Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Што е заклучокот, дека атрактивните се попромискуитетни или дека на атрактивните полесно им се простува?

Првпат да се согласам со Никола. Значи атрактивните не мора да значи дека се попромискуитетни но имаат повеќе можности да бидат промискуитетни, и да, полесно им се простува. Ама мислам дека е глупаво да го искористат тоа затоа што е глупаво да се прости неверство.
 
Првпат да се согласам со Никола.

Мене не ми е :)

Значи атрактивните не мора да значи дека се попромискуитетни но имаат повеќе можности да бидат промискуитетни, и да, полесно им се простува.

Претпоставувам дека ова спаѓа во општиот пакет "убавите полесно си поминуваат во животот".

Ама мислам дека е глупаво да го искористат тоа затоа што е глупаво да се прости неверство.

Да се греши е човечки, да се прости е боговски. Не го може тоа секој.
 
Ама доколку се работи за брак на пр. со дечиња и се случи нешто вакво, под околности да не функционираат работите како што треба меѓу нас и сме поодалечени духовно и физички, тогаш би опростил.
Само еднаш.
Не сакам разделени семејства и децата да ја плаќаат цената,ова само за нив.

Јас пак напротив, не би простила, баш поради децата. Не би сакала да страдаат и да мислат дека е нормален ладен однос помеѓу родителите, да сведочат префрлања и кавги. Поарно да примаат љубов од разделени родители, отколку омраза од “нормален“ брак.

Инаку, јас би простила, ама нема да заборавам и да останам во истата врска. Не сакам да ми прават тоа што не го правам. Не можам да речам дека никогаш не би изневерила, зошто ништо не е сигурно во животот, ама барем досега се водам по принципот дека ако ти се шара, поарно раскини и не повредувај и малтретирај други луѓе, чунки се се враќа во животот.
 
Да, ќе простам без двоумење :)
 
nikogas!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!nema sansi da mu prostam.....ako e so mene togas nema dr.
 
Неверство?!Зар јас не сум му доволна???Ненаситен??Мааа дааааај....

Јас сум личност со свои сфаќања и свои квалитети,несакам лажења а помалку неверство што мислам дека e многу нормално...Сегаааа, знам дека кога си заљубен срцето е во предност и блааа блаа блаа...ама се додека постојам нема да наоѓам начин да поминувам преку себе,да молам,да простувам нечии грешки кои се свесно направени и да бидам таа добрата!Ако се добри со мене јас сум уште подобра,знам неизмерно многу да сакам и да уживам во нечии прегратки...да се радувам на секоја ситница и да бидам среќна што имам некој што ме сака и цени таква!Се додека му е доволно се што можам да дадам ќе биде со мене,ако сака да ме вара воопшто не размислувам...поубаво е да раскинеме онака како што доликува одколку да ми наоѓа замена.Чиста сметка долга љубов.Не простувам и покрај тоа што сум многу сентиментална...If you fu*k with me,you fu*ck with the best lalala:
 
да можам да простам неверство ако типот со кого што сум навистина ми значи. и плус скоро сите изневеруваат некогаш во животот. неверство од типот на сех за една вечер и не е толку страшно. се случува. но кога тоа трае подолго време и има чувства во сето тоа, е тоа е веќе друга приказна.
треба да бидете пореални и да престанете да верувате во бајкатa дека тој/таа никогаш нема да ве изневери.
 
Никогаш... Ако е неверен, го отпишувам одма
 
Никогаш.... Колку и да е злобно или незнам какво... Тоа е нешто што никогаш не би простила, без никакви исклучочи (особено не дека бил пијан!)... Незнам зашто, ама тоа е нешто што највеќе мразам....
 
Искрено не би простила, без разлика за која личност станува и поради кои причини се е случило тоа. Ако станува збор за личност шо не ми е значила доволно, многу полесно ке ми биде да ставам крај, а од друга страна ако станува збор за личност шо ја сакам, ке биде потешко ама мотивацијата у такви моменти е помислата на тоа шо следува. Дека после изневерување ништо, ама баш ништо неможе да биде како шо е било. После тоа ке го очекувам истото, едноставно такви работи особено од личност шо ти значе неможеш да ги заборавеш, и затоа подобро понастрана од тоа и од можност да се повторе истото.
 
Неверство простуваат оние кои се самосвесни дека тешко би си нашле друга женска.
Тие стануваат и папучари.

Јас не би простил,во никој случај,тоа е доказ за комплетна недоверба и изигрување на партнерот.
 
Мислев дека нема да простам...Но простив....Уште се каам за тоа..:toe:
 
би простила само кога и тој би ми простил мене а тоа е никогаш
 
Нема никаква теорија да се прости неверство...каков будала треба да сум да простам...најдобро ако те изневери да не дознаеш, нели она што не знаеш не може да те боли...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom