Дали би сакале да имате можност да ги бришете негативните спомени?

Не би сакал да ги избришам лошите спомени, бидејќи и тие се дел од мојот живот, тие делувале врз создавањето на мене како личност. Животот не е розев и утопија е да се доживуваат само убави работи. Секоја лоша работа не научува нешто ново, колку и да сакаме се да биде убаво и весело.
 
Колку што би сакал, толку и не би сакал. Животот не би можел да го вратам за да имам причина да ги избришам негативните спомени. Сепак тие негативни спомени би ми помогнале во иднина да има повеќе позитивни одколку негативни спомени. (Се надевам дека не би ми се повторила истата грешка од некој негативен спомен).
 
Не, дефинитивно не би сакала да ги избришам негативните особини...бидејќи баш тие ме прават она што сум...сето она што сум го доживеала без разлика на тоа дали е добро или лошо...дали заради некоја работа сум била среќна или не...тоа е мојот живот без разлика на тоа колку подеми и падови сум имала...негативните спомени..ме прават поискусна и поподготвена за утре, за она што ме очекува...:toe::helou:
 
Искуството е најлошиот учител затоа што прво ни го дава тестот а потоа лекцијата. Токму затоа не треба да ги бришеме негативните спомени, така само би изгубиле време за да научиме една иста лекција два пати.!
 
Премногу лоши спомени, случки ред други работи...но зашто да ги избришам кога тие на некој начин ме изградија како личност, ме направија силна и никогаш не би ги избришала...благодарејки на тие падови јас сум тоа што сум...
Ги применувам карактеристиките на тревата: кога ке ме згазнат, станувам и продолжувам понатаму, кога ке ме сопнат станувам се чистам од прашината и продолжувам...тоа е животот сакале или не...
 
Не би сакала да ги избришам лошите спомени бидејќи тие се дел од животот. Тоа ти е како лекција од животот и учење од грешките. Сепак кога станува збор за трауми од детство, злоупотребувани деца, девојки, оние кои носат тешки психички последници, би сакала да можат да се избришат!
 
Дефинитивни НЕ...па нели на грешките се учиме..и после се губи смислата на сето тоа, некои и не се грешки а се просто лоши спомени и случки ама сепак тие ми помогнале да созреам колку и да биле болни
а патем има една изрека "Оној кој го поминува детството неповреден никогаш нема да стане возрасен"
 
Какви и да се спомените, сепак не треба да се бришат, зашто тие те прават човек...
Да не биле тие некои моменти, не би биле тоа што сме сега.
 
Никако, баш ми е интересно да запаметам лоши искуства......не сум злопамтило де.....само не сакам да останам должен....си враќам долгови:pishtoldz....и со камата ако треба си враќам.
 
Несакам да ги бришам, тие ми се искуство и една лекција за да не дозволам да не ми се случат по втор пат
 
Не, дефинитивно. Се водам по тоа дека се' се случува со некоја причина. Сите настани, спомени, па и личности без разлика дали добри или лоши ме направиле да бидам она што сум. Да бидам ЈАС. Со сите мои предности и маани. Ми помогнале да продолжам понатаму, издигнувајќи се над тоа, да застанам на свои нозе, да бидам храбра и решителна, да продолжам понатаму со животот, зошто тоа е целата тематика на животот. Мораш да се избориш за да преживееш.
 
Не сакам да имам можност да ги избришам пошо сега би бил поглуп од претходно ако не биле негативните искуства.
 
„од грешките се учи“. Без разлика дали некои ситуации биле пријатни или непријатни за нас од нив нешто сме научиле, ако тоа се избрише од нашето сеќавање повторно ќе се најдеме во непријатна ситуација
Тие што го забораваат минатото осудени се истото да го повторуваат“ - Џорџ Санјана, философ
 
неее какво бришење....така не ке можам да си учам никогаш од грешките и секогаш ке сум на истото никогаш нема да продолжам понатаму...нема да го напрам следниот чекор во животот за да успеам во нешто..и да се избришат сите би биле срекни не би бил светот ваков ко шо е...како шо е кажано погоре..се се случува со причина
 
Не.
Како инаку би се потсеќала каква беда од човек бев и сум?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom