Да се пуши или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Бате Недев
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум непушач и сум против пушачите. Многу ми смета чадот на очи! Затоа многу се израдував на оваа вест:

Наскоро вакцина против пушење

vakcina-hpv1.jpg




Компаниите ГлаксоСмитКлајн и Наби Фармацеутикалс направија вакцина против пушењето, што наскоро би требало да се појави на американскиот пазар.

Вакцината наречена NicVAX делува така што создава антитела што за себе ги врзуваат молекулите на никотинот со што го спречува да допре до мозокот каде создава зависност.

На пазарите, инаку се достапни многу различни средства како помош за откажување од цигарите, но нивната ефективност е релативно слаба. Според американските статистики, дури 90 проценти од пушачите кои ќе престанат да пушат во првата година повторно се враќаат на цигарите.

Според истражувањата, меѓу луѓето кои користеле NicVAX, двојно е помал бројот на оние кои повторно се вратиле на пушењето.

извор: a1.com.mk
хих, а зашто се израдува ти? Демек, сега сите пушачи ќе се вакцинираат за да ги остават цигарите :). А згора на тоа од текстов гледам дека вакцината е 45% ефективна, бидејќи е половина од тие 90% од пушачите кои престануваат да пушат и по првата година повторно се враќаат на цигарите. А, со вакцината се враќаат 45%. Сега тој успех се должи на автосугестијата дека имаат нешто земено што ќе им помогне да ги остави цигарите, или навистина помага?
 
@ bounty_hunter, dacimf, smart ass

Не мислев ништо лошо со тоа што реков дека сум против пушачите. Уствари мислев, ама не дека ги мразам, се дружам јас и со пушачи и со непушачи и дома имам пушач. Зборот ми беше дека сами се криви за последиците кои ги трпат. Имаше вчера на а1 на вести(не можам сега да го најдам видеото) како се повеќе пушачи се жалат на здраствени проблеми(отежнато дишење, хронична болка итн.). Тоа е последица на нивниот сопствен избор. Инаку не го сакам и тоа што индиректно влијаат на туѓите животи! Го рековте истото и за алкохолот, ама не е исто. Пример ќе се земам јас. Најмногу ми смета димот од цигарите. Не ми се оди во диско заради тој чад, бидејќи потоа имам проблеми со очите(ме печат и нон-стоп ми се насолзени). И јас пробав цигари неколку пати, ама не ми се допаѓаа и ги фрлив(буквално)!
 
Изборот си останува на (не)пушачот, дали ќе запали цигара или не. Во современово општество имаме можност да бираме повеќе работи, па камо ли за пушењето. Иако сме свесни за можноста од заболувања (ако претеруваш со цигари, нормално), пак постојат милијарди пушачи. Има и случаеви каде ќе прочитаме некој 110 год. старец, пушел од неговата 5 год. па нема гајле. Зависи од човекот пред се. Јас сум за можноста да се бира. Кој сака нека си пуши, а другите нека не му трубат како тоа било штетно.
 
На аеродромите во САД (Лос Анџелес0 стои натпис “smokıng ıs consıdered low class" демек само сељаците пушат, а оние...повисоките дуваат ин шмркаат
хахахахахахаха ццццццц каква глупост еј! Ако ме прашуваш мене нема поголеми сељаци од американците! Најголемиот џган и измет од европа е соберен во америка! Историски гледано...
 
auuu bravo za vakcinava ke mora da ja zeam zaso nekako tesko mi ide otkazuvanjevo :(
 
Една работа неможам да разберам. Се воведуваат закони за забрана на пушењето, се пуштаат реклами за штетноста на цигарите и слично. Доколку е навистина така зашто едноставно не се забрани нивната продажба ? Зашто владите дозволуваат продажба на цигари на секој чекор, даваат субвенции на производителите на тутун. Во спротивно се што е легално може да се конзумира било каде. Цигарите се штетни у главном за непушачите. Тие ги носат законите и вршат поделба меѓу луѓето. Зашто да постои забрана за пушење по кафичи, кафани и други места, тоа нека го одреди газдата на локалот. Владата може да има ингеренции во нејзините објекти и администрацијата останатите треба да имаа право на избор.
 
Според мене подобро би било да не се пуши, се загадуваме сите.
 
Ма нека си ебат маме сите пушачи, алаф да е на владата со оваа акција од 2010 без цигари! Само што се вратив од диско и смрдам на цигари, не можам ваков да спијам! Како може некој да ги поднесе еден Господ НЕ ЗНАЕ!!!!
 
Незнам дали сте го гледале ова...не е баш најново...али се убив од смеење!
Грујо ака Хитлер - Закон за пушење
http://mesto.com.mk/video/7d8e236de973116/

Иначе треба да направат локали или места за пушачи и непушачи,па нека си реши народот сам што ке прави и кај ќе иде!
 
Важно! Пронајден начин за брзо и 100% ефикасно елиминирање на проблемот со пушењето...

Конечно е пронајден центарот во мозокот кој е одговорен за стварање на зависности пред се никотинската...

Оштетувањето на една сива точка во мозокот може засекогаш да ја избрише потребата за пушење цигари. До ова откритие дошле група американски доктори, откако еден пациент кој преживеал мозочен удар тврдел дека после ударот едноставно заборавил на цигарите.

Докторите објаснуваат дека овој случај јасно покажува дека инсулата е клучната точка во структурата на мозокот за потиснување на потребата да се зема дрога, односно дека е “столбот на зависноста”. Таа е местото каде што мозокот ги претвора физичките реакции во чувства, како што е чувството на вознемиреност кога срцето ќе почне забрзано да чука, меѓутоа, кога овие реакции се предизвикани од одредена супстанца, таа делува како центар кој управува со желбите.

Лоботомија за здрав живот

Сега е лесно...кој сака да ги остави цигарите...на неврохирургија...нема веќе апстиненцијални кризи,нема враќање кон пороците...:vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Да не се пуши би кажал и фала богу што овој закон се почитува :smir: И хахаахх конечно ставија и страотни слики на кутиите :vozbud: па сеа носат табакери :pos2: :helou:
 
Јас не пушам од пред минатата година, но никако да не им се одзема правото на другите групи ( утре можеби за алкохолот, кој споре мене е поштетен од пушењето).Така нема да има крај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom