[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]80 илјади евра дневно за плашење на учителите[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Владата не кажува колку чини објавувањето на соопштението со кое сака да го задуши штрајкот во образованието, иако за тоа се трошат буџетски пари, а телевизиите, освен Сител кој објавува гратис, одговараат дека цената е деловна тајна[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Од неделата Владата откупува рекламен простор на трите национални телевизии А1, Сител и Канал 5 и кај неколку дневни весници за да ги информира граѓаните зошто е неоправдан штрајкот во образованието, науката и културата. Владата соопштува дека штрајкот се одвива во услови на најголема економска криза во светот, дека платите во образованието за три години пораснале за 44,6 отсто и дека училиштата кои нема да изведуваат настава ќе бидат казнети со 3000 евра, а против наставниците и директорите кои неоправдано ќе штрајкуваат ќе се поведат дисциплински постапки.
"Вест" вчера побара информација од портпаролот на Владата, од кабинетот на потпретседателот на Владата Зоран Ставрески, како и од Министерството за образование и Министерството за финансии колку пари се потребни за исполнување на барањата на просветарите и колку пари дневно чини закупувањето на рекламниот простор за соопштението.
Само Министерството за финансии одговори дека "за барањето на СОНК во Буџетотот за 2009 би требало да се издвојат 20 милиони евра". За тоа колку пари чини објавувањето на соопштението на Владата, Финансии не преупати да побараме одговор во Владата. Од таму немаше одговор. Како од ниту една од другите институции.
Соопштението на Владата се емитува пред ударните вести на телевизиите. Во Канал 5 телевизија велат дека во неделата прв пат се емитувало соопштението, во траење од 6 минути. Имало две објави дневно, и според медиа планот, бил закупен простор за емитување заклучно со денеска. Според официјалниот ценовник на Канал 5, една секунда рекламен простор пред вестите во 17 часот чини 100 евра, а пред вестите во 19,30 часот - 95 евра. Ако има по две емитувања дневно, за 360 секунди тоа се 70.200 евра по редовен ценовник. За среда биле договорени три емитувања. Од телевизијата велат дека е деловна тајна по која цена било договорено конкретното огласување, но "далеку од тоа дека станува збор за голем попуст".
Во А1 телевизија велат дека соопштението на Владата не оди по редовната цена што ја има во ценовникот за рекламирање, туку поради должината на соопштението, тоа оди по цена за комерцијални презентации и репортажи, или 1.700 денари по минута. Пресметано, тоа е околу 300 евра дневно. Инаку, редовната цена за огласување пред вестите во 19 часот на А1 телевизија изнесува 100 евра по секунда.
Во Сител телевизија одговорија: "Соопштението на Владата го емитуваме гратис". Оваа телевизија нема јавно објавен ценовник за рекламниот простор.
Во печатените медиуми една страница рекламен простор чини од 500 до 600 евра. Соопштението на Владата оди во неколку дневни весници.
А.Салтировска
***
Не тужете, кажете ја сумата
Бидејќи Владата се почесто се заканува со тужби, "Вест" и вчера како и за сите претходи текстови, инсистираше од сите релевантни институции да добие прецизен одговор колку чини комерцијалниот оглас со кој Владата објаснува зошто просветарите не треба да штрајкуваат. Одговор не добивме.
Бидејќи не се знае на која сума се фактурите за плаќање на рекламниот простор, не се знае ниту колку ДДВ по оваа основа треба да платат телевизиите.
Кога министерот за финансии Трајко Славески го презентираше Буџетот за 2009 година, новинарите во два наврати го прашаа колку пари од него се одвоени за рекламирање. И во двата наврати Славески одговори дека "ни должи одговор".
***
СОНК ќе бара оставка од министерот Перо Стојановски
Вонредна седница вчера вечерта беше закажана на Советот на СОНК. Според првичните информации, синдикалците ќе бараат оставка на министерот за образование Перо Стојановски.
"Ние мора соодветно да реагираме. Министерот Стојановски не може со закани да го крои образованието", рече Дојчин Цветановски, претседател на СОНК. Штрајкот на СОНК продолжува се до исполнување на барањата. Синдикатот бара потпишување на колективни договори, дефинирање на надоместокот за хранарина и превоз и трансформација на работниот однос на наставниците од определено на неопределено време.
Извор -ВЕСТ
[/FONT]