Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
Од каде потекнува таквото насилничко однесување кај мажите во Македонија?

Вот и јас на таа тема размислувам деновиве.

Особено сакам да го рационализирам насилничкото однесување кај поновиве генерации “миленијалците” како во случајот, зошто сметам дека е малку покомплексно од претходно.

Мислам дека семејното насилство не произлегува од една причина, туку од комбинација на социјални, економски и психолошки фактори.

Прво, транзицијата од 90-тите па и 00-тите создаде генерација која порасна во нестабилен систем каде статусот често се градел преку доминација, “улица”, или краткорочни извори на пари. Денес, со глобализација и нова економија (ИТ, услуги), тие модели губат вредност. Кај дел од мажите тоа создава чувство на губење на статус и контрола. Воедно дел од македонските миленијалски “фраус” се статусно мотивирани и во услови на ограничени ресурси знаат и да го наградат таквото однесување.

Второ, кога нема развиени механизми за справување со фрустрација (емоционална писменост, стабилна кариера, институционална поддршка), агресијата станува примитивен “излез” за стрес и немоќ, особено во овие случаи каде насилното и ризично однесување првично го елевирало статусот на насилникот. Ова е однесување кое не е корегирано прво од родителите кога требало (рано детство), после од образовниот систем, а на крај веќе од институциите.

Трето, во средини со ограничени ресурси и нестабилни норми, односите може да станат силно статусно и емоционално наелектризирани. Тоа создава токсични динамики каде доминацијата, љубомората и контролата се нормализираат.

На крај, во долготрајни токсични односи може да се развие затворен круг во кој насилството постепено станува “нормално” во односот, а конфликтите ескалираат наместо да се решаваат.

Се на се, не се македонците, ниту мажите ниту жените особени во овој феномен, ова е општествено потфрлување на сите фронтови.
 
Во овој случај, не се согласувам. 10 кривични без лежење затвор (насилен криминал), плус од повеќе сведоци и видео надзор, потврдено семејно насилство, дечкото не лежел. Мислам дека државата била исклучително трпелива за некој што е осуден веќе 10 пати, и пуштан на слобода 10 пати. Да бевме нетрпеливи после првиот пат кога нападнал некој со нож, или нетрпеливи после првите пријави, или првиот шамар кон Ивана, може ќе беа живи и Ивана и девојчето. Бидејќи никој не реагирал на неговите постапки, дојдено е до оваа ситуација која ја дискутираме. (мое мислење)


Тука се сложувам, али не мислам дека му се препишуваат туку-така. Контекстот е дека има: видео докази, изјави од сведоци, и други индиции дека бил насилен кон Ивана подолг период. Во тој контекст, има став во членот за наведување на самоубиство кое е предизвикано од небрежност. По тој основ ќе го гонат. Дали ќе докажат и дали се во право, без да видиме докази и да имаме увид во постапката неможе да знаеме.


Мора нешто да се смени бидејќи 2ри или 3ти во Европа сме по семејно насилство, а сме една педа земја со пола народ, пола џандари. Неможе на толкав државен апарат државата да си дозволи такви бројки, поразително е. Дали ќе има малтретирање со законот? Законот сам по себе за мене не е проблем туку е примената. Најважно е да знаеме дали истиот ќе намали стапка на насилство, што сега, очајно ни треба.
Мислам дека проблемот не е само кај нас туку и во околината, мешање на политика во законите. Не во смисол дека политичар го брани криминалецот кај судијата, туку поради полит8чки причини обвинители и судии не тераат по законот...шемите се нема место во затворите, лоши услови, скапо е ??? (Па нека работат во затворите !!)...ситнакражба која беше до 100 евра сега е може 1000 евра, едноставно по службена должност не се покренува кривична, насилник ќе натепа мирни луѓе а во извештај ќе се напише расправии, тепачки, иако било еднострано...ако се спроведе акција на Притварање на лица кој носат ножови, одма ќе настане политички проблем....па не сме доследни за огнено оружје, азатоа пак кај насуште од поодамна законот има ПИК на СамоОдбрана, забранет е не само гасен пиштол туку и шокер и спреј... Што да одиме понатака, казнување на лица кој возат без дозвола стана политички проблем на национална основа :mad: !!!!!
И не им се гледа низ прсти само на припадници на некој етнички групи, туку и на наркомани, алкохоличари, малолетници...дури во Хрватска измислија и олеснителна околност за неказнување---- ПОМЛАД ПОЛНОЛЕТНИК
т.е., кога беше познатата случка со момчето Риц, изгазен до смрт од група малолетници и еден 19годишен.....кај нас пак имавме ормарче за струја виновно за смртта на момче и ред други случаи...домашното насилие е само континуитет на сето ова, а тоа што загрижува е дека овој тренд се рашири и во културни европски држави, па и во скандинавските....но затоа сите се сложни и ја притиснаа Турција да укине смртна казна, а и турскиот затвор не е она што некогаш беше....да не зборувам за Брејвик што утепа 100+ луѓе од КЕИФ и наскоро ќе биде слободен
 
Од каде потекнува таквото насилничко однесување кај мажите во Македонија?
Прејако прашање. Предпоставувам неколку причини.

Прво, историја. За време турско, каде владеел законот на посилниот, агресијата била на некој начин слој на заштита од понижување. Да се биде насилен и агресивен е потребно со цел да се крене цената на напад за непријателот.

Второ, поврзано со првото, култура на авторитарност. Кај нас, поради вековна историја на авторитарно владеење (Османлиска Империја, СХС, Југославија), владеењето не се воспоставувало со интелектуални, економски или други механизми за државно управување, туку со насилство и закана од насилство. Во таков контекст, изворот на моќ се поистоветува со насилност, агресија, и обратно, немоќ се поврзува со пасивност, мирољубивост. Тој дух на авторитарност не е само меѓу држава и поединец, туку и во фамилијарните и општествени односи. Во таков амбиент, статус се добива со тоа што човек е агресивен, насилен, не покажува слабост (мачо-патријахална средина). Денешна форма на оваа култура се "што ме гледаш?" тепачки или "еј, он на мене" што ги има од школски дворови до пензионерски домови - кои во Швајцарија или Норвешка не би се случиле така лесно.

Трето, како народи на балканот, поради чувство на немоќ (кон судбина, држава, пазар, и се останато), често се восхитуваме на моќ како извор на сигурност во несигурен контекст. Затоа маалски бараби или квази-криминални политички фаци добиваат почит од луѓето околу нив - не бидејќи прават нешто корисно за општеството (веројатно штетат повеќе), туку бидејќи се перцепираат како да имаат контрола, моќ, во малите сегменти каде што постојат, и има луѓе што сакаат да се како нив.

Четврто, од поп култура (акциони филмови, музички видеа), до односи по дома, каде главата на фамилијата знае да користи насилство во воспитување, до школо, каде појаките ги тепаат послабите, насилството станува прифатливо или ако ништо друго стануваме индиферентни на него. За крај, веројатно извор знае да биде и лична несигурност и страв од понижување, слабо образование.

Многу сме назад во овој сегмент и ќе ни треба доста време да се менуваме во насока што би ни одела повеќе во корист. На крај на ден, голем дел од овие проблеми се решаваат со квалитетно образование, критичко размислување, добро социо-емоционално домашно воспитување. Каков и закон да донесат, ако овие првиве работи не се сменат, се ќе им е бадијала.

Додека не изградиме почит сами кон себе прво, па кон оние што ни се најблизу до нас, и на крај соседите, општеството, државата, ќе биде тешко било што да се смени.

едноставно по службена должност не се покренува кривична, насилник ќе натепа мирни луѓе а во извештај ќе се напише расправии, тепачки, иако било еднострано...

...домашното насилие е само континуитет на сето ова, а тоа што загрижува е дека овој тренд се рашири и во културни европски држави, па и во скандинавските....
Се сложувам, ова како проблем го имаме со генерации (од Македонија, па до се околу). :pivo2:
 
Последно уредено:
Правдата е некомплетна во однос на убиството на девојчето. Нејзината мајка изврши самоубиство и не може да биде гонета.
Vo slucajot za ubustvo na deteto, da, ubiecot sam si presudil, taka da Da, pravdata e zadovolena.
Значи и меѓу вас не сте согласни што е праведно за девојчето. Како само јас да барам правда за тој што значително придонел за немилиот крај, сем мајката. Aj вториот, if-the-glove-fits, сеоскиoт Johnnie Cochran на темава, можам да го сфатам од кај доаѓа кога збориме за праведност и зошто е задоволен. Не знае да го гледа светот освен црно-бело, па логично му е да заврши случајот како што е во моментот. Ок, ок, ок, ок, ропакот за вознемирување комшии да се догони па да идеме на кафе. Инаку, ако се докаже поттик владенце, а според закон поттикнувачот се казнува како тој самиот да го извршил делото, ќе бидеш гласен да биде исто убиен? Нели, за правдата да биде задоволна, како за мајката. ;)

Но, изненаден сум од побудата на Дарлинг да ова го претвори во судска драма по учебник, за лик за кој претходно системот и законот фатално потфрлил. Не, ова ќе е планината на која ќе умре, за држава на прво места за семејно насилство и земја рекордер во корупција, незаконитост и систем за кои сите сме виновни освен насилниците, таа тука реши да умре, за некој докажан насилник и криминалец, кој долго нанесувал траума, стрес, хематоми по глава, малтретирање и омалажување на жена, која поради тоа завршува со одземање животот себеси и на својата ќерка. Ок, ок, ок, ок ако нејзината смрт не ти е доволно правда, и ако треба да ја враќаме од мртвите да ѝ судиме, тогаш како и за Стојанчо очекувам да учебнички ја поминеш и нејзината одбрана, објективно, по кривичниот законик, и да кажеш дали не гледаш основа за ослободување или намалена вина поради душевна растроеност? Според закон имаш ослободување или намалување вина ако не управуваш со своите постапки од битно намалена способност поради трајна или привремена душевна растроеност, и нарушен физички и психички интегритет. Вие ја прогласивте растроена.

Јас отворено навивам и други работи да му се “калемат“ како што е на пример убиство од небрежност, бидејќи ако му се заканувала како што тврдите ненормалната, бил свесен со несторување дека може да настапи штетна последица, но лекомислено мислел дека нема, и има вина поради оставање детето со растроен родител, состојба која патем самиот го причнил. Double wham! Монструм. Нека биде “обесен“ за пример на останатите илјадници пријавени случаи кои испливуваат на виделина деновиве. Ќе се исфилтрират “шансите за злоупотреба“ не се секирај, има поголема придобивка. Сигурен сум ќе вдахне храброст и уште толку да пристапат со пријави и во јавноста. Бидејќи ова насилство беше одлика на една постара генерација, но како што читаме по темиве, опасно е колку отворено се мразат жените од помладиве, наши генерации, и како сите се курви и како сите требало да бидат тепани додека ебани и како само така се училе кај им е местото. Треба да ти се гади што стоиш позади таква простота во име на некоја праведност која е се освен тоа. Да прекинеме тука јас и ти, продолжи си со попаметните и трезните. Само еден “фан фект“ за крај - денес, во Недела, најмногу се пријавува семејно насилство од малтретирани жени. Но, се надевам ти да имаш убав сончев ден.

Та.

Вот спомна каузалност, одбраната исто тоа може да го искористи
Неговото однесување има потекло
Секоја појава (последица) има своја причина, таа јама има долга регресивна состојба и ќе го искомплицира додатно случајот за ЈО
Aww. Што, татко му не го гушкал како мал?
Во ред, јас сум спремен да зборам за неговите олеснителни околности, се додека обвинението е неоспорно.
After the fact.

Од каде потекнува таквото насилничко однесување кај мажите во Македонија?
Немаштија.
 
Значи и меѓу вас не сте согласни што е праведно за девојчето.
Кои се тоа вас?
Ние сме што? Екипа, партија, роднини, другари биди попрецизен, не се срами да си ги кажеш лудите теории тука, не е срамота нема да бидат најглупи.
Не си воопшто поборник за правда ти па најмалку од сите тука.
Корупцијата и насилството доаѓаат од селани како тебе што се учени да ги решаваат проблемите со линч и каменување, затоа си шокиран од мојата побуда да се оди by the book.
Време е да прекинеме да. Квази феминисти мажи кои ги инфантилизираат жените доволно ни направија штета на женскиот род. Треба да згаснат.
 
UKRADENITE PODAROCI NA MAJMUNOT MIKI PO GLAVNA VEST OD COVEKOT STO E VO BOLNICA STO SI JA BARASE ISCEZNATATA ZENA

655752632_1636472537590017_8840565692999665909_n.jpg
 
Природно е мажите да бидат помалку насилни и доминатни.
Видете што стана со западните општества кога жените, за прв пат преземаа команда.
 
Природно е мажите да бидат помалку насилни и доминатни.
Видете што стана со западните општества кога жените, за прв пат преземаа команда.
Da, za razlika od prekrasnoto i harmonichno
minato
FB_IMG_1673445529550.jpg
 
од кога ЕУ ја водат жени дефинитивно се препороди унијава. Тоа пропаѓање мислам дка треба да се студира како пример на ефектот од женското владеење.
 
Onda ti si u Zanzibar
igec, намали доживљај, не ми е никаков проблем когнитивно да те следам и да комуницираме како мајмуни.

Еве ти доказ дека порано било боље од сега:

порано
2-under-the-roof-of-blue-ionian-weather-lawrence-alma-tadema.jpg

сега
poverty-in-africa-629x380.jpeg
 
igec, намали доживљај, не ми е никаков проблем когнитивно да те следам и да комуницираме како мајмуни.

Еве ти доказ дека порано било боље од сега:

порано
Прегледај го приврзокот 472851

сега
Прегледај го приврзокот 472852
Najubavo beshe vo sredniot vek za relugiozni zatupenici ko tebe, ako ti prechi nekoj go prijavuvas za eretik i resen problem. Zena ti ti ide na kurac- ja prijavuvas za vesterka i asta la vista baby.
No ete dojdoa novi liberalni vreminja i sega zamisli luge imaat pravo da ne bidat religiozni i i tuka se zaeba cela rabota i se unisti toj spokoen i prekrasen zivot od sredniot vek. Ni ostana samo da tazhime po tie vreminja
 
Najubavo beshe vo sredniot vek za relugiozni zatupenici ko tebe, ako ti prechi nekoj go prijavuvas za eretik i resen problem. Zena ti ti ide na kurac- ja prijavuvas za vesterka i asta la vista baby.
No ete dojdoa novi liberalni vreminja i sega zamisli luge imaat pravo da ne bidat religiozni i i tuka se zaeba cela rabota i se unisti toj spokoen i prekrasen zivot od sredniot vek. Ni ostana samo da tazhime po tie vreminja
Не си ме сфатил што сакам да кажам, а можда не ни можеш.
Каков Среден век, какви бакрачи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom