Custom bikes или кастом мотори! - Сликички и коментари!!

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не знам дали баш тука и е местово, ама ете ми текна дека имаше слична тема за автомобили, па си реков да отворам и една за мотори, рачно изработени, не само чопери, крузери, туку и за секакви кастомизорани мотори. Таа култура на голема врата се пробива во Македонија, одамна има мото клубови, се оди по разни собири, се прават феноменални журки, и конечно, сите оние брадати, со мешиња, често тетовирани моторџии не се како на американските филмови, криминалци, убијци, дилери, силувачи туку најчесто мирни, работливи, семејни личности, кои се вљубени во моторите (наместо во автомобилите) и претпочитаат да се возат со мотори наоколу. Да ги негуваат, поправаат, средуваат, подобруваат и уживаат во моторите.

На пример, јас, лично, сакам многу да возам мотори, имам еден, кој е кастом, (го имаше на слика, на еден друг топик), од спорт-туристички Yamaha FJ 1200 cc се преправи во чопер, кој изгледа ѕверски, вози брилијантно, нема голема потрошувачка за своите 1200 кубици и 135/8 коњски сили, одзема здив, а и е благороден, имено, колку повеќе се грижам за него, толку повеќе и тој се грижи за мене.

Еве го каков беше:




а еве каков е сега:



Нели одзема здив!!

Сега, ако некој друг има сличен, преправен, стандарден, сака или се вози наоколу, или пак има слики, познавања, идеи, љубител е.

Повелете тука.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Еве на пример еден мошне добар Трајк (трицикл), направен во Бугарија, со мотор од Лада. за шал, кај нас трајковите не смеат да се возат бидејќи не постои закон да се регистрираат. За разлика од кај нас, во Бугарија не им чуе, па може да се регистрира и црнио ѓавол ако сака.
Еве го, нели е добар:



исто така, не знам зошто, но и во соседна СЦГ може да се регистираат (ми кажаа имало дупка во законот, па успевале), еве еден таков.

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ова е скопски мотор, можеби сте го виделе низ улиците на Скопје или низ Македонија, рачно изработен, комплет, дури и рамот е рачно виткан според спецификата на машината и потребите на газдата:

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Е сега, овој не сликата ми е другар, ама моторот, за жал, не е негов и нема да имате (веројатно никогаш) да го видите во Македонија. Моторот е од/во Англија:

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062


Ова Харли се донесе од Англија, сега иако беше кастом, газдата реши да го преправи и сосема поинаку изгледа. Не прашувајте за цена, боли глава.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062

Ова онака, еден исто така, кастом мотор од МК.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
А ова се чести слики на мото собирите, додека се испиваат енормни количини пива, некои ги покажуваат своите вратоломни умешности на моторот.
НЕ СОВЕТУВАМ ОВА ДА ГО ПРОБАТЕ ДОМА, ПОЗАДИ ЗГРАДА, НА УЛИЦА, ОСВЕН АКО НЕ СТЕ ВЕЌЕ ДОБАР (И ЛУД) МОТОРЏИЈА!!

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ова е најчестата слика пред Ван Гог во Скопје!

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Македонски кастом чопери, ги има, немајте гајле, постојат одамна:

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ова е од САД, чопери, сите кастомизирани, да пукнеш. Штета што не е пообра сликата.

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062


А овој, верувале или не, е сликан во Хрватска.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Сега малкуцка трајкови, да плакнете очи. Овие трајкови се од мотори кои ги гледате наоколу, околу вас, на филмови, по пат, во каталози, продавници, но, некој седнал и решил да си игра играчки т.е. во вистински смисоло, кога би имала баба тркала или...Впрочекм, гледајте:

1983 Honda CB1000


1984 Honda 1100


1998 Honda Gold Wing


2000 Gold Wing SE


1997 BMW R1200C
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Garfield напиша:
Е сега, овој не сликата ми е другар, ама моторот, за жал, не е негов и нема да имате (веројатно никогаш) да го видите во Македонија. Моторот е од/во Англија:

Slicen vakof Triumph imase drugar moj od 60- negde ama zacuvam kako ocite . Ubaf na pogled ama za sedenje nazad ne go bivashe ic :)))
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
И да продолжиме, нели:









а овој сега кој следи е харли-Дејвидсон од 1946 година, сеуште вози, иако стар, преправен.


Да се разбереме, ниту еден од трајковите не е оригинал, неможе ваков да се најде никаде (како ниеден на сликиве), во ниту една продавница. За ова трреба визионер со сопствена визија. иако не е ефтино, сепак, за среќа, идеја и љубов, нели!!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Рагаца, први, да се разбереме, не знам каков имал другар ти, не сум се возел на него, ама овој на сликава е мошне солиден за вожња. се разбира, rigid е па затоа на дупка треба малку повнимателно. Ама верувај ми, или другар ти не знаел да го вози, или не те возел како треба, или не знам каков му бил моторот.

Пушти слика ако имаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom