Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
Според сите рангирање сме на последните места за медиумска писменост во Европа заедно со другите шииптарски држави. Народ толку му треба и одма ќе поверува. Само потсети се за таткото на Вања каде народ поверува во се што ќе напишеа на фб и твитер.
Апсолутно, сепак земи во предвид се работи за народ кој направи редици пред бензински со буриња и сите метании поради фејсубук пост од Србија :ROFLMAO:
 
Не знам зошто кога станува збор за жена (иако во случајов жената е поголемиот насилник нажалост) и насилство сета логика излегува од дискусијата и тврдењата како требало да биде се извадени буквално од некојси идеален концепт кој никаде воопшто и не постои.

Дали кога преминувам пешачки на зелено пак вртам глава лево и десно за секој случај или одам со мижење затоа што институциите не треба да дозволат некој дивјак да помине на црвено? Ете и некој кој би бил со одземено возило, одземена возачка пак ќе најде начин да дивее и да те собере на хауба. Пак ќе ги кривиш институциите или сепак треба и ти да обрниш внимание пред да поминеш на пешачки?

Ти сеуште одбиваш да установиш основни факти (дали била суицидна на пример) а истовремено наложуваш дека тоа било поради тортурата која ја трпела 7 години. Едно со друго немаат смисла. Најголемиот проблем кај жртвите од семејно насилство е што навистина немаат каде. Овде тоа не било случај, што те прави учесник а не жртва. Се сеќаваш од прва излегоа написи и оправдувања како немала избор итн. Не само што имала избор, туку и не прифаќала ништо друго. До толку што и чедото си го убила за да му наштети на партнерот. Да, непотрвдено е засега дека се заканувала пред дејствието, ама од она што досега и изјавено воопшто не е шокантно.

Жртва не убива невино дете, учесник го прави тоа од одмазда.
Според твојава логика, доколку пешак поминува на зелено, и притоа е собран од ауди кое вози 200 км/час во зона со 50, и притоа возачот е со 10 пријави за брзо возење/возење под дејство, кривицата е во пешакот. Имал избор, можел да помине улица на други места, не морал баш тогаш да поминува.
За луѓето кои изгореа живи во Кочани кој е крив, државата што 15 години уназад створила плодна почва за таква рупа без никаква дозвола да функционира како дискотека, или виновни се луѓето кои се пронашле таму?

По твојата логика, утре кога ќе влезеш во маркет да пазариш, треба да побараш градежен елаборат од општина за да се осигураш дека објектот е граден по сите прописи, треба да побараш декларација за производите, исто за да се осигураш дека тоа што го купуваш е по некој безбедносен стандард, да побараш образец на вработената дека е пријавена во УЈП. Но, не го правиш тоа, бидејќи има некој кој е платен и има законска должност да ги регулира сите тие работи, бидејќи како граѓанин на една држава, имаш цела низа права кои државата МОРА да ти ги обезбеди. Значи тоа не е прашање на сакам/не сакам, државата има законска обврска да обезбеди заштита на сите граѓани преку низа државни инструменти. И за тоа има еден куп вработени кои ги финансираш ти. И тоа не е некој идеален концепт, тоа се основни права загарантирани со Устав.

И пак се вртиме во круг, тоа што за тебе е очигледен избор, е така бидејќи гледаш низ некои твои идеали очила. Зошто не го пријавила, како да пријавувањето е така, одиш во полиција натепана, они така полни со емпатија те земаат, викаат цср, они доаѓаат експресно, ти даваат засолниште и тебе и детето, добиваш бесплатно правно застапување, а полицијата си ја тера постапката со насилникот. Судот ги решава работите прилично брзо и сите си живееме среќни.
Во реалност, уште кога ќе се појавиш во полициска станица, првиот контакт со полицијата ќе те натера да си ја подвиткаш опашката и да си се вратиш дома. Па ако има некој познаник таму, одма ќе зврцка на тепачот да дојде, и во најголем број од случаите нема ни да стигнеш до процесот на пријава. Доколку си стигнал до таа точка, следен ден треба да си одиш во цср, сам да си пријавиш, а во меѓувреме сам да си бараш засолниште.
Доколку немаш приходи ( а најголем дел немаат, бидејќи или не смеат да работат, или се финансиски контролирани ), доколку немаш fallback од фамилија, единствено што може да направиш со тоа пријавување е да се сликаш. За некролог.
Пријавата од полиција до цср, за инцидентот кога ја турнал по скали, со детето присутно на инцидентот, патувала 45 дена. За 45 дена он може да ја убие уште 45 пати.
Дали она имала кај да оди, не знаеме. Не знаеме ни дали била во работен однос, ниту па дали имала блиска фамилија кои биле спремни да и помогнат.
Дали била суицидална, тоа си има служби кои требало да утврдат! Имало пријави, цср била во контакт со нив. И не станува човек суицидален така од чиста мира. Колку само случаи на самоубиство има од PTSD, а во овој случај имаш жртва која е и психички и физички уништена, донесена во таква ментална состојба да избере смрт за да си ги олесни маките. И притоа во таква состојба на делузија, одлучува дека е подобро да го земе и сопственото дете со себе, за да го заштити од опасност. Далеку од рационално размислување, но со оглед на околностите, не е ни неочекувано.

Како држава општо, оперирани сме од концептот на лична одговорност, секогаш виновен е некој друг. Ама во вакви случаи, да барам лична одговорност на некој што бил изложен на катадневен ќотек, повеќекратни обиди за убиство, психичка и физичка тортура, не ми паѓа ни на крај памет.

Тежок е настанот, и сите на темава се обидуваме да дојдеме до заклучок зошто се случило ова. Тоа не значи дека некој одобрува убиство/самоубиство. Но, мора да се крене свеста за ваквото насилство и да се даде до знаење до каде може да ескалира, за истото да се превенира. Истовремено да се покажат дупките во системот ( а очигледно ги има многу ).
И наместо да покажеме дека извлекуваме поука и знаеме како да продолжиме при идни вакви случаи, ние тука на тапет ги ставаме сите жртви, со изговор дека имаат избор.
Имаат избор и мажите, да не вршат насилство, ама тоа некако никој не го коментира.
 
Јас кога напишав во една тема дека некој поарно и да нема деца отколку да има ќе ме распнеа во темата за демографија

Еве во дисфункционални семејства што можи да се случи, си замина кутро чупе од овој свет ни криво ни должно, ама со оглед какви родители имало и каква ни е државата и живо да беше којзнае каква иднина ќе имаше, колку и да звучи ова сурово.
Немаме институции кои би ги згрижиле децата во вакви случаеви
 
https://plusinfo.mk/15-godishna-dev...zhena-i-ne-ziniot-soprug-sakala-i-da-gi-bode/

Povtorno razulavena Zena, pred nekoj den ubi dete a denes druga so noz vo Rakata.

Sto se slucuva so zenive?
Епа тоа Мила Царовска ќе треба да си ја прашаш!
У нејзино време се сјебаа, т.е. ги сјеба сите механизми со кои психо-талентите се сместуваа у лудници!
Не дека и дотогаш убаво работеа механизмите, ама после неа потоп!
Сега училиштата се лудници каде вриштат, серат, го вадат курот, напаѓаат други деца..

Лекарско секоја будала може да извади, измислија инклузии, глупости.. ја намалија хоспитализацијата...
И да не редам!
Дрпаме исто за гласови си ја продолжи таа песна!
 
https://plusinfo.mk/15-godishna-dev...zhena-i-ne-ziniot-soprug-sakala-i-da-gi-bode/

Povtorno razulavena Zena, pred nekoj den ubi dete a denes druga so noz vo Rakata.

Sto se slucuva so zenive?
Така е, што ли се случува со жениве.
  1. На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.З.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, а притоа оштетил и дел од покуќнината - се посочува во објавата на МВР.
  2. На 09.03.2026 во 00:05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(52) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.03.2026 околу 16:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата 47-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка и кон нивниот 17-годишен син, а го оштетил и мобилниот телефон на сопругата - се посочува во објавата.
  3. МВР посочува дека во текто на вчерашнито ден, во 20:20 часoт во СВР Скопје, 38-годишна жена пријави дека во периодот од 06. до 08.03.2026 нејзиниот девер Г.В.(44) од Скопје, преку мобилен телефон упатувал закани кон неа и членови на семејството.
  4. На 08.03.2026 во 23:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.И.(65), постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом во скопско, физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга, при што употребил тврд предмет - соопшти МВР.
  5. Смејно насилство било пријавено во текот на вчерашниот ден и во 21:00 часот во СВР Скопје, кога 41-годишна жена пријавила дека околу 15:30 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р.
  6. На 08.03.2026 во 21:20 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарви лишиле од слобода 69-годишник од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите 44-годишен син и снаа.
  7. Насилен случај е регистриран вчера во 14:20 часот и во Кичево, кога полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.С.(37) од Кичево затоа што претходно во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.
  8. На 08.03.2026 во 16:00 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.Т.(58) од Виница. Според пријавеното, и покрај тоа што имал судско решение да не се приближува помалку од 100 метри и да воспоставува контакт, тој на 07.03. и 08.03.2026 во неколку наврати ја пресретнувал неговата поранешна 65-годишна партнерка во селската продавница, а одел и кај неа дома и ја вознемирувал и ѝ се заканувал.

НАМЕСТО СЛАВЕЊЕ, ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО - и на Денот на жената напади врз сопругите од сопружниците

На држава од нецели 2 милиони, во еден ден, 8 регистрирани случаи. Дно на едно општество.
 
Исто како што нема вистина дека прво го фрлила детето па после она се фрлила.
Има нешто инфо/записник на темава? Пошо од многу страни се слуша и првичната информација беше дека прво паднало дете.
 
Да,прва информација е дека прво детето се струполило. Иако несакав да верувам ,ама од прва рака инфо е дека се слушнале 2 лупања на земја,едно и после пола секунда уште едно.

Според логиката на нештата поверојатно е дека прво отишло детето па мајката.
 
Според твојава логика, доколку пешак поминува на зелено, и притоа е собран од ауди кое вози 200 км/час во зона со 50, и притоа возачот е со 10 пријави за брзо возење/возење под дејство, кривицата е во пешакот. Имал избор, можел да помине улица на други места, не морал баш тогаш да поминува.
За луѓето кои изгореа живи во Кочани кој е крив, државата што 15 години уназад створила плодна почва за таква рупа без никаква дозвола да функционира како дискотека, или виновни се луѓето кои се пронашле таму?

По твојата логика, утре кога ќе влезеш во маркет да пазариш, треба да побараш градежен елаборат од општина за да се осигураш дека објектот е граден по сите прописи, треба да побараш декларација за производите, исто за да се осигураш дека тоа што го купуваш е по некој безбедносен стандард, да побараш образец на вработената дека е пријавена во УЈП. Но, не го правиш тоа, бидејќи има некој кој е платен и има законска должност да ги регулира сите тие работи, бидејќи како граѓанин на една држава, имаш цела низа права кои државата МОРА да ти ги обезбеди. Значи тоа не е прашање на сакам/не сакам, државата има законска обврска да обезбеди заштита на сите граѓани преку низа државни инструменти. И за тоа има еден куп вработени кои ги финансираш ти. И тоа не е некој идеален концепт, тоа се основни права загарантирани со Устав.

И пак се вртиме во круг, тоа што за тебе е очигледен избор, е така бидејќи гледаш низ некои твои идеали очила. Зошто не го пријавила, како да пријавувањето е така, одиш во полиција натепана, они така полни со емпатија те земаат, викаат цср, они доаѓаат експресно, ти даваат засолниште и тебе и детето, добиваш бесплатно правно застапување, а полицијата си ја тера постапката со насилникот. Судот ги решава работите прилично брзо и сите си живееме среќни.
Во реалност, уште кога ќе се појавиш во полициска станица, првиот контакт со полицијата ќе те натера да си ја подвиткаш опашката и да си се вратиш дома. Па ако има некој познаник таму, одма ќе зврцка на тепачот да дојде, и во најголем број од случаите нема ни да стигнеш до процесот на пријава. Доколку си стигнал до таа точка, следен ден треба да си одиш во цср, сам да си пријавиш, а во меѓувреме сам да си бараш засолниште.
Доколку немаш приходи ( а најголем дел немаат, бидејќи или не смеат да работат, или се финансиски контролирани ), доколку немаш fallback од фамилија, единствено што може да направиш со тоа пријавување е да се сликаш. За некролог.
Пријавата од полиција до цср, за инцидентот кога ја турнал по скали, со детето присутно на инцидентот, патувала 45 дена. За 45 дена он може да ја убие уште 45 пати.
Дали она имала кај да оди, не знаеме. Не знаеме ни дали била во работен однос, ниту па дали имала блиска фамилија кои биле спремни да и помогнат.
Дали била суицидална, тоа си има служби кои требало да утврдат! Имало пријави, цср била во контакт со нив. И не станува човек суицидален така од чиста мира. Колку само случаи на самоубиство има од PTSD, а во овој случај имаш жртва која е и психички и физички уништена, донесена во таква ментална состојба да избере смрт за да си ги олесни маките. И притоа во таква состојба на делузија, одлучува дека е подобро да го земе и сопственото дете со себе, за да го заштити од опасност. Далеку од рационално размислување, но со оглед на околностите, не е ни неочекувано.

Како држава општо, оперирани сме од концептот на лична одговорност, секогаш виновен е некој друг. Ама во вакви случаи, да барам лична одговорност на некој што бил изложен на катадневен ќотек, повеќекратни обиди за убиство, психичка и физичка тортура, не ми паѓа ни на крај памет.

Тежок е настанот, и сите на темава се обидуваме да дојдеме до заклучок зошто се случило ова. Тоа не значи дека некој одобрува убиство/самоубиство. Но, мора да се крене свеста за ваквото насилство и да се даде до знаење до каде може да ескалира, за истото да се превенира. Истовремено да се покажат дупките во системот ( а очигледно ги има многу ).
И наместо да покажеме дека извлекуваме поука и знаеме како да продолжиме при идни вакви случаи, ние тука на тапет ги ставаме сите жртви, со изговор дека имаат избор.
Имаат избор и мажите, да не вршат насилство, ама тоа некако никој не го коментира.
Сите ние веруваме во одредени принципи, дел се универзални, дел се врзани за култура, традиција или идеологија. Еден од идеолошките е значењето и угогата на државата (власта) во секојдневните животни текови. Поточно што се улогата и значењето на власта, каде може да се меша, а каде не. Во оние текови каде се меша, држава премногу потфрла, додека оние кои се на слободното управување, имаме навистина поголема контрола и подобри резултати. Така, власта е проблемот, а не решението. Проблемот е во тоа што кај слободните текови, тешко дека можеш да ја контролираш цената (се формира на пазарот т.е. преку договарање), а контролата е или преку закон (пр. закон за минимална плата) или преку регулаторни тела и комисии. Еве, мене ми е несвојствено една држава да чека донација за возила за брза помош. Мора да имаш долгорочен стратешки план, каде ќе предвидиш и постепено обновување и континуирано одржување на возниот парк. Да, има и непредвидени трошоци, ќе ставиш и одредени варијабли. Друг проблем, секогаш сме на врвот на смртност на новороденчиња во Европа. Од образованието и здравството можеш да заклучиш колкава е грижата на државата за својот народ. Не може се да падне на товар на граѓанинот, како нередовните контроли, имавме и една од најголемите стапки на смртност за време на Ковид пандемијата. Проблемите се интерни, дали просторни, дали кадровски, дали недостаток на опрема, или од се по нешто, може на некоја друга тема. Не ми е ни нормално, за услуга која плаќам, и со децении не ја ползувам и ако ми затреба некогаш, да чекам со месеци да ја добијам, односно да чекам за некаков преглед! Дел чекаа и не дочекаа! По образованието и здравството, битно е инвестирањето во културата, кое и да го нема. Немаш државен темел без култура. Лично многу ме боли за Саемот како културна манифестација, ама да не навлегуваме во други сфери со кои ќе се разводени дебатата.

Друго, одржување на јавниот ред и мир, државата ја има палката во својата рака, технички ти кажува дека си поданик, дека мораш да ги почитуваш сите закони, дел донесени, а не биле никогаш ставени на политичката агенда за која си гласал. Законите се носат и менуваат прелесно и многу еноставно, со тоа ја губиш и правната сигурност. Е сега, доаѓаме до твоето, ланецот од пријава до реагирање. Да, полицијата постапува по пријава, само има голема институционална незаинтересираност, а веројатно и недостаток од соодветен кадар во ЦСР, а прашање е и со колкави ресурси располагаат. Дали со тековниот кадар, дел политизиран, се во можност да се носат со целокупниот товар, кој воедно е и општествен проблем. Правните провеси траат со години, а фактички со сите рочишта може да се завшри и за неполн месец, како што е во САД. Еднаш за ова решение разговарав со еден кривичар, ова некогаш се разгледувало да се имплементира, маратонско секојдневно судење и постапката ќе заврши за недела-две (во зависност од обемноста на доказите и сведоците), но немало доволно кривичари! Им одговара одложување и продолгирање затоа што наплаќаат од рочиште, а правниот исход секогаш, помалку или повеќе, однапред се знае!

Жената трпела 7-8-9-10 години, предолго трпела, преземала и одредени чекори кои не можеме да ги сфатиме, да ги исперцепираме, можеби сакала да сврти нова страница во животот, можеби не сакала полицијата да се меша, можеби сакала детето да порасне и со татко, можеби мислела дека тој ќе се промени. Многу можеби, се е сведено на серија претпоставки. Проблемот е во тоа што чекаме да настане нешто, нешто да се случи, па да реагираме. Реакцијата трае месец-дена, па пак се враќаме во општествена хибернација. Независно дали е меѓуврсничко насилство, смрт на родилка или новороденче, (само)убиство на жртва на семејно насилство, додека се интересни настаните ќе си се појават низ медиуми, ќе дадат изјава и после ќе се олади настанот.

И не знам што маж е тоа што крева рака на жена. Жена е, и работи устата, те нервира, тоа и е работа, ако не ви оди, разделете се, барај си некоја која помалку ќе те нервира. Демек чувство на покорност, доминантност и страв! Некој вложил време и емоции во неа, ја родил и ја израснал сигурно не ти да ја малтретираш.

Има општествени сопки, најчесто во периферните населени места, а во албанските средини ова и не се ни пријавува. Таму жената ти е предмет за приплод, ќе чисти, ќе готви, малку до џамија, до пазар и пак дома. Толку и е оската за движење. Во урбаните средини сликата им е малку поинаква. Прашањето е како да се надминат сопките и како да се изгради поефикасен и поефективен систем кој ќе ги заштити сите граѓани, ќе им ја даде услугата што државата самоиницијативно се нафатила да ја извршува?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Така е, што ли се случува со жениве.
  1. На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.З.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, а притоа оштетил и дел од покуќнината - се посочува во објавата на МВР.
  2. На 09.03.2026 во 00:05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(52) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.03.2026 околу 16:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата 47-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка и кон нивниот 17-годишен син, а го оштетил и мобилниот телефон на сопругата - се посочува во објавата.
  3. МВР посочува дека во текто на вчерашнито ден, во 20:20 часoт во СВР Скопје, 38-годишна жена пријави дека во периодот од 06. до 08.03.2026 нејзиниот девер Г.В.(44) од Скопје, преку мобилен телефон упатувал закани кон неа и членови на семејството.
  4. На 08.03.2026 во 23:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.И.(65), постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом во скопско, физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга, при што употребил тврд предмет - соопшти МВР.
  5. Смејно насилство било пријавено во текот на вчерашниот ден и во 21:00 часот во СВР Скопје, кога 41-годишна жена пријавила дека околу 15:30 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р.
  6. На 08.03.2026 во 21:20 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарви лишиле од слобода 69-годишник од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите 44-годишен син и снаа.
  7. Насилен случај е регистриран вчера во 14:20 часот и во Кичево, кога полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.С.(37) од Кичево затоа што претходно во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.
  8. На 08.03.2026 во 16:00 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.Т.(58) од Виница. Според пријавеното, и покрај тоа што имал судско решение да не се приближува помалку од 100 метри и да воспоставува контакт, тој на 07.03. и 08.03.2026 во неколку наврати ја пресретнувал неговата поранешна 65-годишна партнерка во селската продавница, а одел и кај неа дома и ја вознемирувал и ѝ се заканувал.

НАМЕСТО СЛАВЕЊЕ, ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО - и на Денот на жената напади врз сопругите од сопружниците

На држава од нецели 2 милиони, во еден ден, 8 регистрирани случаи. Дно на едно општество.
Факт е дека семејното насилство е голем проблем.ама има една интересна работа а тоа се двојните стандарди.Пред некое време прочитав на FB некоја го претепала сопругот и свекрвата.Знаеш кои беа коментарите на повеќето жени?-Убо им направила,глата да им ја скршила и сето тоа зачинето со лајкови и хе-хенца.Кога им пишав дека се лицемерни дека насилство си е насилство ми се нафрлија ко хиени.Само некои жени кои претпоставувам имаат синови се ставија на моја страна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom