Тоа е проблемот кој го дискутираме, некој ( државата, системот, општеството ) дозволил вакви случки да се нормални и притоа и самата околина станала имуна на истите. И на темава, а и надвор од форумов, на овој тип на насилство не се гледа како на нешто чудно. Ќе отидам до таму со тврдењата ( бидејќи и сум го искусила ова во моја близина ), да кажам дека во одредени фамилии сеуште стои каузата дека мажот е главен во куќа, па апропо тоа, може и смее и од време на време да ја натепа жената ( и децата, и родителите ) доколку имаат некакви несогласувања.
И во овој случај, доколку некоја институција реагирала и го тргнела и самиот Стојанче од околината од која израснал, денес можеби и немаше да седиме тука и да го дискутираме ова.
Јас стојам на ставот дека некој кој јадел ќотек 7 години, бил омаловажуван и сведен на 0, имал последици од истиот, што физички што психички.
Не, туку ти отворено кажа дека жртвата сама била крива.
Каква и да сака нека биде, не заслужува насилство и тоа не ја прави помала жртва. Прво ќе го осудиме тоа, а потоа ќе бараме причини што довеле за тоа.
Доколку навистина била суицидна ( поради секојдневен ќотек во континуитет од 7 години ), тогаш ЦСР имал еден куп прилики да го документира тоа и детето да се одземе.
Ама тогаш треба некој да засука ракави и да работи, наводно имале многу прашалници и формулари за пополнување, многу работа било тоа.