Дали би и кажал/а на некој/а ТЕ САКАМ иако знаеш дека има Партнер?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sara_Hott
  • Време на започнување Време на започнување
Aбе види сега,те разбирам што сакаш да кажеш но од кај знаеш ти дали тој навистина си ја сака девојката или е со неа само од забава,не заборавај дека денес постојат врски чисто онака за да не си сам...а ти ке се стискаш мислејки дека тој ја сака и дека нема да имаш шанси.
Не знаеш што се врти во неговиот ум и дали има или нема чуства за тебе...А повредени нормално дека ке има,дали заради тебе или друга причина,а сега дали сакаш да признаеш или не твој е проблемот само што чуствата повремено ке те издаваат.

Нема врска дали јас знам или не знам што осеќа, поентата е дека не треба да си играм со оган. Не е само рационалност во прашање, едноставно навистина мислам дека ако двајца имаат чувства еден спрема друг, а тој едниот е во врска, тогаш тој е оној кој треба да одлучи што треба да прави, т.е дали да продолжи со врската или да ја прекине. Која сум јас од нигде негде да му речам еј знаеш што јас те сакам... Мислам нема логика. Нема што јас да му искажувам чувства.


Да бидам искрен, сум бил во ваква ситуација. Од една страна ќе се сложам со Рубин Ред дека ништо не се знае се` додека не се испроба. Да бидам реален, кај мене не успеа. Што е и најлошото можеби ги расипавме оние блиски другарски односи што ги имавме предтоа. Така да, КАко јас би правел за во иднина е тоа дека не би признавал. Но тоа сум само јас.

Од друга страна „разумниот“ одговор на Crazy in love е тоа дека не треба... Пак има доза реалност. Ако преубаво си поминувате заедно и без тоа да му/и` признаеш дека ја сакаш, зошто би ја правел таа грешка? Така да тука би се сложил со Crazy in love.

Не е тоа разумен одговор, не се согласувам. Не сум била никогаш поборник на рационалноста во суштина. Тука станува збор за друга работа. Што ако тоа е моментална занесеност? Зашто да се истрчувам како прле пред магаре, кога тие двајца можеби навистина се сакаат, па која сум јас да поматува нечија љубов. Ако тој осеќа нешто спрема мене, би превземал мерки, нема што јас да иницирам такви работи. Реков и погоре и кога немале девојка не сум искажувала прва чувства од икс причини, а не дај Боже да знам дека има девојка и да му кажам слушај, јас имам чувства... Никогаш. Па ни тогаш.

Но... да бидеме реални... Кој, кога имал јаки чувства, не бил доволно смел и не и` признал на личноста, па макар и таа да имала свој партнер?
Баш тогаш би била најмалку смела и најмалку храбра, од причина што тогаш би била најранлива... Некогаш најтешка работа на свет е да му кажеш што осеќаш на тој кон кој имаш силни чувства, затоа што знаеш дека исходот може да биде поразителен. Посебно во ваков деликатен случај.... Јазикот за заби колку и да е тешко, ако е вистинска љубов, ќе се најдеме... некогаш и некаде... до тогаш, туѓа среќа не чепкам.
 
Не бе какво кажување тоа требе да се чува како државна тајна !
Ако писнеш и крај ќе биде и со тебе и со неа така да нема ефект
 
крејзи ин лав, уопште не си крејзи :smir:
 
крејзи ин лав, уопште не си крејзи :smir:

indeed.

Прашуваш Крејзи која си ти таа да се мешаш во врска бла бла. Ти стои најчовечно. Така си воспитана, така ти е граден карактерот, така си градена како индивидуа. Оправдано, но сепак грешка. Најчовечно е човек да сака да биде среќен и најчовечно, онака инстинктивно е да се става себеси прв па после други. Никогаш не треба да се ставаш после други. Е сега, дали ќе се вмешаш со изговорајќи дека ја сакаш таа личност или на друг начин не е битно. Пошто, тие зборови според постовите за тебе имаат уште многу големо значење од обична занесеност. И тоа е друга тема.

Јас би. И сум. И испаднало одлично.
 
колку само и јас го имав истиов став како крејзи, до пред само еден месец....откако го сменив за 360, т.е случката ме смени, притоа го цитирав своето старо мислење и го преправив, до таа мера што сега ги осудувам таквите....но не и себе, чудно, отсекогаш сум бил критичен кон себе, но не и овој пат, веројатно дека се работи за љубов па својата самодоверба се обидувам да ја одржам на високо ниво....сигурно нема сам да си ја рушам, нели.

воден од мислењето на вот с(о кое се согласувам), дека секогаш треба да се ставиш на прво место, без разлика на околностите. следбено на тоа, пробав да се ставам во улога на крејзи, која вели дека тешко изразува љубов дури и тогаш кога е заљубена и кога парнерот тоа го чувствува.....хипотетички гледано, ти и во тој случај не би искажала љубов водејќи се од размислувањето „да не се мешам``, бидејќи можно е и да си втора нели?, веројатно и таа несигурност во тебе неакаде се крие (иако знам деке нема да се сложиш со ова), за фатот дека можеби и не си само ти што ќе му искаже љубов нему, затоа и не го правиш тоа...
ок излегувам од ликот на крејзи :) лошо се осеќав во нејзина кожа :) шала, навика ми е ова, често ја правам таа промена на ликот, за да можам пообјективно да си ја изанализирам ситуацијата..да не ме сфатиш погрешно. :smir:

друга работа, генерлно зборам, ако таај го остави него само затоа што јас ја сакам, тогаш не гледам причина да и верувам дека тоа нема да го стори и со мене (ме остави) за некој друг... според ова мислење, би требала крејзи да е во право, затоа што не ги кажува чувствата на секого, а најмалце па на некој што и се засвиѓал, згора на тоа има и партнерка во која „е`` заљубен. Но сигурно работите така лесно не се менуваа со само 2 збора (те сакам), па затоа мислам дека е подобро сепак да се искаже чувството, а за тоа дека мешам прсти се зависи од нив двајца, колку ќе дозволат да се замешаш, повеќе секако од оној кому ќе му биде искажана љубовта, и од неговата ментална стабилност, (знае што сака, знае што чувствува)


преносно, трет човек во табланет, каде на крајот еден ќе остане со помалце карти, во 90% овој што седнал да игра подоцна е тој што ке добие карта помалце, нели нему последен му се дели? освен ако овој делачов не направи дубара и го смени правецот на кругот на делење....коа ке видиш пак од него зависи...

доста се вртиш у круг будало една, доста филозофираш ко жена некоја, иди да спиеш.
 
Повеќе НЕ!
Има доволно слободни мажи, кои се неверојатно привлечни за да си го губам времето со некој таков. Со што тој некој го заслужил моето те сакам? Или јас додатни проблеми од небитна причина- моментална страст или воодушевување од гест стекнат со искуство.
 
Еден мој другар осеќам дека ќе оспука вака во скоро време ќе и каже на една дека ја сака а она има врска од подолго време а и не ми изгледа нешто посебно загреана.

Ќе биде лошо :kesa:
 
Нема врска дали јас знам или не знам што осеќа, поентата е дека не треба да си играм со оган. Не е само рационалност во прашање, едноставно навистина мислам дека ако двајца имаат чувства еден спрема друг, а тој едниот е во врска, тогаш тој е оној кој треба да одлучи што треба да прави, т.е дали да продолжи со врската или да ја прекине. Која сум јас од нигде негде да му речам еј знаеш што јас те сакам... Мислам нема логика. Нема што јас да му искажувам чувства.




Не е тоа разумен одговор, не се согласувам. Не сум била никогаш поборник на рационалноста во суштина. Тука станува збор за друга работа. Што ако тоа е моментална занесеност? Зашто да се истрчувам како прле пред магаре, кога тие двајца можеби навистина се сакаат, па која сум јас да поматува нечија љубов. Ако тој осеќа нешто спрема мене, би превземал мерки, нема што јас да иницирам такви работи. Реков и погоре и кога немале девојка не сум искажувала прва чувства од икс причини, а не дај Боже да знам дека има девојка и да му кажам слушај, јас имам чувства... Никогаш. Па ни тогаш.


Баш тогаш би била најмалку смела и најмалку храбра, од причина што тогаш би била најранлива... Некогаш најтешка работа на свет е да му кажеш што осеќаш на тој кон кој имаш силни чувства, затоа што знаеш дека исходот може да биде поразителен. Посебно во ваков деликатен случај.... Јазикот за заби колку и да е тешко, ако е вистинска љубов, ќе се најдеме... некогаш и некаде... до тогаш, туѓа среќа не чепкам.

Вака сеа...

Во првиот болд самата се побиваш. „Што ако (дата дата дата) тогаш (дата дата дата). Ова е типично рационално размислување.
Е сеа за другово не можам многу да кажувам иако и ова има некоја врска со разумот - (ако сум заљубена, тогаш сум најранлива). Иако има и луѓе кои се вакви, но сепак морам да кажам дека додека не се заљубиш асално - нема да знаеш кое е чувството. Значи разум во љубов е одлично, но кога треба да се заштитиш најпрво самата пред сите. А најчесто тоа е после лошиот исход. Истотака разумот е потребен во врска каде двете индивидуи се во длабока врска и каде навиките се навлезени длабоко во нивниот живот. Сеа не ти продавам нешто као треба до тогаш да испробуваш, експериментираш, но никогаш (или мноооогу ретко) се случува тоа дека двете личности се заљубуваат меѓу себе во ист момент.
За искажување на љубов кон личноста која веќе е во врска не го сметам за некултурно... Но за неразумно - да.

Мала дополна. Под никаков случај не би и` изјавил ако таа е со мој другар. Тогаш и учтивоста и разумот одат во неповрат.
 
Sho mie gajle :) Ako doshol do toj stepen deka sum go zasakala ke mu kazam. Nema beganje od vistinata. Ako jadam korpa jadam, ako ne jadam korpa mozi srekni ke bidime :)
 
Не ми е јасно каква врска има мојата љубов со врската на личноста која што ја сакам?
Она што ми е мене должност (не го згрешив зборот) е да бидам искрена кон оние кои што ги сакам и со самото тоа за да може една релација да опстане или не, зошто не ми е јасно зошто би се измачувала себе да останам во контакт кога тоа не влијае добро по мене, е да го кажам и разјаснам она што го мислам и чувствувам.Малку е себично и егоцентрично да претпоставувам како некој друг би одлучил и воопшто да не му ја дадам можноста да биде запознаен со тоа што навистина се случува.Не го гледам како мешање во врска од причина што јас само информирам, не делувам.

Секако, исходот може да биде само позитивен.Ако има тука емоции и од другата страна, човекот ќе може да си ја реши ситуацијата така како што мисли дека е поволно и можеме да пробаме до каде би одела таа љубов.Ако нема тогаш си на јасно и можеш да си продолжиш со животот, знаејќи дека си направил се што било во твоја моќ и си чист пред себе.Не гледам како може да се изгуби, is't a win win.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom