Вака, го симнав демото, го испробав и да ги кажам и јас моите импресии...
Како прво да напоменам дека имам не многу јака конфигурација:
Pentium 4 2.66, 3.0 клокнат
2gb DDR2
Radeon HD 4730 512mb
Windows XP Professional 32bit
Играта на gamer доста солидно идеше, во превод можев да ја играм играта без поголеми лагови... во споредба со Crysis и Crysis Warhead кои на low settings повеќе ми сецкаа отолку Crysis2 на gamer која изгледа одлично, така да пофалба до Crytek за оптимизираноста.
Гејмплејот, стандарден, солиден како за игра од рангот на Crysis но не претерано добар...Како и да е на играва би и дал 8.5 од 10.
Иначе имаше ли некој проблем со crash-ови бидејќи мене трипати ми крашна по ред!?!
ПС: До тие што ја свртиле кампањата, кажете дали вредеше кампањата да се трошат 10тина гига...