Дали човекот може да живее сам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Ова ти што го кажуваш што го опишуваш како осамен човек- не е човек воопшто. Човекот е биолошка и општествена единка, а во ова нема ама ништо општествено.

Да почнеме од тоа дека само човекот од сите животни на планетата се раѓа без основен инстинкт за преживување и целосно зависи од мајката. Не може детето од мало да е научено да живее само, ептен се ретки случаевите нна одгледување од страна на животни. Самото тоа и кажува дека сме зависни од социјализација како фактор за преживување.

Не е случајот само со девојчињата. Виктор од Франција бил одгледуван исто така од војци, и кога конечно успеале да го навикнат да носи облека се разболел од бронхопнеумонија и умрел. Пази иронијава!
Човекот ако е сам, со тек на време престанува да биде човек.

Да замерам на некој ствари само и да посочам на грешки некој шо тотално ја терат темата во грешен правец :
Прво човекот не единствено суштество кое од раѓање нема основен инстинкт или способност за преживување ... скоро сите виши цицачи се раѓат практично неспособни за преживување ако , за да не пробаш да ме оспорваш ке ти посочам на мачките , кучињата , глодарите ( целите фамилии нивни ) се раѓат слепи и неспособни за движење .

второ : луге цело време се согледва аспектот дека немало да биди чоек туку животно ако растел сам , шо значи дека вие дефинирате чоек како социален аспект . А по таквата дефинициа автоматски ги праите сите луге шо свесно се определват за живот вон општество (монаси-пустиници како пример ) како животни
... Зато дајте да се дај една дефинициа Шо е чоек за да нема такви лјуфки .
Пошто да човекот е на прво место социално животно ама не е само социално животно , има и други аспекти . А темата е дали може да живее сам .
А постојат сериозни докази дека можи ...
Пошто реално погледнато како несоциално животно можи да живеј и преживеј ако е над 3 -4 години .. и најчесто без проблем преживува . Факт е деканема да го развие социалниот аспект ама ке преживеј .
 
Човекот како и сите филогенетски блиски видови живеат во заедници односносно тие еволуирале и се приспособиле да живеат во заедници. Човекот сепак после достигнување на некое определено ниво на зрелост и образовиание способен е да се контролира и да живее сам, но тоа ќе се сведе на преживување и не продуктивен живот бидејќи со таа своја изолација ќе ја изугуби можноста за исполнување на своите основни животни цели, правењето потомство и обезбедување на подобра иднина за своето потомство.
 
Луѓе со здрав разум кој донесуваат рационални одлуки.
:)
Остај што поимите здраво, нормално, просечно се ептен дискутабилни и не баш мерливи, него и фактот дека, у глобала, како суштества, сите до еден, функционираме 99% посто од случаевите на принцип на емоции, и тоа, најчесто, две, односно љубов и страв (кои, баш и не се рационална ствар, него ние си ги рационализираме, а тоа е сасвим поинаков термин од рационално, со другачија конотација)...све тоа кажува дека паралелата измеѓу просечен човек и свештеник, аскета и сл. кој живее во своеволна излолација, во никој случај не е паралела измеѓу нормално/рационално, наспрам лудо/одлепено и слични епитети.
Али да не се одалечуваме од темава, поентата ми беше дека пребрзо се суди секој навидум различен...Anyhow...

магде, на темава дискутираме за, такоречи "диви луѓе" кои воопшто немале, од мали нозе, контакт со луѓе?
За осамени луѓе, кои силом прилике немаат пријатели и блиски, но сепак се дел од општеството?
За аскети/монаси и сл. кои во потрага по одредено духовно просветлување се решаваат на изолација?
За девијантни особи/криминалци кои општеството ги отфрла од себе?

Иако во сите случаи се работи за самотија, на некој начин, сепак нештата се итекако различни.
 
Covekot po prirodata na nestata e socijalno sustestvo,znaci se raga da bide del od opstestvo, odredeno opkruzuvanje...dodeka na strana (kako mogli) da bide izrasnat sto iskreno ne mi se veruva bi bil kako zivotno :toe:
 
Се разбира дека не може!!! Човекот е створен да живее во заедница со другите луге,мислам дека на таа тема нема зошто да се зборува бидејки е многу јасно дека човек сам е за никаде!!!:helou:
 
Јас целосно се согласувам со ставовите погоре дека човекот е социјално суштество и дека не може да живее сам. Јас само се чудам на тие кои што можат да се самоизолиаат, мислам дека такво нешто е уште потешко и не може секој да го поднесе тоа. Како пример ќе го наведам филмот In to the wild, за еден дечко кој по завршувањето на колеџот решава да се повлече во природа и целата своја среќа си ја наоѓа таму и кога повторно се враќа во општеството му e многу тешко да се вклопи. Сепак на крај тој сваќа дека направил огромна грешка и пред да умре ги пишува зборовите " Среќа е, кога делиш со друг"
 
магде, на темава дискутираме за, такоречи "диви луѓе" кои воопшто немале, од мали нозе, контакт со луѓе?
За осамени луѓе, кои силом прилике немаат пријатели и блиски, но сепак се дел од општеството?
За аскети/монаси и сл. кои во потрага по одредено духовно просветлување се решаваат на изолација?
За девијантни особи/криминалци кои општеството ги отфрла од себе?

Иако во сите случаи се работи за самотија, на некој начин, сепак нештата се итекако различни.
Добра констатација:smir:
Според оваа дисктинција што ја направи евентуално само во случајот со монасите кои се издигнале над самите себе и се решаваат на посветување на својот живот на духовното преку изолација има теоретски шанси тие луѓе да преживеат физички сами. Како екстремен случај може да се спомнат и "дивите луѓе" кои се родени или оставени во некоја шума и не дошле до никаков допир со цивилизацијата (но да бидеме реални тоа го има само по филмовите).

Но во сите останати случаи едноставно не е можно човек кој еднаш живеел меѓу цивилизацијата да живее во самотија.
Дури и депримираните луѓе, разочарани од животот иако се предале на самотијата потсвесно копнеат за друштво, дури и криминалците и деликвентите кои се отфрлени од опшеството молат да не бидат сместени во самица.
 
Природа е тоа.Самата природа ќе го натера да се социјализира па макар и со “нешто“-било тоа да е дрво,камен,животно,некој предмет....со тек на време ќе почне да се приврзува за нив па и да комуницира..
Ама како да комуницира кога не знае дека е потребна комуникација?
Кога не видел никаде и никогаш дека има комуникација?
Ќе му збори некој си човек како Могли на некој камен и каменот, многу јасно, не реагира..
И шо фајде?
Ќе комуницира со мимики,гестови...И шо фајде од тоа?
Дали таквите луѓе имаат воопшто потреба за комуникација?

Не зборам овде за луѓе како Робинзо Крусо кој си праел муабет со топката и ја третирал како личност.
Он знаел за комуникација, бил дел од општество, тоа него му фалело..
Значи муабетот е за оние кои немале допир со луѓе..

:)
магде, на темава дискутираме за, такоречи "диви луѓе" кои воопшто немале, од мали нозе, контакт со луѓе?
За осамени луѓе, кои силом прилике немаат пријатели и блиски, но сепак се дел од општеството?
За аскети/монаси и сл. кои во потрага по одредено духовно просветлување се решаваат на изолација?
За девијантни особи/криминалци кои општеството ги отфрла од себе?
За сите видови на осаменост:)
Дали воопшто човекот може да живее сам како единка?
Дали има потреба од секојдневна комуникација?
Што би правел ако не знае дека има други луѓе на планетава?

Што е со оние кои гледаат дека има комуникација, но на било кој начин и од било која причина се изолирани и се самци?
Дали ќе има девијации во човечноста на таквата личност?
Дали таквите луѓе имаат тененција кон психопатизам?

За монасите нема потреба да коментирам, зашто тоа е личен избор..
Криминалците/психопатите се друга приказна..
Зад нив често има некоја траума и не се изолирани цел живот..

Мене ме интересираат ставовите за оние кои се на некој начин сами цел живот..
Како они функционираат..
Мислам дека сега е појасно:)
 
Од време на време, ми доаѓа преку глава од се` и сакам да одам да живеам во шатор на планина 10 дена без никого. Сосема сам, човек не може да живее. Сум читала за примери на животни кои ,,одгледале" новороденчиња, значи неопходна е помошта од било какво живо суштество за да се преживее. За децата родени во урбана средина, мојот став вели дека стануваат асоцијални заради неприфаќањето од околината и недостигот на самодоверба. Јасно е дека и да може да живее сам(а комплетно не може), тоа ќе остави длабоки траги во неговото постоење, едноставно нема да биде среќен. Уште во времето кога човековата свест била на пониско ниво, се здружувале во орди, а не пак денес. НА ЧОВЕКА МУ Е СРАМ ДА БИДЕ САМ.
 
Не.Неможе човекот сам да живее.За да живее сам ќе му требаат повеќе фактори а ако е сам ќе ги нема така да...НЕМОЖЕ.
:salut:
 
Човекот може да живее сам и да биде подуктивен. Но тој живот е само за поединци кои се нешто поразлични од другите. Поточно во генијалниот мозок нема место за други. Со други зборови човекот може се, па макар и сам да живее.
Но, тоа е никаков живот, баталете ! :nenene:
 
незнам кој философ има речено
тој што живее сам без никого не е човек, или е ѕвер или е бог:smir:
 
Човекот може да живее сам и да биде подуктивен. Но тој живот е само за поединци кои се нешто поразлични од другите. Поточно во генијалниот мозок нема место за други. Со други зборови човекот може се, па макар и сам да живее.
Но, тоа е никаков живот, баталете ! :nenene:

Токму така, ја би рекол духовен место генијален, тој се има себеси!
На страна тоа што тоа не би бил убав живот, битно е да се може тоа, штета што цел свет не сме такви. :)
 
sam, so povremeni sredbi so dva tri prijateli, so macki papagali, knigi, internet, muzika filmovi.
 
Јас би можел и сосема сам. И среќен секако. И тоа цела вечност. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom