CINEDAYS 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата CafeDelMar
  • Време на започнување Време на започнување
Не го видов, не би го ни познал, слаб сум со препознавање фаци :)
 
Добар, чиста 8-ца, типичен Корејски со одмазда :).

Него го виде ли Дарко Митревски, беа со жена му ама си отидоа после 20-тина минути.

Беше и Лабина Митевска со мажот и ваљда беше тоа...

А вечерва во осум беа пак Дарко со жена му ама овој пат до крај седеа, баш позади мене беа :)

--- надополнето: 21 ноември 2012 во 02:12 ---
(Pieta - Јужна Кореја, 2012)

Pieta-e1346760844184.jpeg


Неколку луѓе станаа на половина од филм наверојатно затоа што имаше доста тешки сцени кои веројатно не се за сечиј стомак. Го одбрав овој филм најмногу поради трејлерот што ме привлече, а и на форумов читав доста позитивни коментари за овој режисер па ајде сакав да пробам нешто и од Корејскава кинематографија. Апсолутно брилијантен филм, ме остави со отворена уста до крајот на филмот. Глумата е чиста перфекција, болна дури за гледање, преубава музика во позадина. Се расправа за човек кој најмен од лихвари оди и брутално ги измачува луѓе кои работат во сиромашни преградија поради нерасчистени долгови. Еден ден му се појавува жена која тврди дека е неговата мајка. Тој не и верува но после некое време одлучува да и верува. Но до крајот на филмот ќе бидете сведоци на многу шокантни откритија. Посебно ми се допадна како заврши филмот. Легендарно.

:cuc:

(Rust and Bone - Франција, 2012)

51b-%2BbZbUgL._SL500_AA280_.jpg


:cuc: (y)

Не се ни сомневам дека филмот ќе биде во петте номинирани за најдобар странски филм. Салата во Милениум вечерва во 20 часот беше преполна, нормално кога стануваше збор за еден од најзборуваните филмови. Номиниран за Златна Палма на Канскиот филмски фестивал оваа драма дефинитивно отскокнува од многуте филмови на Синедејс. Марион Котиљард буквално блеска во филмот, секоја чест за глумата, уште од кога ја глумеше Едит Пјаф ми докажа дека е врна актерка.

Во оваа француска драма станува збор за Али, самохран татко со петгодишно дете оди кај неговата сестра Ана, со која не презборел неколку години. Се вработува како обезбедување во дискотека каде што ја запознава Стефани, која работи во Аквариум како дресер на орки. Но судбината ги спојува кога Стефани ќе биде нападната од една орка и завршува со половина ампутирани нозе. Тој е тука за неа - ја враќа во живот и Стефани продолжува да живее нормално. Од друга страна Али продолжува со неговата страст, да биде борач за да заработи некој денар, а овој пат Стефани е тука да му помогне кога ќе му биде најтешко.

A must-see movie.
П.С Го имате на торенти, и тоа во висока резолуција.
 
Откако напишав дека “не се ни сомневам дека ќе биде во петте номинирани“ веќе видов дека The Intouchables бил избран како француски кандидат за Оскар. Еднакво добри се и двата филмови (y)А иначе Rust and Bone го има на thepiratebay, и превод англиски имате на Titlovi. :)
 
Kриво ми е дека ни сношти ни денес не успеав да отидам на 7 días en La Habana. Го гледаше некој да сподели импресии?

Јас :P

Интересно филмче. Прикажан беше животот во Хавана, низ седум различни приказни, секоја сместена во различен ден од неделата.
Од филмот заклучуваш дека во Хавана никој не работи тоа што е по професија, секогаш јајца немаат и одат по комшиите да бараат, нафта во буренциња си носат и ставаат, странците им се е ко богови, дека се живее бедно, се крпи од ден за ден, ама сепак се весели, константно забави си прават и скоро секој знае да пее, за танцување да не зборуваме :)

Музиката низ филмот лудило беше, многу добра, јас си потцупнував седејќи. Не можам на таков ритам мирна да сум :D

П.С. Имаше еден дел, кај што вршеа некој си ритуал врз девојка што бакна девојка, ептен детелно беше прикажана постапката на истерување на „лошите духови“ од неа. Уште што не ја легна тој врачарот да ја направи повторно нормална :facepalm: Овој министеров може да ја земе постапката :ROFLMAO:
 
Бидна и Синедејс и богами ќе ми фали таков богат репертоар. Успеав да ги гледам уште Beyond the Hills и The Angel's Share, и двата на свој начин одлични. Првиов особено многу ме бендиса поради тематиката.

Да се надеваме на богата програма и идната година, а дотогаш - да ни е стабилна и брза интернет конекцијата и живи торентите. :D
 
Го изгледав „Кад сване дан“ сега на затварањето на Синедејс. Што знам, доста добра драма, доста емотивно направена, но очекував малце повеќе. Никако не ми е за номинација на Оскар, дури нашиот „Трето полувреме“ успеа повеќе да ме трогне, дека и во двата филмови станува збор за експлоатацијата на Евреите.

Преубава музика има во филмот, секако изработена од нашиот Влатко Стефановски. Глумат и Мето Јовановски и Васил Хаџиманов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom