Чашата....полу полна или полу празна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Возраст
36
Локација
skopYEAH
Веб-сајт
be.net
glass.half.full.jpg

Гледаме чаша со вода, ја земам водата како пример затоа што сите најредовно ја употребуваме. Има вода до самиот врв, скоро да се прелее. За да не се прелее се наведнуваме кон чашата и една голтка влегува во нас. Ни станува убаво па ја подигаме чашата и ни останува вода одприлика на пола. Ја гледаме како потреба, како завист. Сакаме да ја испиеме целата но ете се случува да ја оставиме во таа позиција. Седиме и ја гледаме незнаејќи дали е полу полна или полу празна?
За мене чашата е само чаша, а водата само вода. Тече низ доводот кога ни треба, а тоа што не ни треба го пуштаме низ одводот-Панта Реи за жал:(
За мене чашата со вода без оглед на тоа колку е полна или празна е само чаша. Јас сум само жеден...



Пред некоја вечер неможев да спијам па освен неколкуте фотки што ги направив и 10те цигари што ги испушив почна грлото да ми се суши и си наполнив една чаша вода ама ја испив до пола и ја оставив ја сликнав два три пати испаднаа не толку добри ама и не толку лоши фотки и продолжив да ја гледам чашата ама низ моето око. Ја свртев и ја истурив водата, ситуација која ми се има случено и во животов. Земав пробав и ја пуштив да си оди кај што и е местото.
Размислувања околу ова ми се важни, затоа што некој можеби и не пие од чаша.
 
Ајде почнуваме .... чашата е полу полна. (што мислит оптимист сум):vozbud:
 
Кога ќе побарам вода, ќе речам дај ми една чаша ама наполни ја до пола. Логично, чашата е полу полна(наполнета е со вода).
 
Кога ја полнеме, тогаш е полу-полна, а кога ја празнеме тогаш е полу-празна.
Се на се, исти курац.
 
Чашата е полу полна.. Не смее да остане полу полна.. Оптимист сум и амбициозна сум.. Ќе ја наполнам скроз.. И да е тешко.. Па и вода да нема.. Морам да се снајдам и да ја наполнам.. Тоа ми е цел ете.. Како така ќе се снајдам.. Сакам да кажам.. Не треба да се пушти никогаш ништо да се врати кај што му е местото.. Треба да се смести каде што сакаме ние да припаѓа..
И чашата не е само чаша.. Чашата е тоа што ние сакаме да бидеме..
Поточно секој предмет.. секој звук, секоја слика е отсликување на животот.. А животот е битка со многу неостварени цели што треба да сакаме да ги оствариме.. А ако сакаме и ќе можеме..
Останувам на тоа дека чашата МОРА да биде полна..
Заслужува зошто јас така сакам..
Така сакам зошто тоа ми е цел..
А остварувањето на секоја цел е она што не исполнува сите нас духовно..
 
Полу полна или полу празна... само ме интересира“Кој по ѓаволите ми ја испил водата?!“ :)

Секогаш кога барам мода им викам “Наполни ја до пола“ или ако заборавам да кажам и ми ја наполнат до врв ќе речам “ Одтури малце“ или само ќе ја испразнам до половина... така да, во еден случај е полу полна, а во друг сличај е полу празна.
Не може секогаш да ја гледам како полу полна, јбг...
 
Чашата е чаша , водата е вода .
А кога новото на водата е точно на средина од висината на чашата, значи дека е баш таму и на никое друго место.

Добро познато е тоа дека погледот кон работите може да биде различен.
Ако сакате да видите добро во лошото...само побарајте го и ќе го најдете.

Така е и со чашата.....Ваш е изборот.....Само имајте на ум дека како и да ја гледате, оптимистички или песимистички, таа сепак ќе биде тоа што си е "чаша во која нивото на водата е до половина".
 
~*~

Навистина немам голема потреба од чашата, ниту ми е битно каква е, иако навистина преферирам да пијам од оние чашите што се за коњак и виски, сепак кога имам есенцијална потреба од вода, чашата не ми врши некоја голема работа, сепак ќе си се напијам.
Се што си оди со својот тек е правилно, во ред, но кога ми треба водата, егоистички не се грижам за текот, само сакам да дојдам до неа.
Да ја изгасам жедта.
Никогаш не истурам и не трошам вода.:plet:
 
Кога ќе ми текне дека на времето ова беше као нов и интересен психолошки тест, за да се оццени оптимизмот или песимизмот на некоја особа, а денес е предмет на пародија:(
Ах, стварите се мењаат. И ја као дете имав плава коса и млечни заби, а после косата ми потемне и млечните заби ми испаѓаа.Суров живот:(:icon_lol::icon_lol:
 
Кога ќе ми текне дека на времето ова беше као нов и интересен психолошки тест, за да се оццени оптимизмот или песимизмот на некоја особа, а денес е предмет на пародија:(
Ах, стварите се мењаат. И ја као дете имав плава коса и млечни заби, а после косата ми потемне и млечните заби ми испаѓаа.Суров живот:(:icon_lol::icon_lol:
И јас сабајле имав 150 денари....ама сега имам само 2:( ама како што кажав, јас сум само жеден:wink:
 
Some say this glass is half empty, some say it's half full. Me...i am just thirsty.
 
незнам како ќе се изреагира (на некој мое и ќе е смешно) на ова ама ми текна додека ги читав вашите постови, епа вака иде:

чашата е полу-празна...дали да тажиме, нервираме, бедираме за работите што не испразнуваат.

или

чашата е полу-полна...да се радуваме на тие работи што не исполнуваат...

епа сега одберете што ќе биде...


ПС
значи незнам ни на мене како ми текна ова ама ако мојата професорка по македонски го види ова одма ми става 5ка и не ме пипа после до крај на школска лол
 
незнам како ќе се изреагира (на некој мое и ќе е смешно) на ова ама ми текна додека ги читав вашите постови, епа вака иде:
чашата е полу-празна...дали да тажиме, нервираме, бедираме за работите што не испразнуваат.
или
чашата е полу-полна...да се радуваме на тие работи што не исполнуваат...
епа сега одберете што ќе биде...
ПС
значи незнам ни на мене како ми текна ова ама ако мојата професорка по македонски го види ова одма ми става 5ка и не ме пипа после до крај на школска лол

маарко, поарно да не го гледа :vozbud::smir:
 
Пијам полна чаша наеднаш, не ја пуштам од рака додека не се испразни, а можда ни тогаш ако ми треба уште една.
А оваа твојава...оптичка илузија, празна е бе срцки.
Кога нема да биде, не ја истурај некаде накај егеј, пробај и полеј некое цвеќенце ;).
 
Првпат кога ми го направиа ,,тестот,, ми нацртаа ваква чаша и ме прашаа каква е? Јас реков полу-полна и тогаш трајно го докажав мојот оптимизам.:pos: И може да се каже дека секогаш кога мислам дека нешто ми недостасува, се присетувам на она што го имам како на не нешто што е малку, и оптимизмот goes on. Таква сум, подобро ми е да бидам задоволна со малку она што го имам одошто вечно незадоволна поради она што го немам или не можам да го постигнам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom