Dakar: 2009 Edition

Репортажите што одат денес се снимани вчера. :) Значи, гледавте како возеа вчера?
 
Има ли воопшто жени на овогодинешниов Дакар?

Неверојатно е. Уживам коа ги гледам како освојуваат бескрајни мориња песок, и ништо друго, ама баш ништо друго не им е важно во моментот. :)
Промената на рутата не изгледа страшно, евентуално освежува на моменти.
 
Поради повреда на рамото, совозачот на Карлос Сајнц, мораше да се откаже од Релито. А со тоа се откажува и Карлос Сајнц.

Значи водечкиот кај колите се откажа. Сега прв е Милер па следат Де Вилие, Рома, Гордон.
 
Јас не се интересирам многу за автомобилите. Мотоциклите се тие што ги гледам :)
Колку и да е добро не е тоа тоа. Една Аргентина и едно Чиле неможат да заменат нешто како Дакар.
 
Поради повреда на рамото, совозачот на Карлос Сајнц, мораше да се откаже од Релито. А со тоа се откажува и Карлос Сајнц.

Значи водечкиот кај колите се откажа. Сега прв е Милер па следат Де Вилие, Рома, Гордон.


Осеќам годинава ќе победе некој аматер или така нешто, ама пак добро е за промена. Не е интересно секоја година Петерхансел, Масуока, Сајнц да бидат меѓу најпрвите. Сега е шанса некој да се истакне кога сите досегашни фаворите испаднаа.

Не сите нели... уште се тука Рома, Гордон (кој за малку ќе се откажеше)
 
Криво ми е што Колин Мекри не успеа да победи на релито. Имаше еден настап на 2007 изданието но се откажа.

Ех.. Колин Мекри...

Имаше несреќа, се тркалаше цели 300 метри со Нисанот на релито... А како загина...
 
Мицубуши го напушта Дакар!
Глобалната финансиска криза ги собира жртвите во мото спортот. Релито Дакар остана без еден од најтрофејните екипи - Мицубиши.

Јапонскиот производител на автомобили соопшти дека тимот на Мицубиши, која дури 12 пати е победник на релито Дакар, поради последиците од глобалната економска криза веќе нема да учествува на најпознатото рели во светот.
"Страшно ни е жал, посебно поради нашите навивачи. Бевме добра екипа. Од 2004. година ги смалувавме трошковите но натпреварувањата продолжуваа а со тоа и намалувањето на нашиот буџет. Тешко ми е што морам да ви соопштам дека веќе нема да можеме да учествуваме" - изјави претседателот на Мицубиши, Осама Масуко.
За случајот да биде полош, екипата на Мицубиши нема да ја памети годинава по добрите случувања. Стефан Петерхансел не само што не успеа на овогодинешното Дакар рели да ја одбрани титулата, туку заедно со неговиот тимски колега се откажа од натпреварувањето пред само неколку етапи.
Компанијата Мицубиши, која во првата четвртина од годинава очекува губиток од 670 милиони долари, соопшти дека ќе се повлече од сите поголеми наптреварувања.
Повлекувањето на Мицубиши од релито Дакар е последно во низа од јапонските компании од ауто-мото спортот. Хонда се повлече од Формула 1, Сузука и Субари се повлекоа од натпреварувањата во Светскиот Рели Шампионат ( WRC ), а Кавасаки го напушти Мото ГП наптреварувањето.

Извор

Што остана од Дакар сега...:nesum:
 
Црни времиња за авто светот... Допрва ќе се размотува клопчето...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom