Ве читам погоре и ок, имате некакви забелешки.
Ама...
Ајде, да тргнеме на страна тоа што го преместија во јули.
Да тргнеме на страна дали ви се свиѓа програмата или не.
Да тргнеме на страна тоа што се поскапени карти.
Да тргнеме на страна што го ставија на отворено.
Да тргнеме на страна што може човек до тебе да пуши (јер отворено) и да ти оди чад во тебе (а можеби и акустичниот чад од Iqos-от или шокур да е тоа)
Да тргнеме на страна што може да си влезе некој со со куче и кучето да ти скока околу нога.
Да тргнеме на страна што тоа што е на отворено значи дека може коли да си помнуваат и луѓе да си одат и зборуваат гласно.
Да тргнеме тоа што поради тоа што е на отворено се слуша оџата како се моли од локалната џамија.
Да тргнеме на страна што поради тоа што е отворено, ако си земеш сок за пиење и го ставиш на столчето до тебе ќе си го земеш со 1000+ мравки на него и на столчето кога ќе заврши филмот.
Да тргнеме тоа што ете, во исто време може да се случуваат два настани па така може да гледаш филм додека се слуша музиката од надвор.
Да тргнеме тоа што проекциите почнуваат 10-30минути подоцна од закажаното, тоа е стандард години уназад.
Да тргнеме тоа што поради последната реченица, значи нема време да се проверуваат карти па e "ajde, vlagaj, nema vreme da proveruvam"
Да тргнеме на страна тоа што поради тоа што е на отворено, се продаваа карти онака, без ред за седење, и сосема беше ок да дојдеш 5-10 минути пред филмот и да сфатиш дека нема место за седење (поради последната реченица) и да треба да побараш место за седење и да ти се каже "jbg, zemi si stolce" па кога ќе отидеш да земеш столче да ти се каже "a jbg sea, nema stolce, nema nisto, toa e" па кога ќе кажеш "ама имам карта купено?' да ти се каже "e jbg, si trebalo porano da dojdes" (вратете се на пар линии погоре за времето и почетоците и порано во реченицава каде се спомнува доаѓање 5-10 минути порано), па да треба да стоиш или да клечиш
Да тргнеме на страна све ова...
....а бе толку е тешко да стиснеш копче за превод на филм или да најавиш дека одреден филм ќе оди само на англиски и нема да има превод?
Не за друго, за постарите што не знаат англиски па си стануваа среде филм ми е...
Иначе освен ова добар фестивал, цените се исти веќе година-дена уназад не е ова ново, програмата е ок, се надевав ќе успеат некако Kind of Kindness да го донесат, ама изгледа тоа беше преоптимистично. Здравје втора недела на септември ќе го имате во редовен репертоар по кинава ваљда.
Се надевам догодина и поголема поддршка ќе добијат од градот, онака предизборно.