Call of Duty: Black Ops

  • Креатор на темата Креатор на темата Ficiani
  • Време на започнување Време на започнување
Во менито кога седам на столчето кликам на наизменично на пук и нишан на џојстик и станува од столот. Одам позади столот има комјутер пишам DOA и се уклучува.


Премногу е заразно стигнав до 18 лвл :) Ама за на пц барам како е незнам....

Симни си ја ALIEN SWARM преку STEAM бесплатна е, од VALVE, ваква е, овој гејмплеј.
 
Симни си ја ALIEN SWARM преку STEAM бесплатна е, од VALVE, ваква е, овој гејмплеј.

Да не се лажеме, ама срање е овој гејмплеј на PC. Немаш појма колку е боље на два аналози истово, со маус не можеш да центрираш ко човек. : )
 
Јас еднаш ја „свртев“ и се` си беше во ред. Почнав пак да ја играм, сега сецка КОРНЕ!

- Broo пачот кајмене многу помогна. Од кога го ставив пачот, играва не сецна. - Само на моменти ќе сецне ама не се приметува :)
 
Три совети за повисок фрејмрејт.
1. Ставете го пачот
2. Одте во Black ops\players\ и отворете го config.cfg и config_mp.cfg со текстуален едитор и најдете го seta r_multithreaded_device "0" и сменете го во 1
3. Исклучете vsync. Внатре во играта опции>Graphics>Sync every frame: OFF.
Vsync е за тие со ептен јаки комјутери што имат вискок фрејмрејт, па од тоа што е висок се појавува tearing, прекршена, раскината слика по хоризонтални линии, па на едниот дел гледаш една слика (еден флејм), на другиот друга. Цела мисија поминав, не забележав такво „раскинување“ на сликата.
 
Едно не ми е јасно, Како може играва да нема лаг на конфигурација послаба од мојата, истата игра (инсталациски) е инсталирана и на двата компјутера...

Читај
 
Врти сучи си го вклучив назад vsync, скоро ништо не менува. Вака така си имам фрејмрејт 30-40 на повеќе од FullHD резолуција се на макс.
А вторана мисија, Вортука, ептен јака. Линеарна ама јака, е онака се прави линеарно ниво.
На моменти се чувствував како Дјук Нукем, Џејмс Бонд, Индијана Џонс, Терминатор, и уште некој од овие баткиве.
 
Од текногодс има Лоадер за МР, не се игра на интерент.. туку против ботови. Сега баш играм, Gun Game ми е најјако :vozbud:
 
Абе игра некој зомби? До лвл стигнавте јас до 12 и хаос е после :)
 
Во менито кога седам на столчето кликам на наизменично на пук и нишан на џојстик и станува од столот. Одам позади столот има комјутер пишам DOA и се уклучува.


Премногу е заразно стигнав до 18 лвл :) Ама за на пц барам како е незнам....
Ќе треба да се проба ова со повеќе играчи :)
 
И така ја завршив и оваа игра. Задоволен сум, ама не ме воодушеви многу, па нема да пишувам детална анализа.
Играта е подобрена MW2. Изиграле на истата формула и има линеарност до немајкаде во некои нивоа. Во некои од нив компензирале со акцијата ама па други се тапа. Имаше некои послободни нивоа ама кратко траеше слободата. Ништо од военото чувство. Во WaW какви војни се прикажани а овде слабо. И таму имаше слобода да се кријаш, да направиш јуриш и да слушниш како ти просвирува оловото, да појдиш од лево или од десно. Го нема тоа овде.
Овде повеќе на stealth свртеле, нема војна, ама пак и тоа е сето автоматски, линеарно. Притисни на едно копче и сѐ сам прави, или пак ти вика убиј го тој и тој така и така и нема друга алтернатива.

Некои од глупавите нивоа беа буквално ова на сликчево:
BITmX.jpg


Значи акцијата е земена од MW2 и подобрена, стелтот од MW (MW2 скоро и да немаше стелт) и адаптиран да биди ептен линеарен и вметнати многу пресечни неигрви сцени. Визуелно играта изгледа многу добро ама делува некако статично оти не употребиле некои посебни светлосни и колоритни ефекти како во WaW. Такви има само во сцените со визиите кои се неигриви.
Приказната е добар трилер. Оценка, па некоја си 8ка.
 
ЛЕле народе на зомбите стигнав до лвл 17 соло и тоа сам како будала. Колку е добро со зомбиве смислено ЧИСТА 10-ка од мене. Од палење до струја до напивки за живот едноставно прекрасно. Можеа слободно да ја продаваат како посебна игра.
 
ЛЕле народе на зомбите стигнав до лвл 17 соло и тоа сам како будала. Колку е добро со зомбиве смислено ЧИСТА 10-ка од мене. Од палење до струја до напивки за живот едноставно прекрасно. Можеа слободно да ја продаваат како посебна игра.

Пробај ја "Five" стазата, ептен е добра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom