Да се пуши или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Бате Недев
  • Време на започнување Време на започнување
Не пушам, не се дружам со пушачи. Така да нека се трујат, нека прат шо сакаат. Дома никој не пуши, за жена пушачка не би се решил. Може еколошко пушење.

Како прво:
Ти не си нормален.
Како второ:
Со ваков памет нема да го дочекаш тоа твое „еколошко пушење„
Како трето:
Нека забранат ,ќе почитувам секаде кај е забрането и ке се воздржам, не ми е некој проблем.
А иначе секој што се родил ке го крши копачот , некој побрзо некој поспоро.
Што се секирате првиве 100 години се тешки , после е многу лесно.
Пријатно.
 
Нормално дека е штетно пушењето и самите пушачи го знаат тоа,ама што да се праи,неможе некој да им забрани.
 
Може да знам зошто ми е избришан постот со видеата од Бил Хикс кога збори за пушењето?

Во темата “Образложувања...“ нема ништо наведено.
 
Не треба да има забрана али ај.И ај сеа ќе се убиеме ради пушење.Боље да престане производство цигари него закон против пушење.
 
Не треба да има забрана али ај.И ај сеа ќе се убиеме ради пушење.Боље да престане производство цигари него закон против пушење.

Ами после???

Тие луѓе што ќе работат,еве тутунарите, фирмите...башка има квалитетен тутун-абе како да објаснуваш на луѓе што не се никотиномани:toe:
 
Јас сум непушач и сум против пушачите. Многу ми смета чадот на очи! Затоа многу се израдував на оваа вест:

Наскоро вакцина против пушење

vakcina-hpv1.jpg

Компаниите ГлаксоСмитКлајн и Наби Фармацеутикалс направија вакцина против пушењето, што наскоро би требало да се појави на американскиот пазар.

Вакцината наречена NicVAX делува така што создава антитела што за себе ги врзуваат молекулите на никотинот со што го спречува да допре до мозокот каде создава зависност.

На пазарите, инаку се достапни многу различни средства како помош за откажување од цигарите, но нивната ефективност е релативно слаба. Според американските статистики, дури 90 проценти од пушачите кои ќе престанат да пушат во првата година повторно се враќаат на цигарите.

Според истражувањата, меѓу луѓето кои користеле NicVAX, двојно е помал бројот на оние кои повторно се вратиле на пушењето.

извор: a1.com.mk
 
Јас лично не пушам, али немам ништо против тие што пушат (иако ми смета чадот од цигарите). Сепак тоа си е право на секој дали ке пуши или не, иако во затворени простории е многу глупо кога се пуши и неможеш ништо пред себе да видиш од чадот али сепак тоа е.
 
Абе и мене ми пречи прдењето и ждргањето во јавност, јадењето на крави, гледањето на сапунски серии, слушањето на геј геј и компанија па никому ништо, и нека не сакам да се забрани тоа, бидејќи е индивидуално право.

Така да оставете не на раат да си пушиме цигари и други свети билки бидејќи срамота е 21век сме.
 
Јас сум непушач и сум против пушачите. Многу ми смета чадот на очи! Затоа многу се израдував на оваа вест:

Наскоро вакцина против пушење

vakcina-hpv1.jpg

Компаниите ГлаксоСмитКлајн и Наби Фармацеутикалс направија вакцина против пушењето, што наскоро би требало да се појави на американскиот пазар.

Вакцината наречена NicVAX делува така што создава антитела што за себе ги врзуваат молекулите на никотинот со што го спречува да допре до мозокот каде создава зависност.

На пазарите, инаку се достапни многу различни средства како помош за откажување од цигарите, но нивната ефективност е релативно слаба. Според американските статистики, дури 90 проценти од пушачите кои ќе престанат да пушат во првата година повторно се враќаат на цигарите.

Според истражувањата, меѓу луѓето кои користеле NicVAX, двојно е помал бројот на оние кои повторно се вратиле на пушењето.

извор: a1.com.mk
Ти си против пушачите?! Не ми е јасно кој ти даде такво право да му судиш на туѓ живот како прво... И што треба некој да прај во животот.
Ти се израдува дека некои американчиња направиле некоја вакцина и мислиш дека тоа ќе ни го опрај општеството? Процентуално гледано гинат многу појќе луѓе од сообраќајки годишно него од пушење цигари! Оти не бидеш против возење??? Ако ти сметаат цигарите не седи во просторија кај што се пуши и готово решен проблем.
 
Поштовање за посто!

Да не се повторувам, истото и ја ке го напишев.:toe:
 
Ами после???

Тие луѓе што ќе работат,еве тутунарите, фирмите...башка има квалитетен тутун-абе како да објаснуваш на луѓе што не се никотиномани:toe:

Имам тежок пушач дома,и сфаќам како е да ви забранат,затоа го наведов тоа погоре.Не треба да постои тој закон али ај.Толку години нема зуцнато за ова сеа им текна.Џандарска држава,мислат ќе влеземе у еу.:tapp:
 
Јас сум непушач и сум против пушачите.

Полека,зошто против,еве на пример од алкохолот имаме последици како трајно слепило,цироза,уништени семејства па социјални трошоци...тепачки,убиства сообраќајни незгоди...ете скоро во турција двајца германски тинејџери го загубија животот од алкохол,ајде ова поретко,ама во русија гинат околу 50000 луѓе од алкохолот(с.е разбира директно и индиректно)

Се предвидува депопулација...таму алкохолот е веќе општествен проблем,ама кутрите не можат да ја решат ситуацијата...мора да се троши водка:toe:

Нејсе не е работава да бираме што е полошо или подобро,немаш основ да бидеш против бидејќи тоа дали некој ќе пуши или не е негово право.
 
На аеродромите во САД (Лос Анџелес0 стои натпис “smokıng ıs consıdered low class" демек само сељаците пушат, а оние...повисоките дуваат ин шмркаат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom