Сите мои одлуки во поглед на моето образование и иднина досега се покажаа како одлични и за ништо не би ги менувал.
Средно - Запишав во милата гим. Јане Сандански

. Преверзно блиску ми беше, 98% од пријателите и врсниците се запишаа таму. Прекрасно поминати 4 год. исполнети со смеа, муабети, мајтапи, расправии, караници и триста глупости. Во трета се решив за Општес.-Хума. смер и испадна полн погодок, последниве 2 год. со леснотија завршив одличен, и со ќееф и разбирање си учев предмети како Економија, Бизнис, Менаџмент, Право. Гимназијата ми пружи добро образование и драгоцени (пред)знаења за на факс, а одигра и клучна улога во поглед на моето трасирање кон студиите што ги запишав. Екстра профе. кадар ми се погоди, и со поголемиот дел од нив се простив и останав во одлични односи.
Факултет - Се запишав на УГД - Економски. Дали е исправна одлука ?? - Не знам рано е уште за таков заклучок, бруцош сум. Причината поради која не се запишав на УКИМ е пред се поради тоа што имав (само) 80 бодови, кои реално не ми гарантираа влез. Приватните ги елиминирав, бидејќи сум солиден ученик, сакам да учам и со мое знаење да ја стекнам и заслужам дипломата, а не мама и тато да платат за неа (без увреда на студентите кои се на приватен, тоа е само мој став).
Инаку единствено нешто поради кое би го вратил времето се средношколските денови. Би се вратил на 31.12.2009 - да поминам уште една убава Н.Г. со старото друштво, и да го проживеам уште еднаш последното тромесечие од четврта година, ништо повеќе

. Да не речам, вчера беше кога матуриравме, а веќе ми недостасуваат мноооогу луѓе кои се размавнаа кој на каде.
