- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.307
Освен двата кај бит-пазар (тој кај подвожњакот и тој кај Мавровка после него), сите други те казнуваат зашто застануваш на жолто, место да јуриш.
Како што сум видел јас, само тие два се сихронизирани, кога првиот ќе запали зелено, вториот после 5-6 секунди исто пушта - па сите ги проаѓаат двата експресно.
А порано не беше така, иако мислам дека и сега ноќе им се изместуваат, кога се намалува времетраењето на "зеленото" на тој кај Мавровка/Универзитетот.
Имаше период кога важните семафори во центар беа синхронизирани, а и цела Партизанска беше средена. Исто така имаше период и кога сите саати проработеа (оние новите шо ги стаи Триш), а имаше период и кога во Пржино им ја носеа поштата, ама откако се пензионираше реонскиот поштар, сеа сами мораат да си ја зимаат.

Нема човек кој ги одржува електорнските работи во градот, мислам дека таму е проблемот. За споредба, Рамстор постојано има функционална рампа, зашто во негов интерес е да работи и заработува од тоа, па си задолжил човек. Градските обврски секој ги префрла на инстанци кои не се релевантни за такви проблеми.