Чудни приорирети?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Мене па ми се чудни луѓето што се занимаваат со туѓи приоритети. Кој што сака нека си поставува за цел. Ич не ми чуе дали комшијата Петко зел кредит за да иде на одмор или да реновира дома. Мене тоа воопшто не ми менува нешто во животот.

На крај краева, на сите оние кои пишале на темава дека младината е мрзлива - супер за вас, имате помала конкуренција. Не знам што ви смета тоа.

Сите шо пишале на темава ги поседуваат истиве квалитети, не си прај филмови.
 
Не знам што е проблемот но мислам дека Македонците како народ се многу претпазливи. Сите си живеат со она “Ќути си може и полошо“.
Го нема оној претприемнички дух кај народот. Сите си чекаат да најдат една работа (по можност во државна администрација) и да си останат таму цел живот.

Тоа е животот што голем процент од народот го сака. До кај 3-4 да е на работа, после да има време да си излезе на кафе, да се види со сите луѓе со кои не се видел од вчера, и да утепа еден тон муабети. Викенд се чека да се игра спортска, да се направи дрво пијан во некоја од кафаните и да става слики по Фесјбук од неговиот “богат“ живот.

Ќе се ожени со некоја, ќе направи 2-3 деца, неговите и нејзините родители ќе им помагаат (пошто платите нема да им стигаат), ќе живеат во неговата куќа (на втор спрат) или во некој стан под кирија. За викенд истото како и кога не бил женет - кладилница, кафиња, кафани...

Да се живи и здрави родителите, и да фрлаат по некој денар од пензија...

Секоја често на исклучоци, но на мнозинството ова им се целите во животот.
 
Стварно и мене не ми е јасно како луѓево се задоволуваат со толку малку со толку ајде да не речам сиромашен живот.Треба да се има амбиција,да имаш големи цели во животот и треба да веруваш во тоа и ќе успееш.Нема нешто што не може да се оствари.Затоа што има толку работи да се видат,да се направат од кои стварно кога ќе дојдеш на одредена возраст ќе можеш да кажеш сум направил нешто во животот и сум го живеел со полна пареа ,а не кладилници,секој викенд пијани како магариња се дерат(пејат) и што? Леее пеер ама јак живот имам .
Најопасен од сите ризици е ризикот да го поминеш животот не правејќи го она што сакаш затоа што мислиш дека ќе можеш да го направиш некогаш во иднина. ;)
Комфорот е непријател на големите достигнувања.
Немој да се качуваш на планина за да те види светот, туку за да можеш ти да го видиш светот.
 
Тоа е така затоа што поголемиот дел од денешниве деца се научени сите работи да му се завршуваат на готово, а не да научат да стојат на свои нозе :)
 
Тоа е така затоа што поголемиот дел од денешниве деца се научени сите работи да му се завршуваат на готово, а не да научат да стојат на свои нозе :)
Да така е сега, ама не беше така некогаш, и ние сме биле млади,како што биле млади некогаш и нашите родители, и сите други,
пред ратот децата уште на 13-14-15 години оделе некои со татковците во Беране, Тирана, Београд, да работата барабар со нив, т.с. помагаат претежно во градежништво или како пекари и слаткари.Тогаш родителот обично не бил дома скоро по цела година и сета грижа пак останувала на најголемото машко чедо и тоа најчесто на 14-15 години, а помали деца еден куп за ранење.
А еве и моја генерација не сме биле легачи,не сме чекале од родителите сме гледале што поскоро да си имаме своја пара во џебот,
и затоа повеќето од таа послератна генерација се фати за занат.
Пример и од мене, кога учев во средно летата ги поминував поголем дел на бензинската пумпа МП на индустриска-млин Куманово.
Тие години крајот на 60,почеток на 70 ите, повеќе имаше овде странски возила него ли наши,доста доаѓаа западњачи и одеа кон ГР.
Јас како ми текнало незнам,бришев стакла на тие автомобили,помагав и при точење гориво и промена на масло-(бесплатно). Бефме само две деца тука за таа работа. Навечер кога ќе си отидам дома и ќе ги истурам парите на маса-повеќе метални, моите се чудеа кога кога ќе ги изброев дека тие се повеќе од нивната дневница. А учев карши во Коце Металец.
Но не било само тоа, (земја никогаш сме немале,па да помагам таму) сум работел и друго преку лето,или пак рано насабајле сум разнесувал млеко во Карпош 1-2-3 до врата, газда од Кадино село,ќе ни остави шишињата и ние трчај по цела населба - ринтај .
И петлите уште во село не запеале,а ние го носиме млекото до7- 8 саат треба да е распоредено.
Сега кој млад ќе го натераш ова да го работи. Еве и моиве само гледат креветот да го фатат.
 
Искрено малку млади сме а посебно девојчиња кој фаќаат нешто да работат .Значи од сите мои другарки само јас и уште една знаеме било кој ручек да го зготвиме,да измиеме садови ,да исчистиме,да спружиме алишта и ред други работи незнам да помогнеме на пр. кога се бере грозје или се крои и.т.н (главно да сработиме нешто и да не бидеме мрзи светски)а и да имаме време да испаднеме и плус нашколо што сме одлични и не ги сфаќам другиве девојчиња што кога ќе кажат дека само лежат цел ден други деца им се восхитуваат и со гордост го пренесуваат на другите. Сериозно треба родителите малце да ја земат работата во свои раце оти генерацијава моја (имам 16 год.) е катастрофа ,значи ги гледам и ги жалам од што се толку мизерни и што меѓусебно иако се ,,друштво'' постојано си ја оценуваат облеката,работниот однос кој нивните родители го имаат,фамилија се до седмо колено се гледа дали некој има подобар статус во општеството или не .И што е најтрагично тоа им е глава окупација во нивниот живот. :(
 
Криво ми е што се маргинализира цела младина ради една група. На крајот сите неможат да бидат (не) успешни. Место да се дебатира во бесцелна дискусија и да се бараат „битните причини“ зошто некој е мрза и зошто му е врв флаша во дискотека, зашто да не се дебатира за оние што им се работи и работат за никакви пари?
 
Не знам што е проблемот но мислам дека Македонците како народ се многу претпазливи. Сите си живеат со она “Ќути си може и полошо“.
Го нема оној претприемнички дух кај народот. Сите си чекаат да најдат една работа (по можност во државна администрација) и да си останат таму цел живот.

Тоа е животот што голем процент од народот го сака. До кај 3-4 да е на работа, после да има време да си излезе на кафе, да се види со сите луѓе со кои не се видел од вчера, и да утепа еден тон муабети. Викенд се чека да се игра спортска, да се направи дрво пијан во некоја од кафаните и да става слики по Фесјбук од неговиот “богат“ живот.

Ќе се ожени со некоја, ќе направи 2-3 деца, неговите и нејзините родители ќе им помагаат (пошто платите нема да им стигаат), ќе живеат во неговата куќа (на втор спрат) или во некој стан под кирија. За викенд истото како и кога не бил женет - кладилница, кафиња, кафани...

Да се живи и здрави родителите, и да фрлаат по некој денар од пензија...

Секоја често на исклучоци, но на мнозинството ова им се целите во животот.

Од збор до збор потполно точно. Од ова со петни жили се трудам да избегам. :гик:
 
Aко на некој му е убаво да игра кладиница и да пие флаша у диско итн итн, негово си е, кој сте вие ( ние ) да му судиме? На крај у краева секој човек си одбира сам што прави и тоа е тоа. За тој човек веројатно ти , што да речеме приоритет ти е читање книги, штедење пари за подобра иднина и така натаму, имаш чудни приоритети и те оговара дур пие кафе после работа....
Секој си има свои приоритети, и неможе да се генерализираат, односно неможе сите да треба да имаат одредени, правилни приоритети, а други да имаат грешни, т.е чудни приоритети
 
Мене највеќе ме нервира тоа што нашколо цело време се зборува тоа како убаво си поминале вчера во клуб..и машките многу јаки фраери се прават.
 
Aко на некој му е убаво да игра кладиница и да пие флаша у диско итн итн, негово си е, кој сте вие ( ние ) да му судиме? На крај у краева секој човек си одбира сам што прави и тоа е тоа. За тој човек веројатно ти , што да речеме приоритет ти е читање книги, штедење пари за подобра иднина и така натаму, имаш чудни приоритети и те оговара дур пие кафе после работа....
Секој си има свои приоритети, и неможе да се генерализираат, односно неможе сите да треба да имаат одредени, правилни приоритети, а други да имаат грешни, т.е чудни приоритети
ти очигледно се пронаде во постот, а? :pos:
кога последен пати си прочитал некоја кника? а кога последен пати си уплатил спортска? биди искрен и кажи си
 
Aко на некој му е убаво да игра кладиница и да пие флаша у диско итн итн, негово си е, кој сте вие ( ние ) да му судиме? На крај у краева секој човек си одбира сам што прави и тоа е тоа. За тој човек веројатно ти , што да речеме приоритет ти е читање книги, штедење пари за подобра иднина и така натаму, имаш чудни приоритети и те оговара дур пие кафе после работа....
Секој си има свои приоритети, и неможе да се генерализираат, односно неможе сите да треба да имаат одредени, правилни приоритети, а други да имаат грешни, т.е чудни приоритети

Впрочем, во право си. Кој сме ние да судиме било кој како да живее. Како што некој погоре напиша - "Немој да се качуваш на планина за да те види светот, туку за да можеш ти да го видиш светот."

Само што во случајов (а, веројатно и тоа сакаше да се постигне со поставувањето на темава/дискусијава) - сите се на делот качување на планина за да ги види светот.

Но, повторно, кои сме ние да судиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom