Дали би заминале во странство?

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би прифатиле да одите во странство?

  • Да

    Гласови: 485 77,7%
  • Не

    Гласови: 139 22,3%

  • Вкупно гласачи
    624
ne - premnogu imam bliski i prijateli za da otidam od niv.:smir:
 
Не да прифатам, јас работам на случајот да се иселам. Бев 2007, 2008, 2009 летата во САД и само ми се потврди желбата да се макнам од Македонија... Да не ме сфати некој погрешно - си ја сакам земјата, ама бегам од народот :)
 
И јас сум заминување од Македонија поради сте работи што ги имате напишано а исто така и поради политиката,денес овде да се вработиш е само политика јас не сум од ниедна партија и тука наидувам на проблем кога одиш да бараш работа прво те прашуваат во кој месен комитет си и од која партија си.и да завршиш факултет пак е џабе ако татко ти нема фирма не за џабе кажале татко владика ти поп,татко ти директор ти шеф,а јас е спаѓам во ниедно од овие па затоа сум во план да заминам каде и да е,еве имам и тема отворена за тоа па кој сака да прочита кој сака да додаде нешто нека пише,темата е за млади брачни парови повелете да дискутираме поздрав
 
да .. следната година можеби
 
Имам приател веќе 5 години на печалба странсво па ме вика и ја да дојдам било убо ми прати и слики поо то згради коли ламби навечер... чудесија се мислам прво сам да појдам па ако се снајдам да земам и вамилијата, деца жена, брато со снајата и внуците сите топтан да се иселиме за Ресен.
 
Порано не сакав ни најмалку, ама сега би отишла и никогаш повеќе не би се вратила овде.
 
Да ми се пружи некоја добра прилика за странство, без размислување прифаќам и заминувам. Веќе е и повеќе од јасно дека се во државава оди во надолна линија, па добро би било да се извлечам од бродот што тоне... Иначе,тоа што имам желба да заминам во странство, таму да градам кариера и живот, не ме прави помал патриот од тие што остануваат тука. Напротив, не бегам од тоа што сум - Македонец, туку од народот во Македонија.
 
За сите вие шо викате оти сакате да си одате од Македонија и никојпат да не се вратете:

Не викајте тка оти ке дојде ден ке ви се стегне душата и пак ке сакате да си одете за Македонија. Никаде не е поубаво од дома!! Тва да вее јасно. Мош ке сакате и за 1 ден да си одете ама сепак ке сакате да си одете за Македонија. Никаде душевно човек не може повеке да се исполне како шо може дома, у Македонија...
 
Би одел во странство само за да печалам парички,но потоа пак ќе си се вратам
 
Лесно е да си македонец... Тешко е да живееш во Македонија... е само ради ова
 
Ако се биде како што треба да биде, за 3 месеци заминувам во Мелбурн. Факултет и работа...тоа е тоа.
 
За сите вие шо викате оти сакате да си одате од Македонија и никојпат да не се вратете:

Не викајте тка оти ке дојде ден ке ви се стегне душата и пак ке сакате да си одете за Македонија. Никаде не е поубаво од дома!! Тва да вее јасно. Мош ке сакате и за 1 ден да си одете ама сепак ке сакате да си одете за Македонија. Никаде душевно човек не може повеке да се исполне како шо може дома, у Македонија...

Да не откри топла вода бе брат?

Кој е будала да оди во странство освен ако нема мака? Не качи глупости и размислете пред да пишувате вакви постови.

НИКОЈ не избегал од Македонија од што му било убаво. Егзистенцијални проблеми имаат луѓето. Државата ни е убава како место да прошеташ, ама не и да живееш.

Ако мислиш дека со благословени 300 евра (ова го пишувам оти ретко кој ги зема од обичните смртници) ќе искрпиш крај со крај, се лажиш.

Луѓето гледаат како да ги израснат децата, да се едуцираат, да направат дом, да прошетаат, да го проживеат животот. Еден е!

Кај нас тоа de facto неможи!
 
Ајде да се смени оваа тема во тоа како да заминеме во странство па да се организираме да кажуваме кој каде што прочитал како да се замине во која земја и така поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom