Чудни приорирети?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Прашањава на темава беа као зашто луѓето сакаат да се забавуваат и лесно да заработуваат? Па колку треба на некој да му биде испран мозокот за да приоритет му биде работата и рмбањето цел живот за да успее?
 
Уопште не се пронајдов во постот. Книга последен пат читав вчера вечерта, а лифче уплатив прееска

Мојата цел беше не да осудам , туку да кажам дека , да има општо-кажано предодредени приоритети кон кој сите целат. Но не треба да се судат тие што сакаат среќата да си ја најдат на друг начин. Ако би ги осудувале сите што би имале според повеќето грешни приоритети, тогаш би имале музичари,уметници,глумци како и писатели на една рака да се набројат....
Не ми е муабетот дека треба да се комариш и пијанчиш, ама ако некој решил тоа да го прави, не твое/ваше да му судите...
тука веќе си помек во изјавата :)
и други го посочија болдираното претходно. но продолжетокот на тоа е страшното. нивното решение се одразува на останатите. на мене. зошто? затоа што таквите луѓе се се помогубројни. зафаќаат ........... слободно можам да кажам 50% од населението. е тука настапувам јас и ГИ осудувам. сакал неќел, ги сретнуваш во секојдневието и ги слушаш како се жалат на се' живо диво, наместо да се потрудат да бидат ЧОВЕЦИ. се жалат на немање работа, а не испратил ниедно ЦВ, се жалат на мала плата....... па побарај поголема (претешко е да се најде работа знам од искуство), се жалат дека денес било облачно затоа што не можел да седне поред кеј, ......... се нервира зошто интер изгубил, а кога игра македонија тогаш типува против неа. ако сакаме да не ценат како луѓе/нација, мора да поработиме на сопствениот идентитет. да не дозволиме да земат поголем замав и да не дозволиме тие безрбетници да бидат лице на нас. од 18 год заработувам, и секогаш сум учествувал во домаќинлукот со мој дел од заработените пари, воедно и факултет сум студирал. нормално, сега сум самостоен и се' сам си плаќам. и никогаш не кукам како ова или она. секогаш се борам од петни жили за понатаму. така треба и да биде, така и ги учам децата, а богами и пријателите. што ако кукаш, ...... нема да ти го реши проблемот. Ќерка ми кука како тој предмет и бил тежок и сл. И? што ако и е тежок. мора да го научи за тест. готово! крај на муабетот. нема тато да иде и да бара поголема оценка иако го знае тој професор. ..........мислам дека ме сфати
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom