Дали ги сакате поповите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги сакате поповите?

  • ДА

    Гласови: 34 24,3%
  • НЕ

    Гласови: 106 75,7%

  • Вкупно гласачи
    140
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
WOW!Како не наметнуваш.И темава не е за Господ Бог туку за поповите.Или некој те одреди да зборуваш во нивно име?

Не е така. Православните верници имаат ДОЛЖНОСТ да ја бранат и исповедаат својата вера и својот Бог. „Кој се срами од Мене, и Јас ќе се срамам од него пред Мојот Отец Небесен„, вели Христос.
А поповите, кои се тие? Дали имаш барем малку познавање ШТО значи да се биде поп?
 
Она што мене ме ФРАПИРА кај македончево е што се ПЉУЕ и ПЦУЕ по попови. Попот вака, попот онака. Попот ова, попот она.
Па пријатели, ако попот не ви се ареса (допаѓа) зошто тогаш кога 'ќе ви дојде времето' (крштевка; венчавка; посветување на нешто; ...) пак на тие попови ... (кои што до сега ги нарекувавте со разните имиња) им бакнувате раце и згора на тоа, им плаќате.

Не е бесплатно само кај католиците!
Проверете! Има и други места!
 
Не е така. Православните верници имаат ДОЛЖНОСТ да ја бранат и исповедаат својата вера и својот Бог. „Кој се срами од Мене, и Јас ќе се срамам од него пред Мојот Отец Небесен„, вели Христос.
А поповите, кои се тие? Дали имаш барем малку познавање ШТО значи да се биде поп?

Да затоа што сум од попска фамилија и ги знам какви се поповите.Па ти сега види јас колку сум упатена во "чесноста" на поповите.
 
Христијанин, од ШТО живееше племето Левити, по доаѓањето на Израилот во ветената земја?
 
Да затоа што сум од попска фамилија и ги знам какви се поповите.Па ти сега види јас колку сум упатена во "чесноста" на поповите.

Таман. Ај сеа објасни ми/ни ШТО е тоа поп?
 
Поп што треба да биде или што е?Ај вака поп не е кога додека траат велигденски пости и сите постат они да јадат јагнешко.
 
Секое однесување, секое работење, секој начин на живеење кој не е уреден според редот кој го одредува Црквата, преставува ПОГРЕШНО живеење.
Конкретно за ова кое прашуваш: да, блуд е! Ако бракот не е благословен во Црква и од свштеник, таквите сопружници никакво добро дело не може да ги „покрие„. За таквите, најдовро , просто кажано единствено решение е да се венчаат на поодминати години, без срам и без страв. Тоа венчавање може да им биде спасоносно и да ги покрие сите гревови кои сопружниците ги направиле минатите години/децении. Секако дека и за тоа има одредени предуслови: пост и исповест.
Се надевам дека бев од корист.
Како што знам,блуд е неморално однесување и најчесто се поситоветува со проституција,алкохолизам,инцест....
Каков блуд би направиле двајца луге,ако живеат долги години во хармонија и љубов?Не ми е јасно?
Само затоа што не се венчани,не значи дека се некакви огромни грешници.
 
Христијанин, од ШТО живееше племето Левити, по доаѓањето на Израилот во ветената земја?

Од 10% (десетината) која народот беше должен да ја дава.

Од тоа треба да се финансираат и поповите.
Инаку, тоа што поповите го прибираат е МНОГУ ПОВЕЌЕ од 10%.
Тарифите на МПЦ не се според ПИСМОТО.
 
Кон болтуванотоЧ
- Црквата (православна) НЕ ПОЗНАВА повеќе модерни или помалку модерни однесувања. Во Црквата, работите се поставени уште пред 2000 г и не ПОДЛЕЖАТ на „модернизација„. Во Црквата, една работа или „е„ или „не е„-трето нема!
- од каде ми е? Па православието има знаење и искуства кои се таложени веќе 2000 г. Од тоа, можат да се извлечат мнооогу корисни заклучоци.
"na divo" e nesto protivzakonsko,taka?a ne nesto protiv nekojsi zapovedi.ili crkvava zakon da ne e slucajno?pomina to vreme(za sreka)
 
Вака МИКИ да те прашам.

Што е поголем грев за тебе,да се венчаш во црква и после две години да се разделиш со партнерот или да живееш во заедница 20 години и после да се венчаш во црква од причина што не си сакал да дадеш ветување пред Бога дека со партнерот ќе бидеш се додека смртта не ве раздели,а не си бил сигурен дали можеш да го исполниш тоа ветување?

Уште пред да одговориш знам дека одговорот ќе го затераш во погрешна насока со објаснување дека тоа е блуд.Ма знам веќе такви однапред спремани одговори веќе многу пати ги имам прочитано.


И не зборев јас затоа дали имам пари па да позајмувам од комшиите туку за тоа дека попот мене како верник ме гледа преку призмата на парите,а тоа иритира.
 
Не само од дестокот. Мислата ми беше следна: при преоѓањето на Израилот преку Јордан, при поделбата на територијата од ветената земја, Левитите НЕ ДОБИЈА своја ЗЕМЈА (значи, останале БЕЗ материјален имот) и тоа племе е „изворот„ од кој доаѓале јудејските свештеници. Така?
Па сега, не ја гледам потребата од критикување на тоа што поповите имале тарифници, Па нормално дека имаат а јас сум очевидец на случаи кога поповите се нафаѓаат и за помали пари но и за бесплатно звршување на некоја треба.
Во православието, свештенството не наплаќа и не живее од десетокот оти сега не живеем по Стариот туку по Новиот Завет. Во Новиот Завет, свештенството живее од својот повик/професија и не смее да има други/споредни активност и имот. Слично као и Левитите во Стариот Завет.
 
"na divo" e nesto protivzakonsko,taka?a ne nesto protiv nekojsi zapovedi.ili crkvava zakon da ne e slucajno?pomina to vreme(za sreka)


Да, Црковниот закон е ДУХОВЕН а не државен закон.
Живеењето во невенчан брак ја погазува 7-мата Божја заповед.
Хрситос велиЧ „..мојата Црква вратите на пеколот нема да ја надмина..„ Според тоа, КОЕ е тоа време кое поминало? Средниот и „мрачен„ век? Инвкизицијата?
 
Вака МИКИ да те прашам.

Што е поголем грев за тебе,да се венчаш во црква и после две години да се разделиш со партнерот или да живееш во заедница 20 години и после да се венчаш во црква од причина што не си сакал да дадеш ветување пред Бога дека со партнерот ќе бидеш се додека смртта не ве раздели,а не си бил сигурен дали можеш да го исполниш тоа ветување?

Уште пред да одговориш знам дека одговорот ќе го затераш во погрешна насока со објаснување дека тоа е блуд.Ма знам веќе такви однапред спремани одговори веќе многу пати ги имам прочитано.


И не зборев јас затоа дали имам пари па да позајмувам од комшиите туку за тоа дека попот мене како верник ме гледа преку призмата на парите,а тоа иритира.


А ти што мислиш, кое од двете наведени ЗЛА е ПОГОЛЕМО!?

П.С. Зарем очекуваш дека на ЕДНО прашање ќе дадам ДВА одговори?
 
А ти што мислиш, кое од двете наведени ЗЛА е ПОГОЛЕМО!?

Да ветиш пред Бога дека ќе сакаш некој до дека смртта не ве раздели и тоа во црква а да не го исполниш тоа.Исто како да кажеш дека ќе постиш 40 дена а на 35 ден да неможеш да одолееш на софра полна со месо.
 
Не само од дестокот. Мислата ми беше следна: при преоѓањето на Израилот преку Јордан, при поделбата на територијата од ветената земја, Левитите НЕ ДОБИЈА своја ЗЕМЈА (значи, останале БЕЗ материјален имот) и тоа племе е „изворот„ од кој доаѓале јудејските свештеници. Така?
Па сега, не ја гледам потребата од критикување на тоа што поповите имале тарифници, Па нормално дека имаат а јас сум очевидец на случаи кога поповите се нафаѓаат и за помали пари но и за бесплатно звршување на некоја треба.
Во православието, свештенството не наплаќа и не живее од десетокот оти сега не живеем по Стариот туку по Новиот Завет. Во Новиот Завет, свештенството живее од својот повик/професија и не смее да има други/споредни активност и имот. Слично као и Левитите во Сатриот Завет.

'не му ја врзувај устата на вол кога оре'
'Оној кој го проповеда Евенгелието, треба и да живее од Евангелието'

Јас живеам од тој повик и немам НИКАКВИ споредни активности.

'БЕСПЛАТНО примивте, БЕСПЛАТНО давајте'

Ако поповите не сакаатт луѓето да ги ПЛУКАТ, тогаш решението им е следното:
луѓето нека и плаќаат на МПЦ, а МПЦ нека му дава плата на попот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom