Да сум градоначалник на Скопје...пууууу работа еден куп...одиме по ред
1.Би формирал ново комунално претпријатие во кое би вработил од 5-10.000 луге кои секојдневно би ги чистеле градските улици...Во мегувреме на секој булевар улица раскрсница тргивски комунална инспекција..за секој што фрла казна 2.500 на лице место...од таму би извадил еден дел за платите на вработените...а за инспекторите плата од градска каса...
2.Одма би ги продал ко старо железо сите автобуси на ЈСП...ке има некој денар за у градска каса...Одма би го прифатил предлогот на САНОС кој гласеше да се набават онолку автобуси нови колку што се потребни за целосна модернизација на јавниот градски превоз...не треба да се плака...туку ти да стопанисуваат со автобусите и од картите да си ги отплатат автобусите...Сметам дека трамвај не е потребно
3.Секој булевар во градот би го направил по углед на Партизанска(од соборна до универзална)со зеленило дрвца ова она
4.Поставување на нова патна сигнализација дека е ужасна
5.Реконструкција на влезот на градот(тој влез што е од автокоманда)..коа доагаш мислиш дека у Багдат влегуваш..тоа под хитно да се среди...гарант и влада ке дае некој денар
6.Уриване на пазарот Бит Пазар и градење трговски центар по европски терк..внатре нема да се продава облека и сл...туку исто што би се продавало на пазар ама многу модернизирано со клима и се..а не коа ке идеш на пазар да с онесвестиш(за ова пари дел од касата дел од кирија што ке се наплака на тезгаџиите)
7.На плоштад градење огромна фонтана со Александар Македонски...и средување на Камени мост дека не личи на на ништо
8.Кејот на вардар е за никаде...обраснат со грмушки и треви и за никаде..по цел кеј на вардар и од двете страни би изфрадил спорстски терени велоспипедски патеки ..оноа за скејтерите не ми текнува како се вика..значи кејот и од една и од друга страна да заличи на нешто...за ова ке бараме пари од странство...они секад даваат коа се у прашање најмладите
9.Под итно нов аеродром дека овој сегашниов е ко кочина или штала...ама гледам Владава нешто се заинтересира објави тендер...ке видиме за тоа ке има консултации со министерство за транспорт и врски:pos2:
10.Би го осветлил градов дека е темница жива и евентуално би изградил голема концертна сала...оваа новава е и за концерти ама боље да имаме специјализирана
Ете ова е мојата преродба на скопје у 10 чекори:pos2:
Придобивки
1.Скоро европска метропола
2.Нови работни места(за најугрозените обавезно плата ке биде стандард околу 7-8.000 колку да имаат да скрпат дупки..дека сега немаат ни денар)
Ако направам се ова ке има и втор мандат во кои приоритет ке бидат реконструкција на железничка станица и градење социјални центри за згрижување на децата од улица..и...А ДА СЕ КАНДИДИРАМ ЈА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК?

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: