Dakar: 2009 Edition

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Возраст
36
Локација
skopYEAH
Веб-сајт
be.net
Оваа година Дакарот добива нова рута за возење, Аргентина-Чиле.
parcours.jpg

Се почнува на 03/01/09 во Buenos Aires, а завршува на 18/01/08 Buenos Aires. Малце тиња рута и се губи смислата на Дакар но тоа е тоа и останува да видиме како ќе се одвива трката:)

Категориите си се тие што си беа Moto, Car, Truck, и ако не се лажам од сега има и Quad.

Moto класата има 235 учесници
Car класата има 194 учесници
Truck класата има 84 учесници
и најмалата класа Quad има 29 учесници.

Добро познатите Стефан Петерхансел, Кирил Деспрес и русинот Чагин си ги зафатија местата на Дакаров:)

Па да дочекаме до почетокот т.е. 3та:)

Повеќе информации и бла бла бла ТУКА
 
Абе драпај си мево... Тешко дека Дакар после ланските срања ке се врати на старите патеки. Подобро да не го возеа 3 години отколку да организираат вакви работи. Се знае каде е Дакар, каде е Сахара. Ова е само безвеза.....
 
не е тоа што беше, ама гледајте на светлата страна барем ке има нешто да се гледа
 
Што ќе гледаме?На А1 рапорт?:tapp:
 
Епа досадно беше само во Африка,се може да свртат негде низ Русија низ снег и кал до колена,па после Азија низ џунгла....да биде малце поразновидно.
 
Епа досадно беше само во Африка,се може да свртат негде низ Русија низ снег и кал до колена,па после Азија низ џунгла....да биде малце поразновидно.
Се тоа убаво, само што нема да биде Дакар...а зборуваме за Дакар...а едно време беше Париз - Дакар...
 
Епа досадно беше само во Африка,се може да свртат негде низ Русија низ снег и кал до колена,па после Азија низ џунгла....да биде малце поразновидно.

За разновидни подлоги, го имаме WRC. Овде се знаеше...се почнува од Париз (до пред некое време), кулминацијата е во Африка, на Сахара. И сите пропратни елементи кои пустината ја прават посебна. Не напразно се нарекуваШЕ најтешкото рели на светот. Сега, ќе имаме можеби подобар терен, ќе гледаме подобра вожња, али нема да имаме никакво поврзување со минатите сезони.
 
Се согласувам дека не е тоа што беше.Сахара бре бате се укопаш у песокот ни 5 камиони не те вадат тоа е финтата малце снаодливост а со подлогава тука не сум запознаен ама толку возбудливо колку што беше тешко дека ќе е и поинтересно.Ама ај боље нешто него ништо.
 
колку што се сеќавам беше париз-дакар...па Дакар 2008 а и него го скратија некој километар( а тоа е неколку стотици) па сеа дакар рели ама никаква врска со дакар...па дај до година нека се вози у катланово а нека се вика пак дакар...кој ги знае организаторите нека предложи таму :pos2: А иначе мора да се одржува па макар било тоа и во катланово...а причината ја знаете? - да се вртат парите на производителите!
А ке пренесува некој од нашиве телевизии????
 
Ваљда а1 како секоја година
 
добро А1 ама ме збуни бидејки нема најави многу!!! порано уште на поцеток на декември праеа реклама...дај боже да има ама секако ке биде крш...оѓекувам да биде слично на WRC каде сите завршуваат... а не париз-дакар знаеме дека пола и повеќе се губеа у пустина :pos2: со камилите
 
Ако се сеќавате лани поради што се откажа Париз-Дакар тогаш ви е јасно зошто оваа година ќе биде каде што ќе биде.
Јас икрено сакам да гледам пустинко рели како што било одсекогаш, ама тоа е што е.
И да на А1 ќе даваат дневни извештаи и хаилаитс како што правеа до сега.
 
Треба и името да го сменат..
Многу ми е жал што пропадна.. али тоа е..
Претходните години не го пропуштав, стварно ептен беше добро, јако и возбудливо, ова Аргентина-Чиле не е тоа тоа.
Колку само да се каже дека и оваа година ќе има рели Дакар... :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom