Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Aбе види сега,те разбирам што сакаш да кажеш но од кај знаеш ти дали тој навистина си ја сака девојката или е со неа само од забава,не заборавај дека денес постојат врски чисто онака за да не си сам...а ти ке се стискаш мислејки дека тој ја сака и дека нема да имаш шанси.
Не знаеш што се врти во неговиот ум и дали има или нема чуства за тебе...А повредени нормално дека ке има,дали заради тебе или друга причина,а сега дали сакаш да признаеш или не твој е проблемот само што чуствата повремено ке те издаваат.
Нема врска дали јас знам или не знам што осеќа, поентата е дека не треба да си играм со оган. Не е само рационалност во прашање, едноставно навистина мислам дека ако двајца имаат чувства еден спрема друг, а тој едниот е во врска, тогаш тој е оној кој треба да одлучи што треба да прави, т.е дали да продолжи со врската или да ја прекине. Која сум јас од нигде негде да му речам еј знаеш што јас те сакам... Мислам нема логика. Нема што јас да му искажувам чувства.
Да бидам искрен, сум бил во ваква ситуација. Од една страна ќе се сложам со Рубин Ред дека ништо не се знае се` додека не се испроба. Да бидам реален, кај мене не успеа. Што е и најлошото можеби ги расипавме оние блиски другарски односи што ги имавме предтоа. Така да, КАко јас би правел за во иднина е тоа дека не би признавал. Но тоа сум само јас.
Од друга страна „разумниот“ одговор на Crazy in love е тоа дека не треба... Пак има доза реалност. Ако преубаво си поминувате заедно и без тоа да му/и` признаеш дека ја сакаш, зошто би ја правел таа грешка? Така да тука би се сложил со Crazy in love.
Не е тоа разумен одговор, не се согласувам. Не сум била никогаш поборник на рационалноста во суштина. Тука станува збор за друга работа. Што ако тоа е моментална занесеност? Зашто да се истрчувам како прле пред магаре, кога тие двајца можеби навистина се сакаат, па која сум јас да поматува нечија љубов. Ако тој осеќа нешто спрема мене, би превземал мерки, нема што јас да иницирам такви работи. Реков и погоре и кога немале девојка не сум искажувала прва чувства од икс причини, а не дај Боже да знам дека има девојка и да му кажам слушај, јас имам чувства... Никогаш. Па ни тогаш.
Баш тогаш би била најмалку смела и најмалку храбра, од причина што тогаш би била најранлива... Некогаш најтешка работа на свет е да му кажеш што осеќаш на тој кон кој имаш силни чувства, затоа што знаеш дека исходот може да биде поразителен. Посебно во ваков деликатен случај.... Јазикот за заби колку и да е тешко, ако е вистинска љубов, ќе се најдеме... некогаш и некаде... до тогаш, туѓа среќа не чепкам.Но... да бидеме реални... Кој, кога имал јаки чувства, не бил доволно смел и не и` признал на личноста, па макар и таа да имала свој партнер?
лошо се осеќав во нејзина кожа