И така ја завршив и оваа игра. Задоволен сум, ама не ме воодушеви многу, па нема да пишувам детална анализа.
Играта е подобрена MW2. Изиграле на истата формула и има линеарност до немајкаде во некои нивоа. Во некои од нив компензирале со акцијата ама па други се тапа. Имаше некои послободни нивоа ама кратко траеше слободата. Ништо од военото чувство. Во WaW какви војни се прикажани а овде слабо. И таму имаше слобода да се кријаш, да направиш јуриш и да слушниш како ти просвирува оловото, да појдиш од лево или од десно. Го нема тоа овде.
Овде повеќе на stealth свртеле, нема војна, ама пак и тоа е сето автоматски, линеарно. Притисни на едно копче и сѐ сам прави, или пак ти вика убиј го тој и тој така и така и нема друга алтернатива.
Некои од глупавите нивоа беа буквално ова на сликчево:
Значи акцијата е земена од MW2 и подобрена, стелтот од MW (MW2 скоро и да немаше стелт) и адаптиран да биди ептен линеарен и вметнати многу пресечни неигрви сцени. Визуелно играта изгледа многу добро ама делува некако статично оти не употребиле некои посебни светлосни и колоритни ефекти како во WaW. Такви има само во сцените со визиите кои се неигриви.
Приказната е добар трилер. Оценка, па некоја си 8ка.