Цени на станови во Скопје? Колку се реални?

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување
Некако напумпани ми стојат цените. Очекувам едно 10% до 20% да паднат во следниве неколку години. Сепак оние станови на добра локација не верувам дека нешто значајно ќе изгубат од цената.
 
Не се реални евтини се според мене, на кого не му чини да си се врати во селото од баба му или дедо му :tapp:.
сте полуделе сите. па кај баба и дедо во ,селото е подобро . лугето во големите градови во правите метрополи ,,како Скопјето си живеат надвор во перифериите
 
Може и така да биде само малку ми е чудно секаде по светот становите кои се наоѓаат најгоре се нај скапи и по правило цели спратови се на еден човек, демек си на помирно имаш панорама романтика...... ама тоа е таму некаде на запад каде секој си ги подмирува давачките и имаат по повеќе лифтови на располагање,а не како кај нас на оние од приземје не им требал лифт на тие најгоре не им требала чистачка и така и во ѓубре до коленици и по темни скали и без лифт

Да ама да живееш на 50 кат, 10 минути со лифт да се качуваш а да не кажам ти се расипе лифтот и ќе се качуваш 40 минути нагоре :) плус многумина одбегнуваат да се на повисоку спратови од многу безбедносни причини, не е сеедно да си на 50 кат и да тресеш чаршав низ тараса :),или нели фобии,притисоци и др..[/quote]

Недај боже да има пожар. Си ги видел ли возилата со кој се гасат пожари во МКД?
 
Да ама да живееш на 50 кат, 10 минути со лифт да се качуваш а да не кажам ти се расипе лифтот и ќе се качуваш 40 минути нагоре :) плус многумина одбегнуваат да се на повисоку спратови од многу безбедносни причини, не е сеедно да си на 50 кат и да тресеш чаршав низ тараса :),или нели фобии,притисоци и др..

Недај боже да има пожар. Си ги видел ли возилата со кој се гасат пожари во МКД?

Па нема ваљда еден лифт да има во 50катница.
 
Цени на станови за кои е договорен изграбда во Скопје според ДЗС по години (ден/м2)

2008 56227
2009 56795
2010 64127
2011 58958
2012 58687
 
Цената на становите во слободен пад!

stanovi-3813-1-564x272.jpg

Цената на становите во земјава се движи со забрзан пад, констатира Народната банка во извештајот за првиот квартал годинава. Во него, како причини за намалувањето на цените се наведуваат завршените градежни работи на многу станбени згради и улогата на странските инвестиори во градежништвото
Индексот на цените на становите бележи забрзан пад од 2,1% во првиот квартал годинава и истиот незапирливо паѓа уште од првите три месеци од минатата година. Народната банка констатира дека лани, во периодот октомври – декември, падот на цената на становите на годишна основа изнесувал 3,5%, додека во првиот квартал годинава тој се зголемил на 5,5%.
 
какво намалување бе брат? Во Велес со години нема поевтинување на становите само се ѕидаат цените и што е најстрашно и она што највеќе ме нервира кога ќе ги прашам на што се должи така високата и нереална цена кога станот е стар повеќе од 25 год. и нема направено ниту една поголема интервенција одма почнува да тепка и по малку како од пушка затоа што толку оделе или последниот што ми одговори дека комшијата од први кат го продал Х евра а неговиот оти бил на приземје одма >15% , а тоа што тој што беше погоре имал сменето електрична и водоводна инсталација, влезна врата, тазе обелено, ПВЦ дограма и ролетни ... одма да се вселиш, никаде не го става како мана на неговиот.
И се повеќе мислам дека е голема вистина она што го прочитав на едно место пред некое време ДЕКА ЦЕНАТА НА СТАНОТ СЕ ОДРЕДУВА ПО ПРИНЦИПОТ КОЛКУ ПАРИ МУ ТРЕБААТ НА ПРОДАВАЧОТ а никако по некоја реална методологија.
 
Не знам кој друг принцип го сакаш освен тој.Он го поседува станот он би требало да си стави каква цена сака.Ако не или барај на друго место или напрај си куќа.Секако и ти си ги оценуваш своите работи по како мислиш ти дека треба да чинат.
 
можеби и ти си во право но секој со своето мислење нели?
:)
 
И се повеќе мислам дека е голема вистина она што го прочитав на едно место пред некое време ДЕКА ЦЕНАТА НА СТАНОТ СЕ ОДРЕДУВА ПО ПРИНЦИПОТ КОЛКУ ПАРИ МУ ТРЕБААТ НА ПРОДАВАЧОТ а никако по некоја реална методологија.

Епа брат, земи откупи земјиште за зграда, направи зграда со 20-30 стана и продај ги по цена колку што тебе ти требаат пари.
Очигледно во Велес нема доволно понуда, во Скопје од друга страна има преголема понуда од побарувачка и затоа цените паѓаат.
 
Реални се цените. Има станови и по 600 евра за метар квадратен ама кога ќе го купиш мора да се реновира, паркетот уништен, плочките во купатило и кујна од оние старите, исто и стари прозори и врати, претесна кујна или купатило па мора да се рушат зидови, нема гаража, се наоѓаат на 10-15 кат... итн Плус 20.000 евра за реновирање и мебел.

А оние од 900-1000 за метар квадратен ја опрвдуваат цената, се наоѓаат одлична локација и некои се нови и опремени со се, имаат сопствено парно, гаража,.. итн
Подобро би купил од оние новоизградените по 1000 евра за метар квадратен од 60 метри квадратни и со сопствена гаража во населбите околу водно, отколку некој стар стан на 10 кат па макар би бил и 90 метри квадратни.
 
Колку што се реални, толку и не се..., за во Чаир реални се, но за на Водно и сите останати населби на Водно не се реални, премногу скапо е :)
 
Vo Kavadarci m2 bilo 600 e.Ako ima nekoj od Kavadarci neka potvrdi ili neka negira..
Se prasuvam zarem vo stanovive vo Skopje ima zlatni pracki umesto armatura,sto e tolku visoka cenata po m2!?:notworthy:
 
Цената е тука некаде
Цената во Ск е заради локацијата, не може иста фирма да гради во Чаир, Бутел или Ѓорче и цената да биде 500-700Е, а на Водно или Центар 1000Е па нагоре. Фирмите м2 ги чини 300Е, се друго е заради локацијата. Исто така доста чудно е што скопје наместо да се шири тоа се згустува со нови згради во централното подрачје, се ми чини дека има некоја спрега меѓу власта и градежниците, првите да не прават добра инфраструктура, а вторите да можат да набијат цена на м2 во центарот на скопје, пред се поради изговорот во центар се ти е блиску.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom