Дали би сакале да имате можност да ги бришете негативните спомени?

Не.
Нема потреба.
Имам создадено некој механизам со кој ирационалното и контрапродуктивното искуство го рециклирам за дел од секунда.
Ретко се случува некоја ситуација да ме изненади, однапред се имам припремено на све и свачега.
 
доволно е срцето да одлучи да не се сеќава, ништо друго не е потребно.
 
Не, бидејќи на тој начин би избришала се што сум научила додека сум ги стекнала и повторно, согласно темпераментот, би ги направила истите грешки, а вистина е глупаво двапати да плаќаш ист цех.
 
И да ја имам таа можност не би го направила тоа.Кога би ги избришала сите негативни спомени би настанале дупки во мозокот и би дошло до некое си психичко пореметување па после тоа нон стоп би се обидувала да се сетам на тие делови а тоа ќе биде невозможно и краен резултат ќе биде само измачување ништо друго.
Едноставно тие негативни спомени ги заменувам со позитивни и полека исчезнуваат.Ако не успева тоа едноставно ги контролирам и учам од нив за да не ми попречуваат понатаму.
 
Зашо да бришам негативни спомени бе?! Лоши спомени се јбг али па имаш искуство плус за понатаму,нема да праиш исти грешки.
 
Зашо да бришам негативни спомени бе?! Лоши спомени се јбг али па имаш искуство плус за понатаму,нема да праиш исти грешки.

Кој те лажел бе?:icon_lol: Барем јас џабе ги имам тие негативни спомени, кога ништо не сум научила, пак ги повторувам истите грешки over and over again.

Сепак, како што реков претходно на темава....не би ги бришела, освен нешто од пред две години. Затоа што е премногу грдо и не сакам да се сеќавам на тоа.:jaj:
 
Има една статија која ја прочитав ,која вели дека наскоро би можело да се создадат инекции кои ќе им помогнат на луѓето да ги забораваат непријатните доживувања,спомени па и своите стравови.

Дали вие би се подложиле на такво нешто?
Дали посакувате некогаш да не се сеќавате на некои работи кои сте ги направиле или кои ви се случиле?Дали би сакале да можете така како со гума да избришете и заборавите работи/стравови или сепак не? Зашто да/зашто не?
Оу јеа! И тоа многу би сакала да заборавам негативни импресии... Сепак, компензацијата за заборавањето е скорото избледување на истите... Сепак, грешки сме, луѓе правиме, но не би сакала да ги паметам моите грешки. Многу често кога ќе се потсетам на некоја дешавка која сум ја предизвикала, а која била непријатна од било кој аспект на моето живеење, ми доаѓа негативен наплив на енергија и впечатокот го доживувам повторно со мачнина речиси иста како таа во минатото... Гаден филинг... Со избледувањето на негативните случувања, би ги паметеле само убавите, така што животот, барем привидно во нашите глави, би бил прекрасен. Ова исто така би одело во паралела со Лајбциговата филозофија - Светот е совршен, наизменичното менување на доброто и злото, не се објективни туку само одраз на нашите слабости.
 
не нејќам, пошо стално од сите негативни спомени извлекваме некој заклучок некоја поука а ако ги избришам во наредни слични ситуации би ја праел истата грешка шо сум ја праел порано така да, не фала
 
само одреден дел од квалитетно избрани моменти :)
 
Имам можност.Лесно се справувам со таа работа.Лесно ги бришам негативните спомени :wink:
 
Би сакал. Јас сум онај што памети се, особено лошите спомени.
 
Никогаш , затоа што да ги нема лошите спомени не би ги ценела добрите нешта во мојот живот , би го немало вечното правило за совршена рамнотежа ,ниту пак конвенционалното користење на она што во моментот го перцепирам како лошо.
Грдите искуства ме направија силна , отпорна и среќна за тоа што сега го имам, ми беа поука за тоа што не сакам да бидам и мотив за зголемување на сите амбиции.
Јинг-јанг:wink:
 
Сите лоши спомени во мојот живот се подпомогнати и инспирирани од лошите особини на луѓето,
така што, несакам да ги бришам.
Нека останат во мене засекогаш да ме потсетуваат каков не треба да бидам.
 
да беше лесно да се избришат лошите спомени се ќе беше полесно....сакам да ги заборавам поради едноставна причина што сеауште чуствувам болка од нив,и сеауште трошам време размислувајќи за тие спомени,мана голема ми е што може премногу размислувам на прошлоста.....незнам како да го променам тоа.....
 
Понекогаш посакувам ... Но како и да е тие се дел од нас , понекогаш и учиме од нив за понатаму во животот но не можеш да ги избегнеш или да ги заборавиш, оставаат голем впечаток во тебе и е потешко да ги заборавиш. Понекогаш повеќе ги памтиве лошите негативности отколку убавите работи во животот.:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom