KeleS
insolitus res
Ова ти што го кажуваш што го опишуваш како осамен човек- не е човек воопшто. Човекот е биолошка и општествена единка, а во ова нема ама ништо општествено.
Да почнеме од тоа дека само човекот од сите животни на планетата се раѓа без основен инстинкт за преживување и целосно зависи од мајката. Не може детето од мало да е научено да живее само, ептен се ретки случаевите нна одгледување од страна на животни. Самото тоа и кажува дека сме зависни од социјализација како фактор за преживување.
Не е случајот само со девојчињата. Виктор од Франција бил одгледуван исто така од војци, и кога конечно успеале да го навикнат да носи облека се разболел од бронхопнеумонија и умрел. Пази иронијава!
Човекот ако е сам, со тек на време престанува да биде човек.
Да замерам на некој ствари само и да посочам на грешки некој шо тотално ја терат темата во грешен правец :
Прво човекот не единствено суштество кое од раѓање нема основен инстинкт или способност за преживување ... скоро сите виши цицачи се раѓат практично неспособни за преживување ако , за да не пробаш да ме оспорваш ке ти посочам на мачките , кучињата , глодарите ( целите фамилии нивни ) се раѓат слепи и неспособни за движење .
второ : луге цело време се согледва аспектот дека немало да биди чоек туку животно ако растел сам , шо значи дека вие дефинирате чоек како социален аспект . А по таквата дефинициа автоматски ги праите сите луге шо свесно се определват за живот вон општество (монаси-пустиници како пример ) како животни
... Зато дајте да се дај една дефинициа Шо е чоек за да нема такви лјуфки .
Пошто да човекот е на прво место социално животно ама не е само социално животно , има и други аспекти . А темата е дали може да живее сам .
А постојат сериозни докази дека можи ...
Пошто реално погледнато како несоциално животно можи да живеј и преживеј ако е над 3 -4 години .. и најчесто без проблем преживува . Факт е деканема да го развие социалниот аспект ама ке преживеј .