата е проблемот да се направи итен,да се изврши притисок врз Владата и да се седне да се збори за истото (бидејќи знаеме дека инаку нема тоа да се случи,нели?:wink:)
Припазете,ова ви е само за начинот на штрајкот,а не збориме дали е оправдан или не.
Ама ако,секогаш е лесно да се решаваат проблеми од страна,вака лежерно нели:wink:

Џени,ти реков,следен пост од тебе,очекувам податоци,за да го склопиме статистичкиот модел.

А за професорката,само ќе кажам дека нејзиниот принцип на вреднување на работата е економски погрешен,бидејќи постојат два склопа на активности,ментални и физички.
Потоа да,постои вреднување според времето на работа,но само за исти професии (во превод,споредуваш двајца доктори,споредуваш двајца дизајнери итн.)
Сакате хипотетички да ви доловам зашто не може да биде како што вие тврдите?

Бидејќи Бекам зема 2 милиона од 15 секунди реклама.
15 секунди еј!
Парис Хилтон кешира по 500.000 долари од посета на забава (да,и плаќаат да оди на журки,бизарно но вистинито).
Значи таа за 5 саати пијанење,добива по 100.000 долари од саат.

Е сега,ако е така како што викате,работникот према нив би требало да зима 1.200.000 долари,бидејќи он работи 12 саати,и тоа физички потешка работа.
Сфаќате сега?

Добро,најверојатно увидовте,но сеуште не знаете зашто.
Тоа се вика талент.
Во горните случаи,тоа е веќе екстремен талент,но секој од нас има талент да работи нешто,и тој талент е рентабилен (во превод,природата ни го дава,и ние си го наплаќаме,случајот на фацата на Бекам) а во други случаи и надградуван (докторот,кој 8 години потрошил за да може да го работи тоа што го сака).

Рентабилноста и надградуваноста (потрошеното време) се стапки кои го одредуваат доходот на индивидуата.

Од тој принцип,не може да се споредува професор со бармен,ниту пак со Бекам.

А во склопот на активности во нивното работно време,ќе го земам примерот со маркетинг креативен тим во компанија.
Индивидуите во него,работат 8 саати и вршат истражувања и даваат идеи,а координаторот само ги собира,и ги слуша.
Значи,многу повеќе ментална активност од нив.
Но,он добива повеќе плата од нив.
Зашто,бидејќи според вашите модели тоа не би било правилно.

Тој има способност за концептуализација,односно од тие идеи,да реши што е најдобро за пазарот и продуктот,и сето тоа да го вметне во една поголема.
И затоа тој е повеќе платен.


Професорите имаат нерви,едукација и способност за едуцирање (сепак,не го може секој),и затоа банално е да споредувате на база чисто при работно време и физичка активност.

А реков,за решавање од страна проблеми и генијални идеи,први сте :)
 
Ами дали Трајко одреди 1.5 милјарди евра за плати и придонеси во администрацијата.Тој не кажа при тоа дали тие пари ќе им ги даде на административците кој работат 24/7 или оние кој работат 2/5 часа во неделата.Едноставно толку пари се издвоени за административни плати и придонеси.За оној кој работи 12 или 24 часа во денот,ама во производствените дејности нема пари предвидени од буџет,и токму во тоа е разликата.Ако си професор,треба да ги разбереш колегите кој си бараат само мал дел од она што министерот Трајко Славевски ви определи како зафаќање од буџетот.Или ти си типичен партијски професор кој ја поддржува владата која ќе најави дека всушност парите што ги зема од народот за да оформи буџет,сите ви ги дава вам иако во реалноста тие пари се една третина од онаа за која сте оптоварени дека ја трошите?Јас мислам дека е посрамно доколку знам дека ти не земаш 1000 евра плата колку што владата вели дека земаш, ама се правиш на Тошо и се помируваш со судбината како главен корисник на огромен дел од буџетот иако тоа реално не си?Треба ли ние што не сме буџетски корисници да пцуеме по вас како главни виновници за огромните наметнати давачки од владата која создаде таков мегаломански административен буџет?:toe:
Види ABC, дали е точно дека платите се зголемени ,точно е,дали јас можам да се споредувам со некој кој е во медицината ,или администрацијата кога веќе ја спомена :toe:,тие работаат од 8 до 16 ,јас сум дома во 12 дали може ли да се спореди,не може ,мислам да го оставиме и буџетот и Трајко и сите ,каков треба да си човек да можеш да се појавиш пред родител кој едвај крпи со 8 000 ден.месечно и да му кажеш ,не ,денеска не работиме, штрајкуваме ,за повеќе, за хранарината да ни ја покачат 2000 ден.,како се погледнува во тие очи ете јас незнам кажете ми?
 
е стварно висе го претераа имаат просечна плата 18.000 колку пати им се покачија платите и усте бараат.:nenene:
 
Факти,факти,факти


Значи јас ова очекувам од тебе во следен пост на темава.

1.Колку професори знаеш.
2.Колку од нив се алкохолици или едноставно не ја исполнуваат својата работа (секако,пресметај и процентуално).
3.Споредба на тоа колку знаеш ти/колку вкупно има во МК (секако,пак процентуално)


Па јас ќе ти направам еден статистички модел (не се секирај,бесплатно е),и ќе ја изанализираме оправданоста на твојата генерализација.


Сигурно дека не би можела да ти дадам сигурна бројка на ова што го побара но лично сум искусила и доволно знам за да оформам мислење. Мац, колку повеќе ти треба од тоа што секојдневно го слушаш по телевизии: снимање на клипови со телефони по вециња, по училни, лумпување на дечишта? И на главна имаше таков клип. Не мора да ти набројувам, свесен си и самиот колку проценти би биле професорите кои навистина добро си ја вршат работата - почни прво од твојата гимназија.
Нели, секој човек со свои искуства.
Знам дека професориве се лижачи на децата чии родители имаат позвучни имиња и сакаат да добијат нешто од нив. Колку пати имам јас добивано 1 само поради тоа што татко ми и мајка ми не сакаа да им прават бесплатно заби и тоа порцелани пази, 6.000 евра работа. Сега тие сакале повеќе пари - па и јас сакам да се запишам во Америка на факс, ама ако продолжат така нема да се запишам. И за тебе ова е исполнување на работа а? Лупање оценки од ракав. Само еден пример е ова за методите кои професорите си ги практикуваат.
И немој сега да ми кажеш дека тоа е само во моето школо - затоа што со сестра ми и братучед ми се случува истото, а учат во сосема различни училишта.

На крај, постираа двајца просветари на темава. Думан "многу добро" се истакна, Матеас си призна дека претеруваат. Нема шанси да се мерат со медицинските лица во однос на платата и што не, затоа што како прво, за да завршиш Медицински со специјализација, ти требаат 10 години минимум со 42 испити од кои нема помал од 300 страни. Разбирам дека и тие завршиле факултет, но кој како ќе си се договори за платата, така е. Нема лутење. Ако Владата им рекла дека ќе им ги покачи платите во 2010, зошто не почекаат до 2010? :smir:

Види ABC, дали е точно дека платите се зголемени ,точно е,дали јас можам да се споредувам со некој кој е во медицината ,или администрацијата кога веќе ја спомена :toe:, тие работаат од 8до 16 ,јас сум дома во 12 дали може ли да се спореди,не може ,мислам да го оставиме и буџетот и Трајко и сите ,каков треба да си човек да можеш да се појавиш пред родител кој едвај крпи со 8 000 ден.месечно и да му кажеш ,не ,денеска не работиме, штрајкуваме ,за повеќе, за хранарината да ни ја покачат 2000 ден.,како се погледнува во тие очи ете јас незнам кажете ми?


Гледаш? :)
 
Има и добра и лоша вест: :)ДОбра вест:Спијам повеќе и од Аце од операција триумф:)Лоша вест:Оценките нема да ми се поправат, ако не се иде у школо.
 
Види,јас убаво ти постирав факти за генерализации,ти упорно ги правиш.

Што изјавив во мојот прв пост на темата?
Дека џабе објаснуваат,децата си имаат некој комплекс од професор.

Колку упатен во материјата треба да сум јас,за да го знам тоа уште пред да го пишеш ти?

Колку пати имам јас добивано 1 само поради тоа што татко ми и мајка ми не сакаа да им прават бесплатно заби и тоа порцелани пази, 6.000 евра работа.


Затоа,поради твоите искуства,ти немаш објективизам за да збориш на темава.
А чисто за информација,во Орце бев 5.00 во четврта,и немав ниедна таква случка.
Ниедна.

И затоа,да не се препукаваме со лични искуства (бидејќи колку луѓе,толку лични искуства),пиши ти колку знаеш професори/колку се злобни,расипани,манипулативни.
Па ќе видиме дали оправдано генерализираш ти.

Strastniot напиша:
А дали ти професоре правиш подготовки за час дома, пишуваш домашни работи и прегледуваш писмени работи. Тоа не се смета за ефективна работа ?!?!?!

Не,очигледно тоа го квалификуваат како "хоби"
 
тие работаат од 8 до 16 ,јас сум дома во 12
А дали ти професоре правиш подготовки за час дома, пишуваш домашни работи и прегледуваш писмени работи. Тоа не се смета за ефективна работа ?!?!?! Да не ги спомнувам изгубените нерви, од кои повеќето професори стануваат аутисти после 20 години работа.
 
Политички притисоци од двете страни во однос на штрајкот. Едните да престане, другите штрајк да има. Да се одржи штрајкот во образованието вршела опозицијата - јавно признавање на првиот човек на СОНК Дојчин Цветановски. Тој апелира политичките партии да го остават Синдикатот.
СДСМ најавува интерпелација за министерот Стојановски.
„Одбивам било какви контакти, ни телефонски ни било какви. И истото ве молам, секаде, на секое ниво да го правите, од установа до регион, да не зборуваме на национално ниво“, рече Дојчин Цветановски.

„Кажете од кои политички лидери имавте, зборуваме отворено“, праша вицепремиерот Ставревски.
„Од опозицијата, доволно е“, вели Цветановски.

izvor a1 vesti
 
Штрајков нема логика во моментов , но од како Владава почна по ТВ и весници да им се ЗАКАНУВА и тоа многу директно....треба да се штрајкува...додека не им ја земеат
.................."просветениве " "душата" на преродбенициве... :)
 
А дали ти професоре правиш подготовки за час дома, пишуваш домашни работи и прегледуваш писмени работи. Тоа не се смета за ефективна работа ?!?!?! Да не ги спомнувам изгубените нерви, од кои повеќето професори стануваат аутисти после 20 години работа.
O da,sekako, i toa ne mi pretstavuva ni problem ni motiv da štrajkuvam vo moment koga znam kako del od decata živeat.
 
Види,јас убаво ти постирав факти за генерализации,ти упорно ги правиш.

Што изјавив во мојот прв пост на темата?
Дека џабе објаснуваат,децата си имаат некој комплекс од професор.

Колку упатен во материјата треба да сум јас,за да го знам тоа уште пред да го пишеш ти?




Затоа,поради твоите искуства,ти немаш објективизам за да збориш на темава.
А чисто за информација,во Орце бев 5.00 во четврта,и немав ниедна таква случка.
Ниедна.

И затоа,да не се препукаваме со лични искуства (бидејќи колку луѓе,толку лични искуства),пиши ти колку знаеш професори/колку се злобни,расипани,манипулативни.
Па ќе видиме дали оправдано генерализираш ти.



Не,очигледно тоа го квалификуваат како "хоби"

Како прво, за почеток можеш да престанеш да не’ нарекуваш деца, затоа што до лани и ти беше малолетен т.е. ученик во средно. Знаеме дека сега те боли уво за средното образование, не знам што пробуваш да докажеш. Ти веројатно не си почувствувал како е да те малтретира и тормози професор/учител. Си бил 5,00 во 4та? Мац)), да не се лажеме, знаеме дека 4та година е најлесна и скоро секаде попуштаат како луди. Плус, без физика, хемија, биологија? Гола вода е 4та. Исто како што во осмо сите беа 5,00.

Не знам во кој универзум имаш учено па не си видел ниеден ученик да нема проблем со ниеден професор. Сите имаат проблеми со професорите, и не знам зошто толку си запнал да ти пишам бројки/проценти/децимали.

За болдот: Прво ги браниш професорите, а сега велиш со болдираново дека се неработливци? Хм...

Мислам, ова немој да го сфатиш лично :smir:.
 
O da,sekako, i toa ne mi pretstavuva ni problem ni motiv da štrajkuvam vo moment koga znam kako del od decata živeat.

Ако идеме по таа логика,и синдикалците зашто штрајкуваа,знаејќи дека во Африка деца умираат од СИДА?

Навистина,не се луѓе.

Или пак како штрајкувате,знаејќи дека луѓе од ОХИС не земале 6 месеци плата?

Ма ајде,какви споредби :)

П.с. Џени,иронија беше тоа. :wink:

За другото,ќе ти ја објаснам разликата вечер,морам да искачам сега.
 
Напишав и погоре, ама ке објаснам.После завршување на наставата, сите заедно, нека штрајкуваат со масовно одење по улиците, со пароли, со запознавање на јавноста со проблемите, со постојани барања за договор.Нека седат пред Влада, по 12 саата, ама нека докажат дека им значат учениците, и пак нека се појават на настава.Минатата недела имаше штрајк на учениците.Тие не искористија никој, никој заради нив не измрзна и не изгуби.Само 1 час беа отсутни, организирано со полиција, со свирчиња и пароли, поминаа низ цел град, и се вратија назад.Професорите СЕДАТ ДОМА.Учениците ке патат од последиците.


а зошто да ја одржуваат наставата кога не им е платено доволно за тоа...и зошто слободното време кога ке треба да бидат дома кога не им е дел од работа тие да се занимаваат со седење пред влада и тие раб? мислам...тоа шо е за на работа таму се решава...и во право се шо го прат ова..
 
Ако идеме по таа логика,и синдикалците зашто штрајкуваа,знаејќи дека во Африка деца умираат од СИДА?

Навистина,не се луѓе.

Или пак како штрајкувате,знаејќи дека луѓе од ОХИС не земале 6 месеци плата?

Ма ајде,какви споредби :)

П.с. Џени,иронија беше тоа. :wink:

За другото,ќе ти ја објаснам разликата вечер,морам да искачам сега.

не е исто смртта со ова....а за платата од ОХИС...секој си гледа за себе...нека не работаат и тие или немаат доволно сила за да се спротистават..туку си кутат и си кукаат..
 
Професорите имаат нерви,едукација и способност за едуцирање (сепак,не го може секој),и затоа банално е да споредувате на база чисто при работно време и физичка активност.
Значи потполно се согласувам за постот, меѓутоа ова со нервите и способноста за едуцирање дека не го може секој е најмала причина да имаат лице да им се зголемат платите... Нормално дека и на нив како и на сите нас, им е тешко да живеат со толку мала плата(иако некој живее и со помала) во денешно време. Како и да е...Поентата ми беше...Татко ми работи во администрација на МВР и по цело време е ангажиран со некои си документи, со куцање на компјутер и слично...Да не го заборавиме фактот дека и цел ден да седиш пред компјутер не е лесно...Па така кога ќе видиш, и стоматолозите имаат нерви да трпат некакви си луѓе со посебни потреби, и секакви пациенит...Секоја работа си сноси одговорност, и ти таа работа си ја прифатил знаејќи што те чека...Затоа реков дека тоа што работат со деца или тоа што имаат едукациона способност не е причина за зголемување на плати...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom