CafeDelMar
Luminance
Не два пати,ако сакаш и 10 пати ќе кажам.:prc:
Со целата почит кон тебе Марија.
Едноставно си премлада за да можеш толку сигурно да кажеш дека ни после 20 години не би имала потреба од нешто надвор од врската,по било кој начин тоа нешто да треба да се случи.
Животот не е книга,така е,животот не е теориски дел каде што ќе можеме да го манифистираме само преку зборови.Премногу искушенија се пред тебе,пред мене,а седни со ладна глава и размисли колку од сите тие милион искушенија нема да те натерат да се премислиш ,премислам па макар и во староста.Затоа тешко е да кажеш никогаш.
Јас велев дека никогаш нема ни со мисли да изневерам,да.И се мавав во гради колку сум јас верна дури и во мислите,ама изневерив со нив.А и тоа е неверство.Па сега сакам да повлечам се што имам кажано непромислено,без да го земам во предвид фактот дека сум премлада да можам за еден став да се фатам и толку силно да го бранам.
На прашањето дали би просила неверство...не сакам да се случи зошто се плашам како ќе реагирам.После толку љубов и еден таков шамар мислам дека нема да ме остави на земја,онака сигурна во врската што ја имам градено со години,ама не велам и дека туку така ќе заврши таа врска.
Има многу илјада зошто и илјада затоа.