▒IsNoGood▒
A hell of a brainiac
Не, не сакам да имам можност да ги бришам негативните спомени. Тие се токму оние кои секогаш ме потсетуваат да не ја направам истата грешка два пати, или во моменти на несигурност, тие ми влеваат самодоверба, со тоа што сведочат за препреките кои сум ги поминал. Ниту пак сакам да немам стравови. Тоа е во нашата природа, да се плашиме. Кога би немале стравови, би биле помалку човечни. Да немаш страв, значи да не се грижиш за последиците. Кога не се грижиш, се отвараат можности да ги повредиш другите, да се повредиш себеси, а тоа само по себе си носи несреќа. Значи човекот без страв не е среќен човек.
Секоја човекова карактеристика, повеќе или помалку, има свои позитивни и негативни страни. Штотуку во куси црти ги образложив моите ставови за негативната страна на отсуството на лошите спомени и немањето страв.