Тоа е така затоа што поголемиот дел од денешниве деца се научени сите работи да му се завршуваат на готово, а не да научат да стојат на свои нозе
Да така е сега, ама не беше така некогаш, и ние сме биле млади,како што биле млади некогаш и нашите родители, и сите други,
пред ратот децата уште на 13-14-15 години оделе некои со татковците во Беране, Тирана, Београд, да работата барабар со нив, т.с. помагаат претежно во градежништво или како пекари и слаткари.Тогаш родителот обично не бил дома скоро по цела година и сета грижа пак останувала на најголемото машко чедо и тоа најчесто на 14-15 години, а помали деца еден куп за ранење.
А еве и моја генерација не сме биле легачи,не сме чекале од родителите сме гледале што поскоро да си имаме своја пара во џебот,
и затоа повеќето од таа послератна генерација се фати за занат.
Пример и од мене, кога учев во средно летата ги поминував поголем дел на бензинската пумпа МП на индустриска-млин Куманово.
Тие години крајот на 60,почеток на 70 ите, повеќе имаше овде странски возила него ли наши,доста доаѓаа западњачи и одеа кон ГР.
Јас како ми текнало незнам,бришев стакла на тие автомобили,помагав и при точење гориво и промена на масло-(бесплатно). Бефме само две деца тука за таа работа. Навечер кога ќе си отидам дома и ќе ги истурам парите на маса-повеќе метални, моите се чудеа кога кога ќе ги изброев дека тие се повеќе од нивната дневница. А учев карши во Коце Металец.
Но не било само тоа, (земја никогаш сме немале,па да помагам таму) сум работел и друго преку лето,или пак рано насабајле сум разнесувал млеко во Карпош 1-2-3 до врата, газда од Кадино село,ќе ни остави шишињата и ние трчај по цела населба - ринтај .
И петлите уште во село не запеале,а ние го носиме млекото до7- 8 саат треба да е распоредено.
Сега кој млад ќе го натераш ова да го работи. Еве и моиве само гледат креветот да го фатат.