Тие што ја "фаќате" на ТВ не знам како можете да процените така серија по една епизода. Да беше така досега би се откажал од милион серии, вклучувајќи серии како The Wire, Sopranos, и особено да ја потенцирам LOST, кои сум ги "фатил" на ТВ и не ме привлекле внимание, за отпосле да им дадам шанса од самиот почеток, за да сфатам колку се квалитетни и добри.
Вистина е дека серијава не е ни приближно на ниво на горе споменатите, ама дефинитивно вреди да се гледа, затоа што има интересна приказна која е преполна со интриги, сплетки кои не сте ги ни замислиле дур ја гледавте, ама пошто не сте ја фатиле од почеток и сфатиле убаво серијата, затоа не ви ни привекла внимание. Серијава стартува слабо, но завршува фантастично, со јака кулминација во последните епизоди.
Не знам кои епизоди сте ги фатиле и ја проценувате серијава, ама би ве замолил да не билдате едни исти постови "Еј ја фатив, видов нешто, ама не ми изгледа интересно" а не сте и ни дале шанса уствари. Не би сакал никого да пријавувам за спам и да ви бришат мислења, би требало самите да сте свесни.
Темава е отворена за фанови на серијата, и оние кои ја пратат, оние што само ја фатиле, не се ни должни да коментираат. Е така