Значи и меѓу вас не сте согласни што е праведно за девојчето. Како само јас да барам правда за тој што значително придонел за немилиот крај, сем мајката. Aj вториот, if-the-glove-fits, сеоскиoт Johnnie Cochran на темава, можам да го сфатам од кај доаѓа кога збориме за праведност и зошто е задоволен. Не знае да го гледа светот освен црно-бело, па логично му е да заврши случајот како што е во моментот. Ок, ок, ок, ок, ропакот за вознемирување комшии да се догони па да идеме на кафе. Инаку, ако се докаже поттик владенце, а според закон поттикнувачот се казнува како тој самиот да го извршил делото, ќе бидеш гласен да биде исто убиен? Нели, за правдата да биде задоволна, како за мајката.
Но, изненаден сум од побудата на Дарлинг да ова го претвори во судска драма по учебник, за лик за кој претходно системот и законот фатално потфрлил. Не, ова ќе е планината на која ќе умре, за држава на прво места за семејно насилство и земја рекордер во корупција, незаконитост и систем за кои сите сме виновни освен насилниците, таа тука реши да умре, за некој докажан насилник и криминалец, кој долго нанесувал траума, стрес, хематоми по глава, малтретирање и омалажување на жена, која поради тоа завршува со одземање животот себеси и на својата ќерка. Ок, ок, ок, ок ако нејзината смрт не ти е доволно правда, и ако треба да ја враќаме од мртвите да ѝ судиме, тогаш како и за Стојанчо очекувам да учебнички ја поминеш и нејзината одбрана, објективно, по кривичниот законик, и да кажеш дали не гледаш основа за ослободување или намалена вина поради душевна растроеност? Според закон имаш ослободување или намалување вина ако не управуваш со своите постапки од битно намалена способност поради трајна или привремена душевна растроеност, и нарушен физички и психички интегритет. Вие ја прогласивте растроена.
Јас отворено навивам и други работи да му се “калемат“ како што е на пример убиство од небрежност, бидејќи ако му се заканувала како што тврдите ненормалната, бил свесен со несторување дека може да настапи штетна последица, но лекомислено мислел дека нема, и има вина поради оставање детето со растроен родител, состојба која патем самиот го причнил. Double wham! Монструм. Нека биде “обесен“ за пример на останатите илјадници пријавени случаи кои испливуваат на виделина деновиве. Ќе се исфилтрират “шансите за злоупотреба“ не се секирај, има поголема придобивка. Сигурен сум ќе вдахне храброст и уште толку да пристапат со пријави и во јавноста. Бидејќи ова насилство беше одлика на една постара генерација, но како што читаме по темиве, опасно е колку отворено се мразат жените од помладиве, наши генерации, и како сите се курви и како сите требало да бидат тепани додека ебани и како само така се училе кај им е местото. Треба да ти се гади што стоиш позади таква простота во име на некоја праведност која е се освен тоа. Да прекинеме тука јас и ти, продолжи си со попаметните и трезните. Само еден “фан фект“ за крај - денес, во Недела, најмногу се пријавува семејно насилство од малтретирани жени. Но, се надевам ти да имаш убав сончев ден.
Та.
Aww. Што, татко му не го гушкал како мал?
Во ред, јас сум спремен да зборам за неговите олеснителни околности, се додека обвинението е неоспорно.
After the fact.
Немаштија.