Custom bikes или кастом мотори! - Сликички и коментари!!

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Дали моторов:

или ова што е на него:
...
...That is the question?
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Моторот се разбира, со моторот ќе си фатам и поубава што е таа на сликата.:icon_lol:
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
еве го нашиот мотор. Му го купив на маж ми прошлото лето за роденден. Он ова лето си го направи custom. 2005 Yamaha R1, 995cc

Ова е пред преправките:



а ова е после:




 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.678
Поени од реакции
4.794
Ubav motor ...........cccccc da imam eden vakov ....................
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Manga напиша:
Ubav motor ...........cccccc da imam eden vakov ....................
фала :icon_bigg

Ај, може еден ден ако даде Господ...

Мене ми е уште страв да се пуштам на улица да возам. Два пати ненормални жени возачи ќе не утепаа - еднаш на аутопут, а вториот пат на улица
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
А еве како изгледа секоја среда во Royal Oak, Detroit area. Има и спортски и крузери и chopers, и нормални и custom





 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Wow dobar low rider so produzena viluska.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Сакам летово ова чудо да го направам.



Проблеми: Немам алат (швајц апарат), немам мотор (ако имате совет или нешто за продавање кажете ...до кај 1000-1200 евра), ми требаат совети!

Немам проблеми за: Макотрпна работа и на крајот да изгледа слично на сликата. Само не знам како би го решил проблемот со вилушките ама би одел (за жал) на стандардни димензии. Имаше порано едни моторчиња од 125 кубика мислам беа...руски ако се сеќавам се продаваа за 500 евра нови...имаше реклами на ТВ...со екстра широки гуми...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не се исплати, не чини со 125-ка, башка овој тип е скап. V-машина, единствено нешто за тој рам.
Прво ти треба фрејм тејбл за да го направиш рамот (на кој ќе мораш да му нашвајцаш дел од оригиналниот рам со бројот, инаку нема регистрирање), после ти требаат трокути, а овој што е на сликава е скапичок, па работна рака, седиште, гидан, браници, држачи, би рекол само за изрботка околу 3500 евра минимум, плус мотор што треба, а за овој тип под 500 цм3 не оди, никако. Е сега, машината ќе треба да се упасува до милиметар на новиот рам, а тој се прави од едно парче, а тебе ти е ризикот што треба да му завариш дел со бројот на рам, значи, ослабен е во старт, освен ако не го стокмиш кај фиљан мајстор, а кај нас, тешко таков. Особено што оние кои имаат фрејм тејбл не се арни мајстори.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Овој да не е од Дискавери што беше на натпреварување во Дејтона? британци го правеа. Volkswagen?
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.574

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Фолксваген, вилушкаста е лесна, најубаво да земеш од некоја Африка твин или супер тенере, со соодветни трокути ќе се постави така да дојде напред издолжена и да легне тамам како што треба, за гиданот е лесно, се витка во кој облик сакаш, а ги има и готови, се е лесно освен да ја упасуваш машината а рамот и нормално, да го направиш рамот.

Мотори има, соодветна кубикажа, до кај 1500 евра, на пример, за твопјто ќе ти одговасра Јамаха ВФР 750, само машината ти треба и електрониката, друго се менува и набавува, гледај ако некогаш купуиваш да провериш дали е отворана, ако е отворана мора да имала проблем, па биди скептик на таквите, најубаво со некој кој се разбира да одиш.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Машината дали била отворана? Од каде ќе знам тоа? Да ги расклопам главите и да гледам дали биле менувани запивките?:)

Се разбира дека ќе одам да гледам со некој искусен.

Инаку планирам да ставам V мотор од Yamaha нешто ова она...најефтино што ќе најдам од 750 нагоре...

Во Германија има убави Yamaha 535 XV од 1300 до 2000 евра...

Ќе те молам само кажи како одат царините ова она...
Пресметувањето на ДДВ оди со куповната цена или по каталог?
Оти во сметкопотврдата можам да напишам дека е купен за 100 евра (нормално во согласност со купувачот)...?

Објасними ја процедурата за хомологиција...

Па овој од 1300 евра што е...да ме фати ДО 2000 евра...ќе се учам на него. Customizing:)

 
Член од
11 август 2007
Мислења
34
Поени од реакции
1
Eве за оние со поинаков стил.
Streetfighter bikes. Или она јас како што би ги нарекол. Don't mess with me bikes!! :pos: :pos:





Тоа бе гартфилд ме гаѓаш тука,се би дал за добар "street fighter" поготово Benelli!!!!!:vozbud:
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
ке разбудам тема од мртвите но еве што правиме последните месец дена со другарми


помалиот е мој, а големиот тогаш беше само така составен колку да видиме како ке изгледа, од големиот немам подетална слика но ке постирам ако има заинтересирани,

да почнам за помалиот, комплетно моја идеа никогаш не завршена и изгледа ке морам наново да си правам рам и вилушка бидејки сум детиште од 176cm и едноставно ова ми е мало,
еве го неисфарбан, грешка направив што му ставив коцка цевка но таква имав а сакав да поминам без да дадам скршен денар(нормално немав)
еве уште некоја слика па ако ве интересира нешто слободно прашајте




од битола сум, така да ако ме видите низ град слободно застанете ме представете се дека сте од форум па ке ви дадам и кругче и можиме да си помуабетиме

п.с услов е да не патите од малограѓанштина и да не речете види го сељаков
 

Kajgana Shop

На врв Bottom