cyber bulling

Член од
3 декември 2021
Мислења
1
Поени од реакции
2
Pocituvani clenovi na forumot,
Ke ve zamolam za vase mislenje vo vrska so denes se pozacestenoto sajber siledzistvo (cyber bullying) megju decata i mladite. Dali mislite deka postoi sajber siledzistvo megju deca i mladi vo Makedonija? Kako vie go dozivuvate toa? Dali ste imale iskustvo ili pak znaete nekoj sto imal iskustvo na ovaa tema? Dokolku sakate mozete da ni spodelite iskustvo. Sto mislite deka moze da se prevzemi za da se spreci ovaa pojava? Kakvi se posledici ostava vrz decata?
Vasite mislenja ke mi pomognat za podetalno da ja proucam i istrazam ovaa pojava.
Blagodaram odnapred.
Pozdrav
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.264
Поени од реакции
27.678
Еден ден ќе имаш дете кое на Тикток ќе добива навреди секојдневно, во Вибер групата ќе го исмејуваат, а на Снепчет ќе му се закачи педофил.
Ти само ќе му речеш „хахаха нигерче мое гаси го телефонот сине“.
Da.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Многу е лошо на темава да коментираат тие што немаат појма што всушност значи терминот cyber bullying или немаат никакво искуство со истото. Да му кажеш на некој што е малтретиран онлајн „Не ги есапи и терај си со животот“ е исто како на бездомник да му кажеш „Па што не си купиш куќа“.

Инаку јас сум имал искуство на темата, но не лично мое туку на моја блиска личност па не би сакал сега да прераскажувам што како во детали. Само ќе кажам дека се работеше за пробиен ФБ профил и одвратна уцена и закана дека многу приватни пораки ќе бидат објавени јавно, кое траеше подолг временски период и предизвика многу стрес и нервози. За среќа девојката имаше грб па силеџијата на крајот беше решен. Ама има многу кои немаат таква опција и мораат да трпат.

Мислам дека на децата може да остави големи последици, а тоа што може да се превземе како прв и основен чекор е едукација дека оваа појава треба да се сфати сериозно и дека е многу покомплексно отколку да кажеш „изгаси телефон и тргни се од компјутер“. Тој совет може ќе поминеше, ама пред 10 години.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Во врска со ова има неколку работи кои секој родител треба да ги знае и да му ги предочи на своето дете.

Прво социјални мрежи не се за деца под 13 години. Не за џабе таму прашува системот кога си роден.
Второ сигурноста и приватноста треба да бидат на многу високо ново.
И трето најважно, кога родителот ќе реши дека детето е доволно свесно за своите постапки на интернет тогаш да му дозволи да го користи а не оти синот на комшијата имал ајфон 12 овој да му купи ајфон 13 на неговото дете.

Компјутер не е за секое дете а не пак паметен телефон.

Ако се доведе детето во ситуација некој да го уценува, омаловажува, малтретира, провоцира и слично на интернет тоа е пред се вина на родителот кој во ова дигитално време предвреме сака неговото дете да е „современо“. Не, дете не можи да види современо и со сила да стани паметно со имање на тикток, инстаграм, фејзбук и што сти не друго. Не, не е нормално да дете од 5-6-7 години биди снимано дури и од сопствените родители како игра и пее на тикток па тој да се фали со види го моево како е прави тоа и тоа... децата не разбираат ништо но покасно тоа ќе доведе до нивно малтретирање од страна на врсниците или можеби и од повозрасни. Фала богу што ом.тв не распространето толку многу во Македонија како по балканот или во источна европа. Таму само прашање на време е кога некое дете ќе налета на педофил или манијак па набеди да прави нешто а овој да го сними и репродуцира вирално.

Ова брзо живеење каде родителите немаат време за сопствените деца па се обидуваат да им ги исполнат сите желби при што не ни размислуваат за последиците истите тие најпрво ќе удрат на нивните деца па после нема назад.

Не знам дали е точно но прочитав кометари дека неодамнешното видео со грашокот баш било споделено од родителите па после не не бришете не е добро. Интернетот памти и секој чекор во непознато може да биде или позитивен или негативен но ако не се внимава тој во најбројни случаи е негативен.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
па нормално дека коа правиш нешто да си центар пажња тоа нема да му се допадне на секого и ќе имаш хејтери.

Самото тоа што стануваш некаков фактор прави да имаш луѓе што ќе завидуваат и ќе пробаат да ти нашкодат. Тоа е дел од тој лајфстајл. Или ќе ги прифатиш хејтерите као дел од тоа или социјалните медиуми не се за тебе.
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
На братот Тајлер муабетот му држи вода. Исто ко шо има вреѓање у вистински живот така ќе има у таму. Кога на познатине луѓе не ги боли уво што по коментари им го пцујат цело племе на секој пост, не можам да сфатам зш обични деца паѓаат у трансови ако некој малце ги рецне на нет.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.269
Поени од реакции
22.507
Е бе шо размазени генерации ќе бевте. Све од мочка праени ...
Годините да ви ги имам, паметот да ви го немам.

У наше време булингот беше сто посто face to face и многу повеќе можеше да се настрада од тоа некој да ти пише у порака дека ќе ти го пукне носот или ќе ти ја скрши главата. Овде се беше реално наместо виртуелно.

Секој што ќе утнеше чист гол на физичко му фрлавме јакна на глава и го шутиравме у соблекувална. Јас затоа секогаш играв бек и на крај 2 пати тепав. И на утакмицата ќе зарогав некого и у соблекувална ќе шутирав некого.
Кога поголемите играа фудбал или баскет у школски двор и ако те пратеа по вода и се искурчиш - толку. Утредента твоите вареа блага пченица .
Кога од другото ривалско школо ќе дојдоа мајмуни да ви маваат рекет или да се курчат со тоа дека навиваат за ривалскиот кошаркарски клуб од градот одма им рипавме и ги шљакавме. После 2 месеца не искачавме од населба. Најбитно знаевме да се спротистваиме и да се бориме за нашите права ако имавме моќ ако не мудро да си премолчиме и прифатиме тоа што ќе ни го речат за да не се шетаме подоцна модри и потечени.

За секојдевните закачки низ школо за изглед, фризура, треснат гаф, фудбалски клуб за кој се навива подобро да не зборувам зошто тоа ни беше добро утро. И сите сега израснавме во прави мажи кој не плачат кај модетраторите ако некој ни пише дека сме глупи, смотани, неинветивни, дека не напаѓаат заради глупи рамки и дека не знаеме да отвориме една асална тема за натпревар за фотографија.

Ако сакате да бидете силни како нас почнете да навивате за некој фудбалски клуб (моја топла препорака се Јувентус од Италија ) и за некоја година ќе се исчеличите во вистински Спартанци ако успеете да ги издржите сите напади после секој блам на вашиот клуб.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554

што би им порачал на неуроатипичните деца?
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554
Ако не можат да си дозволат огнено оружје, по можност да носат ладно.
Значи на мојот внук кој е неуроатипично дете ми сугерираш да му поклонам нож за одбрана од булинг? Како тоа би изгледало?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
За жал се почесто се случуваат во светот вакви работи од кој крајот во некој случаеви жртвата си го одзема сопствениот живот.

Еве кај нашиве блиски соседи србите се случи најлошото нешто. Српска јутјуберка на 21 година си го одзеде животот.

Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
За жал се почесто се случуваат во светот вакви работи од кој крајот во некој случаеви жртвата си го одзема сопствениот живот.

Еве кај нашиве блиски соседи србите се случи најлошото нешто. Српска јутјуберка на 21 година си го одзеде животот.

За мртвите се најдобро и нека почива во мир Кика но тешко дека хејтот од пред две и пол години сега ја натерал да крене рака на себе. Бар јас не верувам во тоа и покрај сите статии и постови дека фановите на еден голем јутубер ја довеле до самоубиство. Но јбг добра е тоа кликбејт тема на која се влечат посети на сајтови и се земаат лајкови и споделувања.

Точно дека депресијата, анкциозноста па и сајбер булингот знаат да прелијат чаша но не е никогаш поради едно нешто туку се собирало се собирало многу многу ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom