Јас сум непушач и сум против пушачите. Многу ми смета чадот на очи!
Затоа многу се израдував на оваа вест:
Наскоро вакцина против пушење
Компаниите ГлаксоСмитКлајн и Наби Фармацеутикалс направија вакцина против пушењето, што наскоро би требало да се појави на американскиот пазар.
Вакцината наречена NicVAX делува така што создава антитела што за себе ги врзуваат молекулите на никотинот со што го спречува да допре до мозокот каде создава зависност.
На пазарите, инаку се достапни многу различни средства како помош за откажување од цигарите, но нивната ефективност е релативно слаба. Според американските статистики, дури 90 проценти од пушачите кои ќе престанат да пушат во првата година повторно се враќаат на цигарите.
Според истражувањата, меѓу луѓето кои користеле NicVAX, двојно е помал бројот на оние кои повторно се вратиле на пушењето.
извор: a1.com.mk