Дали човекот може да живее сам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Се сеќавам пред 3 години кога решив летото да го поминам на планина, 2 месеци поминати како во преживеан, сам во стара куќа, во која чат-пат имаше струја, сигнал на мобилен имаше само ако се спуштиш едно 700-800 метра од планината. Имав едно мало радио па кога имаше струја ми правеше друштво.
Се одлучив на ова бидејќи ми беше смачено од се! Не дека не ми помогна, на почетокот си мислев, па ова е тоа што ми треба, природа и самотија, таман да расчистам некои работи, сам со себе, ама после 2 недели почнав да пошизувам, не се вратив, таман кога се навикнав морав да се вратам дома поради факултетот.
Човек не може да издржи сам, колку и да има јак карактер, затоа што претходно имал контакт со луѓе, да е израснат од мал сам би можел, во друг случај никако.
Да останев подолгу, сигурно би полудел за 3-4 месеци.
 
Еве да замислиме една хипотетичка ситуација каде што една индивидуа се раѓа и е оставена во дом.
При тоа не може да стекне пријатели(од било која причина).
Како мислите дека ќе функционира таа личност?

Или личност која е оставена во шума (како случајот на Могли), кое преживува но не стапило во контакт со луѓе.

Дали човекот е суштество кое мора да функционира во заедница или ќе функционира нормално и како единка?

Ваши ставови...
Може да преживее сам(многу тешко ,но возможно),но колку ќе „живее“ мислам дека е друго прашање.
 
Секој човек може да живее сам, се дур не се самоубие.
 
Сам може, но осамен не.
Пола планета се осеќа осамено, сигурна сум дека може да преживееме кога сме осамени.
Од друга страна, кога сме сами, може да не доведе до психичко заболување.
 
Пола планета се осеќа осамено, сигурна сум дека може да преживееме кога сме осамени.
Од друга страна, кога сме сами, може да не доведе до психичко заболување.

Тоа и мислев, човек што е осамен ќе преживее но дали е тоа живот, живеење?
А инаку човек што знае да живее сам, може и цела вечност сам :) и среќен :D
 
Тоа и мислев, човек што е осамен ќе преживее но дали е тоа живот, живеење?
А инаку човек што знае да живее сам, може и цела вечност сам :) и среќен :D

Да не снема сите од платева денес, нека остане само еден човек, и нека ги има сите ебани вештини за опстојување што човекот ги совладал до сега.Колку време мислиш дека ке опстане?
 
Да не снема сите од платева денес, нека остане само еден човек, и нека ги има сите ебани вештини за опстојување што човекот ги совладал до сега.Колку време мислиш дека ке опстане?

Ако не полуди, тој дефинитивно не е нормален...? :)
 
Еве да замислиме една хипотетичка ситуација каде што една индивидуа се раѓа и е оставена во дом.
При тоа не може да стекне пријатели(од било која причина).
Како мислите дека ќе функционира таа личност?

Или личност која е оставена во шума (како случајот на Могли), кое преживува но не стапило во контакт со луѓе.

Дали човекот е суштество кое мора да функционира во заедница или ќе функционира нормално и како единка?

Ваши ставови...

Ако го гледаме од биолошки аспект-се додека на еден човек му се задоволени потребите за егзистенција (храна, вода, воздух) може да живее сам.

Ако гледаме психолошки-се е до менталниот склоп. Повеќето луѓе се израснати во заедница и затоа се ''скренуваат'' (буквално или метафорично) после подолго време. Се е до навика, волја и цврстина на карактер. Како што и сега повеќето ги фаќа некоја блага параноја ако го заборават мобилниот дома или ако не отвориле фејсбук 3-4 дена, а претходно сосем нормално функционирале и без едното и без другото. Или порано ја фатиле со швалерот-цело маало ја зборела, она пред време остарела, побелела во коси, паднала психолошки, со апетит, се разболела, се онесвестила итн... Сега тоа не се прифаќа толку трагично.

Прашањето дали може да живее сам, во основа не ми е поразлично од дали пушачот може без цигари.
Се е до психата. А психата е моќна работа затоа и живеењето сам ни изгледа трилер-хорорски. А за тоа време насмеани Тарзан безгрижно си рипа од лиљан на лиљан а Могли си јава на грбот на мечката. :)
 
Еве да замислиме една хипотетичка ситуација каде што една индивидуа се раѓа и е оставена во дом.
При тоа не може да стекне пријатели(од било која причина).
Како мислите дека ќе функционира таа личност?

Или личност која е оставена во шума (како случајот на Могли), кое преживува но не стапило во контакт со луѓе.

Дали човекот е суштество кое мора да функционира во заедница или ќе функционира нормално и како единка?

Ваши ставови...
Има една книга, што уште ја читам, се вика The Ringing Cedars книгата е во 9 дела, значи 9 книги, и тамо се раскажува како девојка Anastasia сама израсната во шума далеку на север накај сибир. Ја наоѓа некој Сибирски трговец во 1995 година, и забележува дека нејзината свест за животот и унивезумот е многу по напреден од нашиот. Фасциниран од нејзината мудрост останува да учи за нејзиниот начин на живот и добива инспирација да напише книга за неа.
Пример имаше дел кај што Анастасија му објаснува на Владимир за патување низ универзумот со вселенски бродови направени на принцип на микрооганизми кои користат скоро ич енергија за да ја победат гравитацијата. И за тоа дека сите растенија се повржани како во мрежа и може да се комуницира со нив, дури била свесна и за Dark Force или Мрачната сила која дури денеска научниците докажуваат дека постои.
Така да на прашањето дали човекот може да живее сам, одговорот е ДА, ама треба да бидеш стварно човек.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom