Да можев да го вратам времето...

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Згрешив што кога требаше да се запишам во средно останав во мојот град да учам во гимназија во која не се учи ништо, се бараат само врски. Мака ми е... Требаше да се запишам во Битола... :(
 
Згрешив што се запишав природно - математичка комбинација во гимназија. Требаше општо нешто:toe:
 
Незнам сеуште дали згрешив за средно, отидов у РЈК а сакав уметничко...и уште сакам...али нема...сеа незнам дали ќе згрешам за на факс..ќе видиме..
 
Незнам сеуште дали згрешив за средно, отидов у РЈК а сакав уметничко...и уште сакам...али нема...сеа незнам дали ќе згрешам за на факс..ќе видиме..
и со РЈК моеш да си бидеп уметник ако имаш уметничка душа...

за мене: јас мислам дека се заебав што отидов ПТТ иако бев со тогаш максималните 70 бода, и диплома за меѓуградски натревар по елетроника со освоено второ место...али сакав електроника и компјутери а у ПТТ има многу електро со слабо компјутери....прво сакав во Коце Металец (сеа Михајло Пупин) али кога чув колку тепачки има....
 
Да можев да го вратам времето немаше прва година да поминам многу добра туку ќе бев одлична:toe:
 
Згрешив што завршив основно во Песталоци.
 
Згрешив што завршив основно во Песталоци.
ако може да знам зошто?? јас мислам дека едно основно не е различно од друго...не е како средно па различни предмети да имаш...
 
Згрешив што учев гимназија средно, и тоа само за да не одам настрана (сакав уметност или музичко да учам средно).
 
Да можев да го вратам времето е го вратев 15 мин.. :) за да можаме пак да стоиме пред Каме .. :)... а не сега секој по дома..
 
Да можам да го вратам времето ке се запишев у градинка една година порано и сега немаше да полагам матура а за средно може би отишол некаде кај што има повеке женски дека до сега учев со 34 машки во клас.
 
Ама ништо не би сменила, ама баш ништо што се однесува до образованието.
Средно ко средно гимназија нормално тоа се знаеше уште кога бев 5то одделение. Сакав да запишам филозофија, сакаа да запишам јазици и се решив за економија една ноќ во 4 саатот станав и решив, значи неможев да спијам додека не се одлучам. Не жалам ниту еден денар ни евро незнам што што сум го дала за моето образование, зашто добив навистина во права смисла образование како и во средно така и на факултет. Многу логично си го избирав патот по кој одам за да не дојде то тоа не си го сакам факултетот.:helou:
 
Да можев да го вратам времето и да сменам нешто, ќе ги послушав сите околу мене пред се мајка ми, и место да студирам медицина сепак требаше да си студирам ентериер, ама туу лејт премногу имам инвестирано до сеа.Затоа кој што и да ви каже немој да се заебете да завршите на медицински, комотно можете икс да стаивите на живот,живци и пред се здравје.
 
дефинитивно немаше да ја направам најглемата грешка во мојот живот.Немаше да се запишам во ЈБТ туку ќе си одев во Корчагин или стручно во Борис.
ама ете морав да го преживеам тоа време и за среќа сега сето тоа е позади мене.
Инаку за факсот. мислам дека неможев да направам подобар избор од она што го избрав.
 
Да можев да го вратам времето е го вратев 15 мин.. :) за да можаме пак да стоиме пред Каме .. :)... а не сега секој по дома..

:pos::pos::pos::pos::pos: Ти си на цело откачена.


Онтопик .....

Јас да можев да го вратам времето ќе се запишав на некоја прехрамбена струка, а не сега да тупам фармација.

Факс ? Не фала.
 
Многу пати сум размислувал на оваа тема и секогаш сум стигнувал до заклучек дека средното образование-гимназија (Никола Карев) ми бил вистинскиот избор, и покрај тоа што кога се запишав не бев многу среќен со својот избор, додека за на факултет малку се двоумам, доколку би се запишувал сега би избрал техничка, а не општествена наука. Од аспект на иднина и просперитет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom