Црвенковски: Мојот мотив е да се консолидира опозицијата
Коментари (0)
06.02.2009 21:43 Црвенковски: Не го условував моето враќање во СДСМ
Треба да се екипира еден тим од чесни, вредни и способни луѓе кои ќе имаат кредибилитет, новата и модерна програма да ја промовираат пред граѓаните, изјави претседателот Црвенковски прашан што по враќањето во СДСМ.
Најавивте дека нема да пишувате мемоари, доколку се вратите во СДСМ во партијата ве чекаат со раширени раце или и таму е можна битка за шефовското место во опозицијата?
-Во ниту еден момент не го условував моето враќање во СДСМ со некаква функција или позиција. Јас реков дека сум подготвен да се вратам, и дека ќе се ангажирам таму каде што
партијата ќе оцени дека е најкорисно и најцелисходно. Ако е тоа лидерската функција спремен сум да ја прифатам. Ако на престојниот конгрес кога ќе се одлучува за тоа се пројават и некои други кандидати, јас тоа ќе го поздравам, почитувам и ќе сметам дека е еден придонес на внатре партиската демократија во СДСМ. Инаку, уште еднаш, мојот мотив е да се консолидира СДСМ, да се консолидира опозицијата во целина, да се дефинира една модерна политичка програма која ќе даде одговор на актуелниве предизвици со кои што се соочуваме. Да се екипира еден тим од чесни, вредни и способни луѓе кои ќе имаат кредибилитет таа програма да ја промовираат пред граѓаните, и се разбира доколку на следните парламентарни избори ја добиеме довербата, да можат потоа и да ја спроведат.
Кој е тој тим од СДСМ со оглед на големата кадровска криза со која се соочува партијата?
-Луѓето се тука. Во СДСМ и надвор од СДСМ. Само треба да ги собереме, а јас верувам дека тоа ќе го направиме. Да ги собереме да ги мотивираме и секој да си го препознае своето вистинско место каде што може најмногу да допринесе.
Во овие пет години додека бевте шеф на државата, не се погодија Бучковски, Шеќеринска, Заев, на лидерското место во опозицијата дали тоа беше некое смислено сценарио за ваше враќање лидерското место во партијата?
-Тоа прашање и друг пат сум имал прилика да го слушнам во некои друго разговори. Значи во целиот овој период, апсолутно, на ниту еден начин не се мешав во внатре-партиските работи. Нити се мешав да помогнам или да одмогнам за изборот на Бучковски, или потоа на Радмила Шеќеринска, или при последната одлука. Нити имав право да го направам тоа, нити го правев. Значи до мај така ќе продолжам да се однесувам до последниот ден. Тоа не е само согласно Уставот. Мислам дека така треба. Се разбира потоа, после враќањето, со цел капаците ќе се вложам во функционирањето и консолидирањето на партијата.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=104080
Леле леле колку се сменил Бранко во изминатите години, па колку наивно интервју, а особено болдираниот дел...
Од денес се ќе му верувам иако 17 години ме ЕБЕ во здрав мозок...
А во демократијата во СДСМ пак ептен ми се врати вербата , едвај чекам да свикат конгрес и поштено да му доделат на Бранко функција...
А он човекот скромен на се би се нафатил...