Најшокантен е одговорот околу враќањето на четирите хашки случаи, раковдството на ОНА, мавровските работници, липковската брана и киднапираните македонци.
Иако на времето прв човек кој раководеше со македонските безбедносни сили, сега Бошковски за овие случаи бара политички договор, без притоа судот во нормална судска процедура да утврди вина или не на обвинетите.
-Не невлегувам дали некој е виновен или не. Но, доколку не се најдат некои разумни решенија и не се постигне политички договор, а се се остави на правосудството да решава, тоа може да ја дестабилизира Македонија, вели Бошковски во интервјуто за неделникот Фокус.