Cisco курсеви?

Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Здраво ,

Дали некој може да ми каже дали вреди да се земаат овие курсеви т.е дали полесно се наоѓа работа со сертификатите или ?

Дополнително да ми препорача која насока е најбарана во моментов(VOIP/blabla) и ако има некој што го полагал CCNA (основниот) испит да ми каже на што да обратам внимание .....зашто заглавив кај командите на рутерите :D МНОГУ СЕ ! :)
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804

Мислам дека вреди да се земаат овие курсеви, не се баш ефтини, но секој работодавач и те како го цени ваквиот индустриски сертификат (посебно мајкрософт и циско сертификатите). За насока и помош околу учењето ќе треба да почекаш одговор од некој друг член, јас немам учено/полагано циско курсеви :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Заборавив да кажам : Не плаќам за курсот (пошто е 2000 еур нели ....) сам свој мајстор сум ...па ако може да ми каже некој кај и на што да обратам внимание.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.616
Заборавив да кажам : Не плаќам за курсот (пошто е 2000 еур нели ....) сам свој мајстор сум ...па ако може да ми каже некој кај и на што да обратам внимание.
Не плаќаш - немаш папир.
А кај нас папирот се вреднува поради некоја чудна логика.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.201
Поени од реакции
14.514
Не плаќаш - немаш папир.
А кај нас папирот се вреднува поради некоја чудна логика.
Јас ко што го сфатив сам учи ама ќе плати за да ги полага у секој случај.
Така да ако може сам тогаш нема потреба да ги фрла тие 2000 евра.

Иначе според мене вредат тие сертификати, не само кај нас туку и надвор, многу полесно би можел со нив да најдеш работа отколку со диплома од ФЕИТ/ФИНКИ.

У секој случај и со едното и со другото ќе ти треба прво пракса и тоа добри 6 месеци па после можеш да бараш нешто повеќе :)

Јас бев на Александрија една година али поради немање на финански средства во тој момент не успеав да стигнам да ги полагам испитите, а пошто сега сум преориентиран на друго не ни имам намера во блиска иднина.

Немој да заборавиш исто така дека на неколку години треба да ги преполагаш.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.086
Поени од реакции
11.485
Јас ко што го сфатив сам учи ама ќе плати за да ги полага у секој случај.
Така да ако може сам тогаш нема потреба да ги фрла тие 2000 евра.
Не се 2000 евра, едно 3 пати помалку се.
Инаку за овие курсеви праксата е доста битна, затоа би ти препорачал да го слушаш курсот ако имаш кеш, работа со опрема (рутери, свичеви) од неколку илјади евра е различно од работа на симулатор
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.201
Поени од реакции
14.514
Не се 2000 евра, едно 3 пати помалку се.
Инаку за овие курсеви праксата е доста битна, затоа би ти препорачал да го слушаш курсот ако имаш кеш, работа со опрема (рутери, свичеви) од неколку илјади евра е различно од работа на симулатор
Зависи за што,ако иде Семос или Александрија, толку се, ако иде само ЦЦНА да го земе тогаш помалце е али се сложувам дека повеќе се учи со вистинска опрема него ли на симулатори
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.393
Поени од реакции
5.261
Sto e fintava so MCP to est po novo MCITP. Neli bese na vremeto eden test 70-270 za Win XP
Sega gleam malku pokomplikuvano e dobivanjeto na toj MCP sertifikat

Pa zgora na toa podrskata na novive trae do 2013...Neznam sto ocekuvaat posle valjda na Win 8 da prefrlat ?!

Zaintersiran sum za polaganje na toa MCITP
Installing , Configuring and administering Microsoft Windows

Any info?!?!
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.086
Поени од реакции
11.485
Зависи за што,ако иде Семос или Александрија, толку се, ако иде само ЦЦНА да го земе тогаш помалце е али се сложувам дека повеќе се учи со вистинска опрема него ли на симулатори
Зборам од лично искуство од пред 5-6 години, тогаш курсевите (ЦЦНА1-ЦЦНА4) чинеа по 10.000 денари секој, јас платив со попуст 33-35.000.
Дури и ваучерот за VUE го земав за 70% попуст за полагање, но никогаш не отидов да го полагам поради работни обрски.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.201
Поени од реакции
14.514
Зборам од лично искуство од пред 5-6 години, тогаш курсевите (ЦЦНА1-ЦЦНА4) чинеа по 10.000 денари секој, јас платив со попуст 33-35.000.
Дури и ваучерот за VUE го земав за 70% попуст за полагање, но никогаш не отидов да го полагам поради работни обрски.
Да де истото го збориме, ама Александрија и Семос не се само ЦЦНА испитите во програмата имаат повеќе тоа ми беше муабетот :)
Имам другар што ги зема пред некој период тие 4 и исто така го фатија негде, ми збореше по 11 000 секој.

Како и да е еве кажи ти со искуство дали ти завршиле работа тебе или не?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.086
Поени од реакции
11.485
Да де истото го збориме, ама Александрија и Семос не се само ЦЦНА испитите во програмата имаат повеќе тоа ми беше муабетот :)
Имам другар што ги зема пред некој период тие 4 и исто така го фатија негде, ми збореше по 11 000 секој.

Како и да е еве кажи ти со искуство дали ти завршиле работа тебе или не?
Овие курсеви завршија работа за повеќето од колегите со кои го слушав курсот, мене лично не, затоа што почнав со работа во друга ICT бранша, ова ми беше резервна варијанта.
Ако ме прашаш мене, ни денар не жалам што сум дал за курсевите (во тоа време беа големи пари за мене), иако не сум имал финансиски бенефит од тоа.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Имам лаб. на работа ..... Циско рутери и чуда .... и вежбам на нив .... него ме интересираше на што да обратам внимание ....пошто има ПРЕМНОГУ теорија а планирам до крај на септември да го спремам курсот и да го полагам (ко што разбрав 300 долари е испитот)
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Мислам дека вреди да се земаат овие курсеви, не се баш ефтини, но секој работодавач и те како го цени ваквиот индустриски сертификат (посебно мајкрософт и циско сертификатите). За насока и помош околу учењето ќе треба да почекаш одговор од некој друг член, јас немам учено/полагано циско курсеви :)
Да ама има уште една работа треба сертификатот да го обновуваш а со тоа полагаш нов испит на 4 месеци мислам како „апдејт“.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.547
Поени од реакции
7.314
Имам лаб. на работа ..... Циско рутери и чуда .... и вежбам на нив .... него ме интересираше на што да обратам внимание ....пошто има ПРЕМНОГУ теорија а планирам до крај на септември да го спремам курсот и да го полагам (ко што разбрав 300 долари е испитот)
За VCE тестови си чул ? Се учитуваат у програм и пред тебе имаш 70-90% сличен тест на тој шо ке го полагаш. Овде имаш куп такви по датуми, битен е рејтингот и коментарите за секој тест да се читнат...незначи дека тест што се паднал пример у Мексико ке го добиеш ист и ти тука у МК, али ке биде сличен у одреден процент. Ко за инфо, тестот го полагаш пред лице овластено за сертификација, не носиш ништо и некористиш ништо твое(хартија, пенкало, телефон) на полагањето, тестот има само forward дугме, чим одговориш прашање назад враќање нема, а време тече :) Од тие шо полагаа знам дека на CCNA им се паднаа 4-5 симулации и 50тина прашања а од све тоа симулациите носеле скоро 90% од поените, сувите прашања носат многу малце бодови така да ако утнеш симулација паѓаш гарант. По прашањава што ги поставуваш септември некако брзо ке ти е за полагање.
 
Член од
31 јануари 2012
Мислења
48
Поени од реакции
8
Дали кога полагаш еве пример ccna1 ,дали се паѓаат истите прашања што ги има на нет од минатите години ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom