Ај да се пофалам сеа + да дадам една рецензија на се` она што беше издадено во последниве месеци. Значи Mylo Xyloto во целина им е чекор понапред иако тоа значи и напред во комерцијала. Се осеќа нивната трансформација како полека од X & Y до сеа прејдува повеќе кон тоа како публиката им врши влијание. Но такво време сме - за да бидеш пославен, мораш да се повиниш кон публиката. Така е кај фолтин, така беше и кај Суперхикс. Не го осудувам тоа.
Добро сеа зајдов малку но еве вака... Мнозинството ќе рече дека Every teardrop is a waterfall е најјаката нивна песна од севкупното новоиздадено во последниве 3 месеци. Не би се сложил зашто во таа песна има многу празни одови - крајот као едвај чекам да дојде. Песна во која така се осеќам е песна која на почетокот, да, може да е колку и да сака да е добра, catchy и што ти ја знам ама крајот некако ми е монотон и затоа не ми е нај нај. Од друга страна Us against the world е некако посмирена, нема некое интро, но сепак кога завршува имам чувство дека прерано завршила - е ова е песна која ми има оставено впечаток. Некоја друга интересна е и Charlie brown, малку чудно но интересна хармонија на звуци. Major Minus ја сметав за недоработена но има многу и многу повеќе смисла. Онаа со Ријана не ми е по ќејф. Не знам, не се уклопува никаде. Парадајзот е ок, личи многу на нив.
Нота бене - стиот им е изменет но не целосно - повеќе маваат на електронски ритам и разни ефекти но основната маса е неделива - си го имаат своето од памтивек.
Сума сумарум интересна промена иако повеќе отидоа во масата, пак знаат шо да нагласат а што не.