ChatGPT (OpenAI)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Излезе на ФВ дебата овој клип дали е АИ или е вистински...не е гогично лав да рипа во море и јаде ајкула, е еден тврди дека оваква снимка со детали сенки на нозете на лавот не може да се напраи со АИ ??? Не се разбирам во АИ, но мислам дека сепак е АИ, може пософистицирано напраен?

АИ е. Доста очигледен АИ.
 
Дури и натални карти прави Chat GPT и Gemini.

Gemini ми направи до толку детална и цело време те прашува дали сакаш за здравје, за љубов и ред други работи. Може дури и да ти поше за некој посебен датум. Цело време го водиш во кој правец да ти пишува.

Колку е се тоа точно не знам, јас многу и не верувам во такви натални карти ама е интересно колку детално вади текст.
 
Последно уредено:
Дури и натални карти прави Chat GPT и Gemini.
Mad Arthur GIF by MOODMAN
 
Шишево е купено со ракија (ракија Podrum Pevac) е сега шишето е убава форма ама има некој ситем вентил во него и не знам како би можело да се полни повторно шишево? Пробав да полнам вода од чешма полни споро зошто тој вентилот од страна има мали дупчиња но пример да полнам пак во него ракија пола ќе биде истурена надвор
А дали знае ChatGPT детално степ бај степ да напише упатство за вадење вентил за воздух од шише со ракија за да не иде узалуд празното шише?
:icon_lol:
 
Дури и натални карти прави Chat GPT и Gemini.

Gemini ми направи до толку детална и цело време те прашува дали сакаш за здравје, за љубов и ред други работи. Може дури и да ти поше за некој посебен датум. Цело време го водиш во кој правец да ти пишува.

Колку е се тоа точно не знам, јас многу и не верувам во такви натални карти ама е интересно колку детално вади текст.

Грок вика дека ChatGPT правел точни, Gemini знаел од памет да измислува некои работи.
 
А дали знае ChatGPT детално степ бај степ да напише упатство за вадење вентил за воздух од шише со ракија за да не иде узалуд празното шише?
:icon_lol:
Chat GPT пиша или да го искршам вентилот или да си го фрлам шишето и да купам ново :D
Автоматски споено мислење:

Грок вика дека ChatGPT правел точни, Gemini знаел од памет да измислува некои работи.
А Мета и Перплексити што викаат?
 
Ова нердовиве се исклучително опасни луѓе.

Една забелешка имам за ChatGPT што од такт ме вади и не знам како да направам да го елиминирам ова: кога прашувам нешто кое е глобално познато или за кое лесно може да се најдат онлајн податоци, прилично прецизно одговара. Но еве земи прашај нешто за Македонија, наместо да каже нешто во стил „не можам да најдам податоци за ова“, он измислува податоци кои не постојат и на таков начин прави да не можеш да му веруваш ни ако нешто точно ти одговори. Еве конкретен пример: на листата на романи кои учествувале во изборот за наградата „Роман на годината“ кај нас, за некои години ми фалат податоци кои романи го поминале првиот круг. Еве конкретно за 2004, ги имам сите романи кои учествувале, ама немам податок кои го минале првиот круг. И поставувам прашање надевајќи се дека ќе најде некоја онлајн архива од каде ќе откопа одговор. Он прилично сигурно ми одговара: Во втор круг поминаа романите... и измислува наслови. Не само наслови на романи, туку и имиња на непостоечки писатели. И му пишувам: „Кога нешто не можеш да пронајдеш онлајн, те молам одговори ми дека не може да се најде таков податок, не измислувај“ и пак му го поставувам истото прашање, и пак трокира, романи од друга година ги става во оваа... Со друг збор - хаос прави. Милион пати му посочувам дека не смее да измислува податоци, тој упорно пак го прави истото. Што да направам за кога одговара, а не знае нешто да ми каже дека не знае? Има некој трик, некој начин, не знам... Сега ова беше само пример, не ми треба мене конкретно за романите, генерално за се зборувам.
 
Ако Илја Суцкевер е збунка на тоа..
што останува за нас..

Типичен пример за халуцинација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom